Ким Вајлд
Ким Вајлд (анг: Kim Wilde; родена Ким Смит, 18 ноември 1960 година)[3] ― англиска поп пејачка, диџеј и ТВ водителка.
Ким Вајлд | |
---|---|
Ким Вајлд во 2021 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ким Смит |
Роден(а) | 18 ноември 1960 Чизвик, Лондон, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1981–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | kimwilde.com |
Ким Вајлд е родена на 18 ноември 1960 година во населбата Чисвик во Западен Лондон и е прво дете на рокенрол музичарот Марти Вајлд (роден Реџиналд Смит) и Џојс Бејкер која претходно била член на танчерска и пејачка група. На деветгодишна возраст, со семејството се преселила во Хертфордшир, каде завршила средно училиште.[4] Во 1980 година, на 20-годишна возраст, завршила основен курс на колеџот за уметност и дизајн Сент Албанс. Под името Ким Вајлд, потпишала за RAK Records.[5]
Во 1981 година ја објавила својата прва песна „Kids in America“ и веднаш забележала успех искачувајќи се на второ место на топ листата во Обединетото Кралство.[6] Во 1983 година добила Брит награда за најдобра британска соло пејачка.[7] Во 1986 година, повторно се искачила на второ место во Велика Британија со преработката на песната од Supremes „You Keep Me Hangin' On“, со која исто така во 1987 година се искачила на врвот на американската Billboard Hot 100 листа. Во периодот од 1981 до 1996 година, 25 нејзини песни се пласирале во Топ 50 на UK Singles Chart. Нејзини други хит песни се „Chequered Love“ (1981), „You Came“ (1988) и „Never Trust a Stranger“ (1988). Во 2003 година, соработувала со Нена за песната „Anyplace, Anywhere, Anytime“, која се нашла на врвот на холандската топ листа.
Ким Вајлд е британска соло пејачка која во 1980-тите имала најмногу песни кои се пласирале на Топ 40 листата во Велика Британија, вкупно 17.[8] Од 1998 година, за време на нејзината активна музичка кариера, започнала уште една кариера како пејзажен архитект, а во склоп на таа карира, водела емисии за градинарство на Би-Би-Си и на Канал 4. Во 2005 година, Кралското хортикултурно друштво на Цветната изложба во Челзи ѝ доделило Златна награда за уредувањето на градина.
Дискографија
уредиСтудиски Албуми
уреди- 1981 – Kim Wilde
- 1982 – Select
- 1983 – Catch as Catch Can
- 1984 – Teases & Dares
- 1986 – Another Step
- 1988 – Close
- 1990 – Love Moves
- 1992 – Love Is
- 1995 – Now & Forever
- 2006 – Never Say Never
- 2010 – Come Out and Play
- 2011 – Snapshots
- 2013 – Wilde Winter Songbook
- 2018 – