Драма
Драма е посебна форма на фикција наменета за изведување.[1] Поимот доаѓа од грчки збор што значи „дејствие“ (Старогрчки: δρᾶμα, драма), кој пак е изведен од глаголот „прави“ (Старогрчки: δράω, дран).
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Особености
уредиДрамата е во тесна врска со театарот, односно се изведува на сцена пред публика, што подразбира продукциска соработка и колективен облик на прием.[2] Како книжевно дело, драмата е наменета за сценска изведба. Структурата на текстот е дијалошка што воедно значи дека огласувањето на ликовите не е проследено со раскажување, односно, од некое стојалиште на раскажувачот. Драмата прикажува, а не раскажува. Кон текстот на дијалог се јавуваат дидаскалиите или понатамошниот текст со кој авторот најчесто дава упатства за тоа како треба сценски да изгледа изведбата на дијалогот.
Користењето на поимот „драма“ за именување на одреден вид на претстава датира од XIX век. Во овој поглед „драма“ се однесува на претстава која не е ниту комедија ниту трагедија, како на пример, Тереза Ракен (1873) на Емил Зола или Чеховата Иванов (1887). Поради ова филмската и телевизиската индустрија, како и филмските науки го имаат присвоено поимот „драма“ како жанр во нивното поле.[3] „Радио драма“ пак е посебен драмски вид кој е напишан посебно за емитување на радио, наменет за слушање, а не за гледање.[4]
Честопати, драмата се комбинира со музика и танц: драмскиот дел од операта целосно се пее; мјузиклите вклучуваат говорен дијалог и песни; а некои облици на драмата постојано се придружувани од музика (како на пример, мелодрамата и јапонската Но).[5] Во одредени периоди од историјата (античките римски и модерните романтични) драмите биле пишувани за да бидат читани наместо изведувани.[6] Кај импровизацијата, драмата не постои пред самата изведба; изведувачите изведуваат драмски текст спонтано пред публиката.[7]
Двете маски поврзани со драмата ја претставуваат традиционалната видовна разлика помеѓу комедијата и трагедијата. Тие се симболи на старогрчките музи, Талија и Мелпомена. Талија е музата на комедијата (насмеаното лице), додека Мелпомена е музата на трагедијата (тажното лице). Иако се смета како дел од самата поетика, самиот драмски род е во контраст со епиката и лириката уште од Аристотеловата Поетика (околу 335 пред н.е.)—најраното дело на драмската теорија.[8]
Историја на драмата
уредиПознати драмски писатели и дела
уредиКласичната атинска трагедија Цар Едип (околу 429 пред н.е.) од Софокле и ренесансната трагедија Хамлет (1601) од Вилијам Шекспир се сметаат за ремек-дела на уметничката драма.[9] Според српскиот поет Јован Дучиќ, целокупната драмска уметност се врти околу три имиња кои, иако нееднакви по својот гениј, ја претставуваат целата светска драма: Софокле, како централна личноста на античката драма; Шекспир, како централна личност на модерната трагедија; и Ибзен, како најголем автор на современиот духовен театар.[10]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Elam (1980, 98).
- ↑ Pfister (1977, 11).
- ↑ See also Wikipedia's List of drama films.
- ↑ Banham (1998, 894-900).
- ↑ See the entries for "opera", "musical theatre, American", "melodrama" and "Nō" in Banham (1998).
- ↑ While there is some dispute among theatre historians, it is probable that the plays by the Roman Seneca were not intended to be performed. Manfred by Byron is a good example of a "dramatic poem." See the entries on "Seneca" and "Byron (George George)" in Banham (1998).
- ↑ Some forms of improvisation, notably the Commedia dell'arte, improvise on the basis of 'lazzi' or rough outlines of scenic action (see Gordon (1983) and Duchartre (1929)). All forms of improvisation take their cue from their immediate response to one another, their characters' situations (which are sometimes established in advance), and, often, their interaction with the audience. The classic formulations of improvisation in the theatre originated with Joan Littlewood and Keith Johnstone in the UK and Viola Spolin in the USA. See Johnstone (1981) and Spolin (1963).
- ↑ Francis Fergusson writes that "a drama, as distinguished from a lyric, is not primarily a composition in the verbal medium; the words result, as one might put it, from the underlying structure of incident and character. As Aristotle remarks, 'the poet, or "maker" should be the maker of plots rather than of verses; since he is a poet because he imiates, and what he imitates are actions'" (1949, 8).
- ↑ Fergusson (1949, 2-3).
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 228-299.