Ајдахо
Ајдахо е сојузна држава во САД. Најголемиот град на државата, а воедно и главниот, е Бојси. Ајдахо е примена во сојузот на 3 јули 1890 г, како 43-та држава.
Ајдахо State of Idaho | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | Англиски [1] | ||||||||||
Главен град | Бојси | ||||||||||
Најголем град | Бојси | ||||||||||
Површина | 14. место | ||||||||||
- Вкупно | 216 632 км² | ||||||||||
- Широчина | 491 км | ||||||||||
- Должина | 771 км | ||||||||||
- % вода | 0,98 | ||||||||||
- Гео. ширина | 43.19 N до 49° N | ||||||||||
- Гео. должина | 112.35′ W до 117°15′ W | ||||||||||
Население | 39. место | ||||||||||
- Вкупно | 1 293 953 | ||||||||||
- Густина | 6,04/км² (44. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Врв Бора[1] 3 862 м | ||||||||||
- Најниска точка | Река Снејк[1] 217 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 3 јули 1890 (43) | ||||||||||
Гувернер | Буч Отер (Р) | ||||||||||
Сенатори | Лери Крег (Р) Мајк Крапо (Р) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовни појаси | |||||||||||
- северно од реката Салмон | Тихоокеанска: UTC−8/−7 | ||||||||||
- останатиот дел | Планинска: UTC 7/ 6 | ||||||||||
Кратенки | ID US-ID | ||||||||||
Портал | www.idaho.gov/ |
Ајдахо е претежно планинска држава. Таа е затворена од сите страни, односно опколена со државите Вашингтон, Орегон, Невада, Јута, Вајоминг, Монтана и Канадска провинција од Британска Колумбија. Како и да е, мрежата од брани на реките Колумбија и Снејк го прават градот Левистон најдалечно пристаниште, кое не се наоѓа на море или океан, во западниот брег на Соединетите Држави.
Според „Бирото за Попис на САД“, во 2009 популацијата на Ајдахо била проценета на 1,545,801.[2] Поштенската кратенка на државата е „ID“. Прекарот на Ајдахо е „Држава-дијамант“ бидејќи отприлика секој познат дијамант е најден тука.[3] Оваа држава е едно од вкупно двете места во светот каде што може да се пронајде минералот гранат (другото место се Хималаите во Индија). Мотото на државата е Esto Perpetua (латински за „Нека биде засекогаш“)
Ајдахо е четиринаесеттата најголема држава во САД според површина.
Потекло на името
уредиТочното потекло на името останува мистерија.[4] Во раните 1860-ти, кога конгресот на соединетите држави ја разгледувал можноста за организирање на нова територија во планините Роки, ексцентричниот лобист Џорџ М. Вилинг го предложил името „Ајдахо“, за кое тој твдел дека доаѓа од јазикот Шошони и значи „сонцето доаѓа од планините“ или „дијамантот на планините“. Вилинг подоцна тврдел дека името го измислил тој.[5][6] На крајот конгресот одлучил да ја именува областа како Територија Колорадо, кога била создадена во февруари 1861. Мислејќи дека ќе го добијат името кое го посакувале, месните жители именувале заедница во Колорадо како „Ајдахо Спрингс“.
Истата година кога конгресот ја создаваше Територија Колорадо, во источниот дел на Територија Вашингтон беше создадена област наречена „Округот Ајдахо“. Земјата била именувана според брод на пареа наречен ‘’Ајдахо’’ кој бил шуштен во реката Колумбија во 1860. Сè уште е нејасно дали бродот бил така наречен пред или по откривањето на тврдењето на Вилинг. Без разлика, дел од Територијата Вашингтон, вклучувајќи го и „Округот Ајдахо“, беа искористени за да се создаде Територијата Ајдахо во 1863.
И покрај недостатокот на докази за потеклото на името, многу писатели во 20 век го повторуваат како факт твдењето на Вилинг за името Ајдахо кое потекнува од Шошонскиот израз „ee-da-how“.
Географија
уредиГраниците на Ајдахо се составени од шест сојузни држави и една канадска провинција. Државите Вашингтон и Орегон се наоѓаат на запад, Невада и Јута се на југ и Монтана и Вајоминг се на исток. Пејзажот е солиден вклучувајќи некои од најголемите недопрени природни области во САД. На пример, 9,300 км² заштитената област „Frank Church-River of No Return Wilderness Area“ е најголема од заштитените диви области во САД. Може да се каже дека Ајдахо е држава на планината Роки со напуштени природни ресурси. Државата има планински масиви кои се покриени со снег, огромни езера и стрмни кањони. Водата од реката Снејк тече низ кањонот Хилс кој е најдлабокиот во САД.
Шошонските водопади паѓаат надолу низ нерамни карпи од височина која е поголема и од онаа на Нијагарините водопади. Поголемите реки во Ајдахо се реките Снејк, Кларк Форк, Пенд Орил, Клиарвотер и реката Салмон. Други значајни реки се Кер Далин, Спокен, Бојси и реката Пеиет. Реката Салмон се празни во реката Снејк во Хилс кањонот и тука ја формира јужната граница на областа Нез Пирс, каде што Левистон е седиштето на градот.[7] Највисоката точка во Ајдахо е врвот Бора (3,859 метри) во Лост Ривер Ренџ, северно од Макаи. Најниската точка во Ајдахо (216 метри) се наоѓа во Левинстон каде што реката Клиарвотер се влева во реката Снејк и продолжува во Вашингтон. Соутут масивот често се смета како најпознат планински масив во Ајдахо.[8] Меѓу другите планински масиви во оваа држава се вклучени Битеррут, Вајт Клауд планините, Лост Ривер, Клиарвотер и планините до Салмон реката.
Јужно Ајдахо, вклучувајќи ја и метрополитенската област Бојси, Ајдахо Фолс, Покатело и Твин Фолс се во планинската часовен појас (законодавниот необичен случај (15 U.S.C. ch.6 §264) теоретички го смести овој регион во централната часовен појас, но оваа грешка беше поправена со амандман од 2007.)[9] Регионите северно од реката Салмон, меѓу кои Кер Далин, Москоу, Левистон и Сендпоинт се наоѓаат во тихоокеанската часовен појас.
Клима
уредиАјдахо има многу варијации во неговите климатски услови. Иако западната граница на државата се наоѓа на 560км раздалеченост од тихиот океан, сепак, поморското влијание може да се почувствува, особено во зима кога покривката од облаци, влажноста и врнежите го достигнуваат својот највисок интензитет. Ова влијание, сепак, нема голем ефект како што би се очекувало за северна држава со голема надморска височина.[10] Поморското влијание е најмало во југоисточниот дел од државата каде што врнежите се поретки, со влажни лета, суви зими и поекстремни разлики во сезонските температури, покажувајќи поконтинентална клима.
Климата во Ајдахо може да биде топла, иако подолги периоди за температура околу 38 C° се ретки со исклучок на најниската надморска височина, Левистон, каде може да се види понекогаш и малку снег. Жешките летни денови се ублажени со ниска релативна влажност и поладни попладневни часови во текот на летните месеци како и во повеќето држави каде што највисоките разлики во температурата можат да се приметат во лето. Зимата може да биде ладна иако подолги периоди на ладно време под нулата се ретки. Ова е тоа што придонесе железничкиот тајкун, фамилијата Херимен, да развие еден од најпознатите ски центри, „Sun Valley“ (долина на сонцето).
Нормални високи и ниски месечни температури за различни градови во Ајдахо. (F) | ||||||||||||
Град | јан | веф | мар | апр | мај | јун | јул | авг | сеп | окт | ное | дек |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бојси | 37/24 | 44/29 | 54/34 | 62/39 | 71/47 | 80/54 | 89/60 | 88/60 | 77/51 | 64/41 | 48/32 | 37/24 |
Левистон | 39/28 | 46/31 | 54/36 | 62/41 | 70/47 | 78/54 | 88/59 | 88/59 | 77/51 | 62/41 | 47/34 | 39/28 |
Покатело | 32/16 | 39/21 | 48/27 | 58/33 | 68/39 | 78/46 | 88/51 | 87/50 | 76/42 | 62/33 | 44/25 | 34/17 |
[2] Архивирано на 5 јули 2007 г. |
Езера
уреди- Алтурас
- Биар
- Хаиден
- Езерото на Хенри
- Хиден
- Езеро Каскади
- Езеро Кер Далин
- Ловел
- Волкот
- Пеити (Мек Кал)
- Пен Ореил
- Литл Редфиш
- Петит
- Прист
- Редфиш
- Соутут
- Стенли
- Варм
- Вилијамс
Историја
уредиЛуѓето може да се присутни во областа на Ајдахо 14.500 години. Ископувањата во пештерата Вилсон Бјути, во близина на Твин Фолс, во 1959 откриле докази за човечка активност, вклучувајќи ги стрелките кои се рангираат меѓу најстарите артефакти во Северна Америка. Индијанските племиња биле доминантни во овие предели, вклучувајќи ги Нез Пирс на северот и Северните и Западните Шошони на југот.
Ајдахо, како дел од земјата Орегон, бил поседуван и од САД и од Велика Британија сè додека САД не доби неспорна надлежност во 1864. Од 1843 до 1849 Ајдахо бил, де факто, под надлежност на привремената влада на Орегон. Кога Орегон стана држава, она што е сега Ајдахо е тоа што остана од оригиналната Територија Орегон која не била дел од државата и била определена како Територија Вашингтон.
Помеѓу тоа време и времето кога е создадена Територијата Ајдахо, на 4 јули 1863 во Левистон, делови од оние денеска кои се под Ајдахо биле под териториите на Орегон, Вашингтон и Дакота. Во новата територија биле вклучени Монтана, поголемиот дел од Вајоминг и она што е денес Ајдахо. Во експедицијата на Левис и Кларк, тие го поминале Ајдахо во 1805 на патот кон Тихиот Океан и во 1806 при враќањето, поголемиот дел го поминале следејќи ја реката Клиарвотер во двете насоки. Првата автохтона населба била „Kullyspell House“, основана на брегот на езерото Пенд Орил за трговија со крзно од страна на Дејвид Томпсон, од компанијата „North West Company“.[11][12] Во 1812, Доналд Мекензи, кој во тоа време работел за компанијата за крзно „Pacific Fur Company“, основал пошта во долниот тек на реката Клиарвотер, во близина на денешен Левистон. Поштата, позната како „MacKenzie’s Post“ или „Clearwater“, функционирала сè додека „Pacific Fur Company“ не била купена од „North West Company“ во 1813, по што била напуштена.[13][14] Првите обиди да се организираат заедници, во склоп на денешните граници на Ајдахо, биле реализирани во 1860.[15][16] Првата постојана, суштински вградена заедница, била Левистон во 1861.
