Commons:Deutsche Fotothek/mk
Deutsche Fotothek на други јазици:
|
На 31 март, Германската фототека (Deutsche Fotothek) и Викимедија Германија ги најавија деталите за меѓусебна соработка на заедничка конференција за печат. Најистакнатиот аспект од оваа соработка претставува објавувањето на околу 250.000 слики од страна на фототеката под лиценцата Creative Commons cc-by-sa 3.0 и нивното подигање на Ризницата.
Информации за фотографиите
editСликите се подигнуваат со ботот FotothekBot и се поставуваат во категоријата Category:Images from the Deutsche Fotothek. Фотографиите се со резолуција од (приближно) 800x600. Меѓутоа во иднина за некои слики можеме да побараме и повисоки резолуции од Покраинската и универзитетска библиотека Дрезден (SLUB).
Соопштение за печат
editИНФОРМАЦИИ ЗА ПЕЧАТ
Берлин, 31 март 2009 г. Meeting Point Wikipedia
Склучен договор за соработка со една од најголемите библиотеки.
Како правата германска библиотека, Покраинската библиотека на Саксонија - Покраинската и универзитетска библиотека на Дрезден (SLUB) склучи договор за меѓусебна соработка со Викимедија Германија. Како прв чекор, Германската фотографска збирка на SLUB става на располагање околу 250.000 слики (податотеки) од сопствениот склад за слободна употреба на Ризницата, која е братски проект на Википедија.
Фотографиите, ним соодветните описи и останатите метаподатоци ќе бидат подигнати на Ризницата во текот на претстојните месеци од страна на доброволци на Викимедија, а потоа ќе се поврзат, чекор по чекор, со податоците за лична идентификација и релевантните статии на Википедија. Покрај ова, метаподатоците преземени од Германската фототека можат да се обогатуваат, коментираат и дополнуваат со географски детали од страна на корисници на Википедија. Сите резултати од овој потфат ќе се враќаат и во базата на податоци на Германската фототека. На овој начин, и SLUB ќе има директна полза од оваа нова соработка.
За сликите не постојат никакви права на трети лица кои би ја попречувале нивната употреба под слободата лиценца „Creative Commons BY-SA 3.0“. Оваа соработка, во зборовите на Д-р Јенс Бове, директор на Германската фототека, ќе го „зголеми публицитетот и досегот на фотографските богатства на Германската фототека“. Истовремено, SLUB јасно сведочи за поддршката на меѓународната Иницијатива за отворен пристап, која се залага за отворен пристап кон научни информации. „Соработката помеѓу една од најголемите научни библиотеки во Германија и Викимедија и заедничката мултимедијална Ризница претставува уште еден важен чекор кон слободната расположливост на знаењето.“, објаснува Себастијан Молески, директор на Викимедија Германија.
„Затоа оваа соработка е претставува одличен пример за стратегијата на Викимедија со која таа се залага за слободен пристап кон знаењата на човештвото за секого шиум целиот свет“, Слободен пристап кон информации, е најважното мото и на политичката агенда на Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и установи (IFLA). Претседателот на IFLA, Проф. Д-р Клаудија Лукс, која истовремено е и Генерален директор на Централната и покраинска библиотека на Берлин, изразува големо задоволство за соработката помеѓу SLUB и Викимедија: „Оваа соработка им овозможува на многумина ширум светот да користат библиотечни ресурси и така да ги прошират сопствените знаења. Тоа е од корист за секого!„
Пријавување грешки
editВо печатот
edit- Соопштение за печат, Deutsche Fotothek, 31 март 2009.
- Еволуцијата на Википедија одбележана со огромна донација од Германија Slashdot
- 250.000 Фотографии за Викимедија Linux Magazin
- 250.000 нови слики за Википедија под слободна лиценца Die Presse
- Викимедија: Надеж за понатамошна соработка со архиви Heise
- Википедија добива 250.000 слики од Германската фототека Golem
- Слики од Фототеката на Дрезден Deutsche Presse Agentur
- Фототеката објавува 250.000 фотографии на Википедија Bild.de