Васил Иванов Кутинчев (бугарски: Васил Иванов Кутинчев) (роден на 25 февруари 1859 година во Русе; починал на 30 март 1941 година) бил бугарски офицер. Воената кариера ја започнал во 1879 година по завршувањето на Военото училиште во Софија. На 13 септември 1885 година бил поставен за командант на 1-виот баталјон на 5-тиот пешадиски полк Дунав.[1]

Васил Кутинчев
ПрекариБугарија Бугарска армија
Починал30 март 1941
Софија, Бугарија
Служба1879 - 1918
ЧинГенерал
Заповедал со6-та пешадиска дивизија
Прва армија
Втора армија
Битки/војниПрва балканска војна,
Втора балканска војна

Истата година учествувал во Српско-бугарската војна и на 8 ноември бил унапреден во командант на 5. полк. Се борел во битката кај Сливница, Драгоман, Царевброд и Пирот.

По војната служел како командант на различни пешадиски полкови и бил унапреден во генерал-мајор во 1904 година. Четири години подоцна Кутинчев бил назначен за командант на Првата армиска област која ги сочинувала западните делови на Бугарија.

На 2 август 1912, Фердинанд I во чест на 25-годишнината од неговото пристигнување во Бугарија унапредил шест генерал-мајори во чин генерал-полковник. Еден од тие генерали бил Кутинчев. Ова е прв пат во историјата на Бугарското кралство да се имаат доделено толку високи чинови на офицери на Активната армија. Дотогаш биле дадени на офицери на резервнитите состави.

Со започнувањето на Првата балканска војна генералот Кутинчев бил поставен за командант на Првата армија која учествувала во важните битки на Кирк Килисе, Луле Бургас и Чаталца.

По завршувањето на војната, целата војска морала да биде префрлена во Северозападна Бугарија, каде што за време на Втората балканска војна служела против Србите. Во меѓувреме, на 16 јули 1913 година Кутинчев ја презел командата на Втората армија. Останал на оваа функција до крајот на непријателствата.

За време на Првата светска војна бил генерал во Генералштабот на Активната армија и командант на новосоздадениот армиски регион Морава. Во еден последен чин на признавање на неговата служба во октомври 1918, генерал-потполковникот Васил Кутинчев бил унапреден во генерал на пешадијата кој бил највисок воен чин во бугарската армија и отишол во резерва. Починал во Софија во 1941 година.

Наводи

уреди
  1. Мусаков, И., „Генерал от пехотата Васил Кутинчев“, София, 1941 г., Печатница „Стопанско развитие“