После неколку судења како територија, вклучувајќи го илегалниот и хаотичниот трансфер на територијалниот капитал од Левистон во декември 1864, во Бојси во јануари 1865 г, обеззаконувањето на мормонската полигамија поттпомогнато од врховниот суд на САД во 1877[17] и федералниот обид да се подели територијата помеѓу Територија Вашингтон, која се здоби со државност во 1889 - една година пред Ајдахо, и државата Невада, која била признаена како држава од 1863, територијата Ајдахо конечно ја добила својата државност во 1890. Економијата на државата, која примарно беше поддржана од металните руди, се свртела кон земјоделството, шумарски производи и туризам.
Во последните неколку години, Ајдахо ја прошири својата комерцијална база како туристичка и земјоделска држава за да ја вклучи науката и индустријата на нови технологии. Науката и технологијата станаа најголем економски центар (над 25% од вкупните приходи на државата) во рамките на државата што е поголемо од земјоделството, шумарството и рударството во заедничка комбинација.[18]
Демографија
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1870 | 14.999 | — |
1880 | 32.610 | +117.4% |
1890 | 88.548 | +171.5% |
1900 | 161.772 | +82.7% |
1910 | 325.594 | +101.3% |
1920 | 431.866 | +32.6% |
1930 | 445.032 | +3.0% |
1940 | 524.873 | +17.9% |
1950 | 588.637 | +12.1% |
1960 | 667.191 | +13.3% |
1970 | 712.567 | +6.8% |
1980 | 943.935 | +32.5% |
1990 | 1.006.749 | +6.7% |
2000 | 1.293.953 | +28.5% |
2010 | 1.567.582 | +21.1% |
Во 2005 dr\avata Ајдахо имала проценета популација од 1,429,096, што е пораст од 33,956 или 2.4% во однос на претходната година или, пак, пораст од 135,140, одсносно 10.4%, во одснос на 2000. Ова го вклулчува и природниот пораст, од последниот попис, од 58,884 луѓе (тоа е 111,131 раѓања минус 52,247 умирања) и порастот од миграциите од 75,795 луѓе во државата. Има голем број на Американци со Англиско и Германско потекло во Ајдахо. Mиграциите надвор од САД резултирале со пораст од 14,522 жители и миграциите во склоп на земјата придонеле за пораст од 61,273 жители. Ова ја направи Ајдахо шеста најбрзо растечка држава после Аризона, Невада, Флорида, Џорџија и Јута.
Нампа, вториот град по големина во државата, во последните години искуси силен пораст. Според проценките на пописот, Нампа има пораст од 22.1% до приближно 65,000 жители помеѓу 2000 и 2003. Во 2007 популацијата во Нампа се покачила на 84,000. Пораст од 5% или повеќе, во истиот период, бил забележан и во Колдвел, Кер Далин, Меридиан, Пост Фолс и Твин Фолс.[20]
Од 1990, популацијата на Ајдахо пораснала за 386,000 (38%)
Метрополитенската област Бојси е најголемата област од ваков вид во Ајдахо. Други метрополитенски области според големина се Кер Далин, Ајдахо Фолс, Покатело и Левистон.
Најголемиот број на луѓе во Ајдахо со странско потекло се: Германци (18,9%), Англичани (18,1%), Ирци (10%), Американци (8,4%), Норвежани (3,6%) и Швеѓани (3,5%).
Религија
уредиСпоред извештај направен од „Pew Forum on Religion & Public Life“ самоидентификуваната религиозна припадност на жителите на Ајдахо над 18 години во 2008 е:[21]
Верска исповед | % |
---|---|
Мормони | 23 |
Евангелисти | 22 |
Католици | 18 |
Неопределени | 18 |
Протестанти | 16 |
Други вери | 2 |
Јеховини сведоци | 1 |
Православни | <0.5 |
Други Христијани | <0.5 |
Евреи | <0.5 |
Муслимани | <0.5 |
Будисти | <0.5 |
Хиндуисти | <0.5 |
Останатиот свет | <0.5 |
Не знаат/одбиле | <0.5 |
Стопанство
уредиБруто-домашниот производ за 2004 беше $43.6 милјарди американски долари. Приходот по глава на жител за 2004 беше $26,881 американски долари. Ајдахо е важна земја на земјоделството, произведувајќи приближно една третина од доматите во САД. Сите три врсти на жито, „ Dark Northern Spring“, „Hard Red“ и „Soft White“ се одгледуваат во државата. Нез Пирс се смета за главно место за производство на видот „Soft White“.
Важни индустрии во Ајдахо се индустриите за преработка на храна, дрво и производи од дрво, машини, хемиски производи, производи од хартија, производство на електроника, сребро и други рударски производи и туризмот. Најгломата фабрика за произвоство на барел сирење, суров производ чија преработка води кон сирењето како финален производ, е сместена во Гудинг, Ајдахо. Има капацитет од 120,000 метрички тони на годишно ниво за барел сирењето и припаѓа на групата фабрики „Glanbia“.[22] Националната Лабораторија во Ајдахо (INL), владина лабораторија за истражување на јадрена енергија, е исто така важен дел од источната економија на Ајдахо. Ајдахо, исто така, е дом на три објекти на „Anheuser-Busch“, кои обезбедуваат голем дел на слад за пиварите низ САД.
На локално ниво, различни индусрии се важни. Рекреацијата на отворено е чест пример при голем број на моторни санки и ски области во Левистон, сувата клима преку цела година и една од најниските брзини на ветерот, заедно со големиот број на реки, овозможуваат широк спектар на активности.
Денес најголеми индустрии во Ајдахо се научната и секторот за технологија. Тие учествуваат со над 25% од вкупниот приход на државата и 70%+ во извозот на државата (во долари). Индустриската економија во Ајдахо е во пораст, со високо развиени производи кои придонесуваат до тоа. Од крајот на 1970-те, Бојси произлезе како центар на производство на полупроводници. Бојси е домот на „Micron Technology Inc.“, единствениот производител на DRAM чипови во САД. Ова компанија едно време произведувала лични сметачи, но со многу ограничен успех. „Hewlett-Packard“ функционира со голема фабрика во Бојси уште од 1970-те која е првенствено посветена на производството на „LaserJet“ печатачите.[23] Уште многу други интернационални компании имаат поставено седишта во Ајдахо меѓу кои и „Sun Microsystems“ (сега дел од „Oracle Corporation“) има две канцеларии во Бојси и складиште во Покатело. Оваа корпорација носи $4 милиони американски долари во годишни плати и $300 милиони долари во приходот на државата.
Државниот персонален данок на доход се движи од 1,6% до 7,8%. Жителите на Ајдахо можат да аплицираат за државни даночни олеснувања за платени даноци на друга држава, како и за донации во образовните ентитети и некои млади непрофитни или рехабилитациони објекти во Ајдахо.
Државниот данок на промет е 6% со многу лимитирана и селективна локална опција за покачување на 6.5%. Данокот на промет важи за продажба, изнајмување или лизинг на материјална лична сопственост и некои услуги. Храната се одданочува, но рецептите за лекови не. Хотелите, мотелите и камповите се одданочуваат со повисока стапка (7% до 11%). Некои јурисдикции наметнуваат локална опција за данокот на промет.
Ајдахо има државна лотарија која придонесе $333,5 милиони при плаќањата на сите јавни училишта во државата, а исто така придонесе и при трошоци во високото образование од 1990-2006.[24]
Енергија
уредиНа енергетско ниво, Ајдахо има поволна земја за развој на обновливи енергетски системи. Државата е богата со обновливи извори на енергија, но има лимитирани ресурси на фосилни горива. Масивот при реката Снејк и помали речни сливови го снабдуваат Ајдахо преку едни од најмоќните хидроелектрични брани во САД, исто така овој масив е геолошки активна област со значајна геотерманлна моќ и потенцијал на ветерна енергија. Овие места обезбедуваат поголем дел енергетскиот промет на државата.
Поголемиот дел од потрошената енергија во Ајдахо се увезува од други држави. Сметката за увоз на енергија е 80% од вкупната потрошувачка , вклучувајќи ги сите резерви за природен гас на Ајдахо. Конзумираниот електрицитет во Ајдахо во 2005, 48% е добиен од хидроелектричните централи, 42% е генериран при горење на јаглен и 9% е генериран при горење на природен гас. Остатокот потекнува од други обновливи извори како на пример ветерниците.[25]
Бројните речни сливови овозможуваат хидроцентралите да обезбедат 556 илјади мегават часови електрична енергија што изнесува три-четвртини од енергијата генерирана во Ајдахо. Државата Вашингтон го обезбедува поголемиот дел од природниот гас употребен во Ајдахо преку еден од двата поголеми гасоводни системи кои ја снабдуваат државата. Иако државата се потпира на надворешни извори во целосната употреба на природен гас, таа користи извори на гас за да генерира 127 илјади мегават часови или околу 10% од производството. Запалениот јаглен и малата низа на државни ветерни турбини го снабдуваат остатокот од државното електрично производство. Државата произведува 739 илјади мегават часови, но сепак има потреба од увоз на за да се задоволат условите.[26]
Употребата од 515 Бте трилиони на конзумација на енергија е релативно мало во споредба со останатите држави и претставува само 0.5% од целостана конзумација во САД. Ајдахо, исто така, ја поседува единаесеттата најмала популација во САД, односно 1,5 милиони жители, па конзумацијата на енергија по глава на жител од 325 милиони Бте засега е малку над националниот просек од 333 милиони Бте.[26] Како тринаесетта најголема држава по површина , далечината создава додатни проблеми при загуба на енергија. Кога далечината на далновод е удвоена, отпорноста на електричната енергија која поминува низ него е исто така удвоена.
Во прилог, Ајдахо го зафаќа шестото место на зголемување на популацијата во САД со очекувања за пораст на популацијата до 31% од 2008 до 2030.[27] Овој проектиран пораст на популацијата ќе донесе 42% зголемување на побарувачката до 2030. Со оглед на тоа што Ајдахо нема резерви на сурова нафта и има лимитирани набавки на природен гас, најреалниот метод на државата за пресретнување на зголемувањето на популацијата е да се развијат просторите со обновлива енергија или пак јадрена.[28]
Сообраќај
уредиПоголеми автопати
уредиАјдахо е меѓу ретките држави во САД без поголеми автопати кои ги поврзуваат двете најголеми метрополитски области на Бојси, на југот, и Кер Далин, на север. „US 95“ ги поврзува двата краја на државата, но како и многу други автопати во државата, има голема потреба од поправка и надградба. Во 2007, одделот за траспорт на Ајдахо изјави дека инфраструктурата на државните автопати се соочува со $200 милиони годишна потрошувачка за одржување и надградување. „Interstate 84“ е главниот автопат кој ги поврзува југоисточниот и југозападниот дел на државата, заедно со „Interstate 86“ и „Interstate 15“.
