Дарданели (турски: Çanakkale Boğazı, грчки: Δαρδανέλλια) — долг тесен проток по должината на полуостровот Галиполе во денешна Турција кој го дели Балканот (Европа) од Мала Азија, а ги поврзува Егејското и Мраморното Море. Во антиката се нарекувал Хелеспонт. Протокот е долг 61 км, широк само 1,2-6 км, а просечно длабок 55 м, со најголема длабочина од 82 м. Водата низ протокот тече во двата правци: кон Егејското Море како површинска струја, а кон Мраморното како длабинска струја.

Карта на Дарданелите (жолто) во однос на Босфорот (црвено) и Мраморното Море

Како и Босфор, Дарданелите ја делат Европа од Азија. Протокот е меѓународен воден пат, и заедно со Босфор, Дарданелите го поврзуваат Црното со Средоземното Море.

Преку протокот денес се протега Мостот „Чанаккале 1915“, отворен во 2022 г.[1] и наречен во чест на отоманската поморска победа во Дарданелскиот поход од Првата светска војна. Во времето на неговото отворање бил најдолгиот висечки мост на светот.

Историја

уреди

Протокот има стратешко значење и затоа играл важна улога во историјата. Античкиот град Троја бил сместен близу до западниот влез на протокот, а на азискиот брег од протокот се одиграла и Тројанската војна. Војската на Александар III Македонски го минала протокот во 334 г.п.н.е. за да ја нападне Персија. Дарданелите играле значајна улога и во одбраната на Цариград во Византискиот период, а од 14 век бил постојано контролиран од Турција.

Големите сили отсекогаш имале особен интерес за непречен премин или пак за контрола на Дарданелите, и затоа бил предмет на разни битки и договори помеѓу нив во текот на XIX и XX век.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ердоган го пушти мостот преку Дарданелите меѓу Европа и Азија“. Независен. 18 март 2022. Посетено на 28 март 2022.

Координати: 40.216667° СГШ 26.433333° ИГД