Јошинори Осуми
Јошинори Осуми (јапонски: 大隅 良典 ); (Фукуока, 9 февруари 1945) – јапонски цитолог, специјалист по автофагија, професор на Токискиот институт за технологија. Во 2012 година ја добил наградата Кјото за базични науки[1], а во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговото откритие на механизмите на автофагија[2][3].
Јошинори Осуми 大隅 良典 | |
---|---|
Јошинори Осуми | |
Роден(а) | 9 февруари 1945 Фукуока, Јапонија |
Националност | јапонска |
Полиња | цитологија |
Установи | Токиски технолошки институт |
Образование | Универзитет во Токио |
Познат по | автофагија |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (2016) |
Животопис
уредиЈошинори Осуми е роден на 9 февруари 1945 година во Фукуока, Јапонија.
Образование
уредиНа универзитетот Токио Осуми дипломирал во 1967, а докторирал во 1974 година. Од 1974 до 1977 година бил на постдокторски студии на универзитетот Рокфелер во Њујорк.
Кариера
уредиВо 1977 година се враќа на универзитетот Токио како истражувач; во 1986 е назначен за предавач, а во 1988 е промовиран во вонреден професор. Во 1996 година преминал на Националниот институт за базична биологија во Оказаки, Јапонија, каде бил назначен за професор. Од 2004 до 2009 година бил исто така професор на Универзитот за напредни студии во Хајама, Јапонија. И после пензионирањето во 2014 година, тој продолжува да предава на Институтот за иновативно истражување на Токискиот институт за технологија.
Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за своето откритие на механизмите за автофагија.
Награди
уредиНаводи
уреди- ↑ Lawrence Biemiller, "Kyoto Prize Is Awarded to 3 Scholars" The Chronicle of Higher Education Nov. 10, 2012 [1]
- ↑ Јапонскиот научник Јошинори Осуми добитник на Нобеловата награда за медицина[мртва врска]
- ↑ „The Nobel Prize in Physiology or Medicine 2016“. The Nobel Foundation. 3 October 2016. Посетено на 3 October 2016.
- ↑ „Yoshinori Ohsumi wins Nobel prize in medicine for work on autophagy“. The Guardian. Посетено на 3 October 2016.
- ↑ „Yoshinori Ohsumi“. Kyoto Prize. Посетено на 3 October 2016.
Надворешни врски
уредиСколија има авторски профил за Јошинори Осуми. |