Север |
Север/Југ |
Запад/Исток | Southwest |
Воздухоплоство
уредиГолемите аеродроми во Ајдахо ги сочинуваат „Boise Airport“, кој му служи на југозападниот регион на Ајдахо, и „Spokane International Airport“ (сместен во Спокен, Вашингтон), кој служи на северниот регион на државата. Други аеродроми со редовни сервиси се „Pullman-Moscow Regional Airport“, кој служи на регионот Палос, аеродромот „Lewiston-Nez Perce Country Airport“, кој служи на долината Левис-Кларк и северно-централно Ајдахо, „Magic Valley Regional Airport“ во Твин Фолс, „Idaho Falls Regional Airport“ и „Pocatello Regional Airport“.
Железница
уредиАјдахо добива услуги од две транснационални железници. „Burlington Norhern Santa Fe (BNSF)“ го поврзува северно Ајдахо со Сиетл, Портланд и Спокен на западот и Минеаполис и Чикаго на исток. Железницата „Union Pacific Railroad“ поминува низ јужно Ајдахо патувајќи помеѓу Портланд, Грин Ривер и Огден, Јута и им служи на Бојси, Нампа, Твин Фолс и Пакатело. „Amtrak’s Empire Builder“ поминува низ северно Ајдахо со единствена станица во Сендпоинт. Во последниов период се врши притисок врз оваа компанија за своите услуги да ги пренесе и во јужниот дел на Ајдахо.
Пристаништа
уредиПристаништето во Левистон е наоддалеченото пристаниште од Тихиот Океан во западниот дел на САД. Реките Снејк Ривер и Колумбиа Ривер го олеснуваат товарот при транспортот од тука до Портланд.
Законот и влада
уредиДржавен устав
уредиУставот на Ајдахо е сличен како и националниот, со неколку додатоци. Уставот ја дефинира формата и функцијата на државната власт и може да биде променет преку плебисцит. Имено, сегашниот државен устав бара владата да го одржува балансот на буџетот. Како резултат на тоа државата има лимитиран долг (обврзници за изградба итн.)
Законикот на Ајдахо
уредиСите закони на државата Ајдахо се внесени во законикот на Ајдахо. Законот може да се променува преку државната законодавна власт со одобрение од гувернерот.
Државната управа
уредиУставот на Ајдахо предвидува три вида на власт, односно, извршна, законодавна и судска. Ајдахо има дводомен парламент кој е избран од 35 законодавни единици секоја вклучена со еден сенатор и два претставника. Ајдахо сè уште оперира со оригиналниот (1889) државен устав. Од 1946, на национално ниво, уставните офицери се бирани со четиригодишен мандат. Во нив се вклучени: гувернер, заменик гувернер, државен секретар, контролор (ревизор пред 1994), благајник, јавнен обвинител и надзорник за јавни инструкции.
Извршна власт
уредиГувернерот на Ајдахо отслужува четиригодишен мандат и се избира како и на национално ниво. Како таков, гувернерот не се избира во истата изборна година како и претседателот на САД. Сегашниот гувернер е републиканецот К. Л. „Бач“ Отер кој беше избран во 2006 и ре-избран во 2010.
Законодавна власт
уредиЗаконодавниот дом на Ајдахо е со скратено работно време. Како и да е, сесиите можат да бидат продолжени доколку е тоа потребно, а често и е. Поради ова, законодавците во Ајдахо се сметаат за „граѓани пратеници“, што значи дека нивната позиција како законодавец не им е претежна дејност. Мандатите на Сенатот и на Куќата на Претставниците се по две години. Законодавната власт на Ајдахо е континуирано контролирана од републиканската партија, уште од доцните 1950-ти, иако демократските законодавци се рутински избирани од Бојси, Покатело, Блеини Каунти и северен Панхендл.
Судска власт
уредиНајвисокиот суд во Ајдахо е Врховниот суд на Ајдахо. (анг.Idaho Supreme Court). Исто така, постои и интермедијарен апелационен суд.[29]
Административна поделба
уредиАјдахо е поделена на политички јурисдикции означени како земји. Од 1919 тука има 44 земји во државата, рангирани по големина од 1,062 до 22,020 квадратни километри.
