Близок Исток — поим што често се користи од археолозите, географите и историчарите, и поретко од новинарите и коментаторите, со цел да се посочи регионот кој ја опфаќа Анадолија (модерна Турција), Левантот (модерен Израел, Јордан, Сирија и Либан), и Месопотамија (модерен Ирак и Источна Сирија)[1]. Алтернативниот поим Среден Исток — претпочитан во некои политички и економски контексти — не се користи од блискоисточните археолози и историчари. Алтернативен не-евроцентричен поим во скорешните години е 'Југозападна Азија', иако овој поим сѐ уште нема постигнато поширока распространетост.

  Блискиот Исток во археолошки и историски контекст
  Блискиот Исток во поширок контекст

Египет, иако дел од Африка, често се смета за дел од регионот на Блискиот Исток. Неговото вклучување се должи на суштинските врски кои ги имал со другите блискоисточни држави низ античките, средновековните и модерните времиња.

Во Европа, „Близок Исток“ е претпочитаниот поим поради очигледната географска близина.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Middle East, Near East“. Style Guide. National Geographic Society. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 2022-01-15.