Катерина (град)
Катерина (грчки: Κατερίνη, Катерини) — град во Егејска Македонија и седиште на округот Пиерија и Општина Катерина. Се наоѓа во Пиериската Низина, помеѓу Олимп и Солунскиот Залив, на надморска височина од 14 м. Градот, кој е еден од најновите во Грција, има 56.576 жители (според пописот од 2001). Се наоѓа близу градот Солун, вториот најголем град во Грција, кој придонел многу во развојот на Катерина во послените неколку години. До Катерина се стигнува преку главниот автопат Солун-Атина GR-1/Е75 (со две клучки близу градот) и магистралата „Егнатија“ на север. До градот водат линии на месните и државните возови од главната линија од Атина до Солун, додека пак присутна е и значајна регионална и државна автобуска мрежа со филијала во градот.
Катерина Κατερίνη | |
---|---|
Општинската управа во Катерина | |
Местоположба во областа Katerini map.png | |
Координати: 40°16′N 22°30′E / 40.267° СГШ; 22.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Управа | |
• Градоначалник | Савас Хионидис |
Површина | |
• Вкупна | 93,659 км2 (36,162 ми2) |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 56.434 |
• Густина | 0,60/км2 (1,6/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 601 00 |
Повик. бр. | 23510 |
Рег. таб. | KN |
Мреж. место | katerini.gr |
Катерина е блиску до морето (6 км) и неколку археолошки наоѓалишта кои привлекуваат многу туристи како древномакедонскиот свет град Дион (5 век п.н.е., оддалечен 17 км) и венецијанскиот замок во Платамонски замок. Подножјето на Олимп и гратчето Литохоро се наоѓаат на околу 20 км од центарот на Катерина.
Име
уредиИмето на градот потекнува од Катерина Александриска, православна маченичка која живеела во 4 век. Бил ослободен од Отоманците на 16 октомври 1912 г. За време на Втората светска војна бил окупиран од германската армија на 14 април 1941 и бил ослободен три дена подоцна. Катерина се споменува во песната на Микис Теодоракис το τρένο φεύγει στις οκτώ (македонски: возот заминува во осум), чиј текст е напишан од поетот Манос Елефтериу. Оваа песна е популарна и ден денес.
Фудбал
уредиКатерина е дом на два фудбалски тима; Пиерикос, фудбалски клуб кој моментално игра во втората лига. Другиот е Етникос Катерини.
Населението низ годините
уредиГодина | Население | Промена | Население во општината | Примена |
---|---|---|---|---|
1981 | 38.404 | - | - | - |
1991 | 43.613 | 5.209/13,56% | 48.673 | - |
2001 | - | - | 56.576 | 7.903/16,24% |
Познати личности од Катерина
уреди- Александрос Sиолис — фудбалер
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Катерина на Ризницата ?
- Англиските времиња на Катерина