Име на земја | Седиште | Година на основање | Популација, 2008 | Популација во % | Големина (м²) | Големина во % |
---|---|---|---|---|---|---|
АДа | Бојси | 1864 | 380,920 | 25.00 % | 1,060 | 1.21 % |
Адамс | Коунсил | 1911 | 3,499 | 00.23 % | 1,370 | 1.57 % |
Банок | Покатело | 1893 | 80,812 | 05.30 % | 1,147 | 1.31 % |
Биар Лејк | Парис | 1893 | 5,798 | 00.38 % | 1,049 | 1.20 % |
Бенефах | Сент Мерис | 1915 | 9,352 | 00.61 % | 784 | 0.90 % |
Бингам | Блекфут | 1885 | 43,903 | 02.88 % | 2,120 | 2.42 % |
Блеини | Хеили | 1895 | 21,731 | 01.43 % | 2,661 | 3.04 % |
Бојси | Ајдахо Сити | 1864 | 7,504 | 00.49 % | 1,907 | 2.18 % |
Бонер | Сендпоинт | 1907 | 41,168 | 02.70 % | 1,920 | 2.19 % |
Боневил | Ајдахо Фолс | 1911 | 99,135 | 06.51 % | 1,901 | 2.17 % |
Боундри | Бонерс Фери | 1915 | 10,962 | 00.72 % | 1,278 | 1.46 % |
Бјути | Арко | 1917 | 2,751 | 00.18 % | 2,234 | 2.55 % |
Камас | Феирфилд | 1917 | 1,126 | 00.07 % | 1,079 | 1.23 % |
Кенион | Колдвел | 1891 | 183,939 | 12.07 % | 604 | 0.69 % |
Карибоу | Сода Спрингс | 1919 | 6,826 | 00.45 % | 1,799 | 2.06 % |
Касиа | Бурлеи | 1879 | 21,348 | 01.40 % | 2,580 | 2.95 % |
Кларк | Дубоис | 1919 | 910 | 00.06 % | 1,765 | 2.02 % |
Клиарвотер | Орофино | 1911 | 8,176 | 00.54 % | 2,488 | 2.84 % |
Кјустер | Челис | 1881 | 4,254 | 00.28 % | 4,937 | 5.64 % |
Елмор | Маунтеин Хоум | 1889 | 28,997 | 01.90 % | 3,101 | 3.54 % |
Френклин | Престон | 1913 | 12,454 | 00.82 % | 668 | 0.76 % |
Фримонт | Сент Ентони | 1893 | 12,551 | 00.82 % | 1,896 | 2.17 % |
Гем | Емет | 1915 | 16,513 | 01.08 % | 566 | 0.65 % |
Гудинг | Гудинг | 1913 | 14,295 | 00.94 % | 734 | 0.84 % |
Ајдахо | Гренџивил | 1861/1864 | 15,448 | 01.01 % | 8,502 | 9.71 % |
Џеферсон | Гирби | 1913 | 23,860 | 01.57 % | 1,106 | 1.26 % |
Џероми | Џероми | 1919 | 20,468 | 01.34 % | 602 | 0.69 % |
Кутенаи | Кер Далин | 1864 | 137,475 | 09.02 % | 1,316 | 1.50 % |
Латах | Москоу | 1886 | 35,906 | 02.36 % | 1,077 | 1.23 % |
Леми | Салмон | 1869 | 7,808 | 00.51 % | 4,570 | 5.22 % |
Левис | Незпирс | 1911 | 3,594 | 00.24 % | 480 | 0.55 % |
Линколн | Шошон | 1895 | 4,503 | 00.30 % | 1,206 | 1.38 % |
Медисон | Рексбург | 1914 | 37,456 | 02.46 % | 473 | 0.54 % |
Минидока | Руперт | 1913 | 18,645 | 01.22 % | 763 | 0.87 % |
Нез Пирс | Левистон | 1861/1864 | 38,975 | 02.56 % | 856 | 0.98 % |
Онајда | Малад Сити | 1864 | 4,130 | 00.27 % | 1,202 | 1.37 % |
Овихи | Марфи | 1863 | 10,877 | 00.71 % | 7,697 | 8.79 % |
Пеиет | Пеиет | 1917 | 22,966 | 01.51 % | 410 | 0.47 % |
Повер | Американ Фолс | 1913 | 7,683 | 00.50 % | 1,443 | 1.65 % |
Шошом | Валас | 1861/1864 | 12,913 | 00.85 % | 2,636 | 3.01 % |
Титон | Дриџс | 1915 | 8,833 | 00.58 % | 451 | 0.52 % |
Твин Фолс | Твин Фолс | 1907 | 74,284 | 04.87 % | 1,928 | 2.20 % |
Валеи | Каскади | 1917 | 8,862 | 00.58 % | 3,734 | 4.27 % |
Вашингтон | Веисер | 1879 | 10,206 | 00.67 % | 1,474 | 1.68 % |
Вкупно окрузи: 33. Вкупна популација во 2008: 1,523,816. Вкупно области: 226,700 км².[30]
Политика
уредиГодина | Републиканци | Демократи |
---|---|---|
2008 | 61.5% 403,012 | 36.1% 236,440 |
2004 | 68.38% 409,235 | 30.26% 181,098 |
2000 | 67.17% 336,937 | 27.64% 138,637 |
1996 | 52.18% 256,595 | 33.65% 165,443 |
1992 | 42.03% 202,645 | 28.42% 137,013 |
1988 | 62.08% 253,881 | 36.01% 147,272 |
1984 | 72.36% 297,523 | 26.39% 108,510 |
1980 | 66.46% 290,699 | 25.19% 110,192 |
1976 | 59.88% 204,151 | 37.12% 126,549 |
1972 | 64.24% 199,384 | 26.04% 80,826 |
1968 | 56.79% 165,369 | 30.66% 89,273 |
1964 | 49.08% 143,557 | 50.92% 148,920 |
1960 | 53.78% 161,597 | 46.22% 138,853 |
По граѓанската војна многу среднозападни и источни демократи се преселиле во Територијата Ајдахо. Како резултат на тоа, на почетокот територијалните законодавни тела биле цврство контролирани од демократи. Спротивно на тоа, најголемиот дел од територијалните гувернери биле назначени од републикански претседатели и самите биле републиканци. Ова довело до некои судири помеѓу двете партии, вклучувајќи го големиот број на војни поради поддршка на демократите за овчарите во спротивно на републиканците кои ги поддржувале говедарите. Тоа заврши со судскиот процес за убиство, „Diamondfield“, на Џек Дејвис. Во 1880-те републиканците станаа попознати во локалната политика.
