Бејоглу
Бејоглу — округ кој се наоѓа на европската страна на Истанбул, Турција. Овој регион се наоѓа на т.н. историски полуостров во Цариград од страната на Златниот Рог. Во текот на средниот век, регионот се викал Пера, и тоа име се одржало до создавањето на модерна Турција.
Бејоглу | |
---|---|
District | |
Location of Beyoğlu in Istanbul Province | |
Location of Beyoğlu in Istanbul Province | |
Координати: 41°02′13″N 28°58′39″E / 41.03694° СГШ; 28.97750° ИГД | |
Земја | Турција |
Провинција | Истанбул |
Управа | |
• Градоначалник | Ахмет Демирџан ((ППР)) |
Површина[1] | |
• District | 8,66 км2 (334 ми2) |
Население (2012)[2] | |
• District | 246.152 |
• District густина | 280/км2 (740/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | 0-212 |
Мреж. место | beyoglu.bel.tr beyoglu.gov.tr |
Областа опфаќа повеќе населби кои се наоѓаат северно од Златниот Рог, меѓу кој: Галата, Караќој, Џихангир, Шишхан, Тепебаши, Тарлабаши, Долапдере и Кашимпаша. Областа е позната по активниот уметнички живот, забава и култура во Истанбул. Со центарот на градот, Бејоглу е поврзан со мостот Галата.
Историја
уредиТериторијата на денешен Бејоглу била населена уште од времето на Исус Христос. Во римско време, името на оваа област се викала Сикај и Перан кое во превод значело “од другата страна на Златниот Рог“. Во времето кога Византија започнала да го проширува градот и неговите ѕидини, овој регион започнал да се нарекува Галата. Името Галата потекнува од грчкиот збор Galaktos што значи млеко. Според некои верувања пак, се смета дека името доаѓа од галите.
Областа можеби била основана по доаѓањето на европските трговци, оснобено од Џенова и Венеција. Во тој период, областа била позната под името Пера. По Четвртата крстоносна војна, регионот бил под управа на Венеција. Црквата Свети Павле и Доменик (денеска Арапска џамија) датира од тој период.
Во 1273 година, Пера била дадена на Република Џенова од страна на Михаил VIII Палеолог во замена да Џенова ја подржи Византија во Четвртата крстоносна војна. Во 1316 година била изградена Џеновската палата[3] Во 1348 година била изградена познатата Кула Галата. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Под контрола на Џенова, областа останала до падот на Цариград во 1453 година.
Најпознати места
уредиЗбратимени општини
уредиНаводи
уреди- ↑ „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
- ↑ „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
- ↑ „Ottoman Bank Museum: Bereket Han on Bankalar Caddesi“. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2009-12-24.
- ↑ „Центар се збратими со Бејоглу во Истанбул“. Нова Македонија. 21 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 21 април 2012.
Надворешни врски
уреди„Бејоглу“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Galata. |