По доделувањето на државноста на Ајдахо, републиканската партија вообичаено била доминантна партија во оваа држава после измените во социјалните и политичките ставови на двете партии, кога демократите станале полиберални, а републиканците поконзервативни. Во еден период Ајдахо имаше две демократски партии, едната била главната а другата се нарекувала Анти-Мормонски Демократи, одржувајќи се во почетокот на 20 век. Во 1890-те и раните 1900, популистичката партија уживаже верба на народот додека, пак, демократската партија имаше кратка доминаци во 1930-те за време на големата депресија. После втората светска војна повеќето државни политички функционери биле републиканци.
Конгресните делегации на Ајдахо, исто така, генерално биле републиканци уште од осамостојувањето како држава. Неколку демократи од Ајдахо имале изборен успех во Претставничкиот дом на САД низ годините, но сенаторската делегација со декади била цврсто републиканска. Неколку републиканци од Ајдахо, вклучувајќи го и сегашниот сенатор Мајк Крапо, биле ре-избрани во сенатот, но само Франк Чурч бил ре-избран демократ. Франк беше последниот демократ од Ајдахо кој победил во трката за американскиот сенат, во 1974.
Во помодерните времиња, Ајдахо е реално републиканска претседателска држава и во поглед на политиката. Од 1964 не е поддржан некој демократ за претседател. Дури и во тие избори, Лундон Џонсон, го победи Бери Голдвотер со разлика од помалку од 2%. Во 2004 републиканецот Џорџ В. Буш имал позитивна разлика од 38%, победувајќи во 43 од 44 земји. Само земјата Блејни Каунти, која го поседува ски центарот „Sun Valley“ , го поддржа Џон Кери, кој има куќа во оваа област. Во 2008, процентот од 36.1 на Барак Обама[31] беше најдобар за демократски претседателски кандидат во Ајдахо уште од 1976. Како и да е, републиканската поддршка во оваа држава имала пад во 1992 и 1996.
На изборите од 2006, републиканците водени од гувернерскиот кандидат К. Л. „Буч“ Отер ги освоија сите уставни функции во државата и ги задржа двете места на Ајдахо во Претставничкиот дом на САД. Сепак, демократите заземаа неколку места во законодавната власт, позабележливо во Бојси.
Поважни градови
уреди
Популација > 100.000 (урбанизирана област)
Популација > 50.000 (урбанизирана област)
Популација > 30.000 (урбанизирана област)
Популација > 10.000 (урбанизирана област)
|
Помали градови
|
Национални паркови, споменици и историски места
уреди- California National Historic Trail
- City of Rocks National Reserve
- Craters of the Moon National Monument and Preserve
- Hagerman Fossil Beds National Monument
- Lewis and Clark National Historic Trail
- Minidoka National Historic Site
- Nez Perce National Historical Park
- Oregon National Historic Trail
- Yellowstone National Park
-
Градот од камења, национален резерват
-
Кратерите на Moon National Monument
Национални рекреациони области
уреди- Hells Canyon National Recreation Area
- Sawtooth National Recreation Area
Национални области под заштита
уреди- Snake River Birds of Prey National Conservation Area
Државни паркови
уреди- Bear Lake State Park
- Box Canyon State Park
- Bruneau Dunes State Park
- Castle Rocks State Park
- City of Rocks State Park
- Coeur d'Alene Parkway
- Dworshak State Park
- Eagle Island State Park (Idaho)|Eagle Island State Park
- Farragut State Park
- Harriman State Park
- Hells Canyon
- Hells Gate State Park
- Henrys Lake State Park
- Heyburn State Park
- Lake Cascade State Park
- Lake Walcott State Park
- Lucky Peak State Park
- Malad Gorge State Park
- Massacre Rocks State Park
- Mary Minerva McCroskey State Park
- Niagara Springs State Park
- Old Mission State Park
- Ponderosa State Park
- Priest Lake State Park
- Round Lake State Park
- Three Island Crossing State Park
- Trail of the Coeur d'Alenes
- Winchester Lake State Park
- Yankee Fork State Park
Образование
уредиКолеџи и универзитети
уреди„Државниот Совет за Образование“ на Ајдахо контролира три опфатни универзитети. Универзитетот „University of Idaho“ во Москоу е првиот универзитет во државата (основан во 1889). „Idaho State University“ во Покатело е отворен во 1901 како @Академија од Ајдахо# и му беше доделен универзитетски статус во 1963. „Boise State University“ е најновото училиште кое се бори за постигнување на универзитетски статус во Ајдахо. Школото отворено во 1932 како „Boisi Junior College“, во 1974 стана „Boise State University“. „Lewis-Clark State College“ во Левистон е единствен јавен, неуниверзитетски, четиригодишен колеџ во Ајдахо. Ајдахо има три регионални колеџи: „North Idaho College“ во Кер Далин, „College of Southern Idaho“ во Твин Фолс и „College of Westers Idaho“ во Нампа, кој се отвори во 2009.
Приватните институции во Ајдахо се „Brigham Young University-Idaho“ во Рексбург. Колеџот во Калдвел „College of Idaho“. „Northwest Nazarene University“ во Нампа и колеџот во Москоу „Saint Andrews College“.
Спорт
уредиЖителите на државата се редовни посетители, Ајдахо се смета за многу отворено ориентирана заедница. Централно Ајдахо е дом на едно од најстарите ски одморалишта во Северна Америка, „Sun Valley“, каде што е инсталирана првата жичара. се клучни за идентитетот на Ајдахо со ски центар во близина на скоро секоја урбана област. Во државата има мал подем и на кајакарството.
Клуб | Спорт | Лига |
---|---|---|
Boise Hawks | Бејзбол | ПБЛ |
Boise State Broncos | НКАА | Football Bowl Subdivision |
Idaho Vandals | НКАА | Football Bowl Subdivision |
Idaho State Bengals | НКАА | Football Championship Subdivision |
Idaho Falls Chukars | Бејзбол | ПБЛ |
Idaho Stampede | Кошарка | NBA Development League |
Idaho Steelheads | Хокеј на мраз | East Coast Hockey League |
Официјални државни обележја
уреди- Државна птица: планинската синица[32]
- Државно играње: Сквер Денс[32]
- Државна риба: Пастрмка убиец[32]
- Државно цвеќе: Philadelphus lewisii[32]
- Државен фосил: Equus simplicidens[32]
- Државно овошје: Huckleberry (од фамилијата Ericaceae)[32]
- Државен дијамант: Гранатот на Ајдахо[32]
- Државен коњ: Appaloosa[32]
- Државно мото: Esto perpetua („мак.Нека биде вечен“)[32][33]
- Државен инсект: Монарх (пеперутка) (Danaus plexippus)[32]
- Државна птица грабливец: Сив сокол[32]
- Државна песна: „Here We Have Idaho“[32]
- Државно дрво: Western White Pine[32]
- Државен зеленчук: Домат[32]
Познати луѓе од Ајдахо
уредиАјдахо како тема во популарната култура
уреди- „Приватен Ајдахо“ (англиски: Private Idaho) - песна на американската рок-група The B-52's.[34]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 2005. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 6 ноември 2006.
- ↑ „Annual Estimates of the Resident Population for the United States, Regions, States, and Puerto Rico: April 1, 2000 to July 1, 2009“. United States Census Bureau. Посетено на 2010-01-31.
- ↑ Just, Rick. "Star Garnet." Idaho Snapshots. Meridian, Idaho: Radio Idaho, 1990. 9.
- ↑ „Idaho-its meaning, origin and application : Rees, John E., 1868–1928 : Free Download & Streaming : Internet Archive“. Archive.org. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ Idaho – MSN Encarta. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2011-03-06.
- ↑ „Did Idaho Get Its Name As A Result Of A Hoax?“. Museumofhoaxes.com. 2006-04-25. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „Port of Lewiston“. u-s-history.com. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „Sawtooth Range“. Idahoaclimbingguide.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „264, Part of Idaho in fourth zone“. Архивирано од изворникот на 2006-01-25. Посетено на 2011-03-06.
- ↑ „Climate Of Idaho“. Wrcc.dri.edu. 1954-02-20. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „David Thompson's Trading Post, Idaho Forts, American Forts Network“.
- ↑ Meinig, D.W. (1995) [1968]. The Great Columbia Plain (Weyerhaeuser Environmental Classic. изд.). University of Washington Press. стр. 36, 55. ISBN 0-295-97485-0.
- ↑ „Fur Trade Posts In Idaho, Idaho State Historical Society“ (PDF).
- ↑ „Donald MacKenzie's Post, Idaho Forts, American Forts Network“.
- ↑ Bennett, Eldon T. „An Early History of Franklin“. Franklin, Idaho. Архивирано од изворникот на 2008-05-13. Посетено на 2008-05-19.
- ↑ „Elias Davidson Pierce and the Founding of Pierce“ (PDF). Idaho State Historical Society. 1966. Посетено на 2008-05-19.
- ↑ „"Mormon" Entry for The Encyclopedia of the Supreme Court of the United States, David S.Tanenhaus“ (PDF). Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „The Power of Idaho“. Idaho Economic Development Association. 2004. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2007-10-07.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-12-27. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Idaho QuickFacts from the U.S. Census Bureau“. Quickfacts.census.gov. Архивирано од изворникот на 2012-06-23. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „RLS report 2-22.indd“ (PDF). Посетено на 2010-07-30.
- ↑ "Zuivelzicht" April 25, 2007
- ↑ „Today in History: March 4“. Memory.loc.gov. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „Facts At a Glance“. Idaho Lottery. 2007. Архивирано од изворникот 2007-06-13. Посетено на 2007-04-29.
- ↑ „2007 Idaho Energy Plan“ (PDF). Idaho Legislative Council Interim Committee on Energy, Environment and Technology. 2007. Посетено на 2010-11-30.[мртва врска]
- ↑ 26,0 26,1 „Idaho Energy Profile“. Energy Information Administration. 2009. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Idaho Strategic Energy Alliance Frequently Asked Questions“ (PDF). Idaho Strategic Energy Alliance. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-16. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Idaho Energy Complex“. Idaho Energy Complex. 2009. Посетено на 2007-06-02.[мртва врска]
- ↑ „Idaho District Court Websites“. Isc.idaho.gov. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 2008-12-17.
- ↑ „IdahoHistory.net“. IdahoHistory.net. 2010-07-07. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „Idaho Secretary of State Election Division, "November 4, 2008 General Election Results"“. Архивирано од изворникот на 2008-12-15. Посетено на 2011-03-06.
- ↑ 32,00 32,01 32,02 32,03 32,04 32,05 32,06 32,07 32,08 32,09 32,10 32,11 32,12 32,13 „Governor C. L. "Butch" Otter – The State of Idaho – FYI Idaho State Symbols“. Gov.idaho.gov. Архивирано од изворникот на 2010-06-30. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ „Idaho history homepage“ (PDF). Idahohistory.net. 2010-07-07. Посетено на 2010-07-30.
- ↑ YouTube, The B-52's - Private Idaho (пристапено на 8.2.2021)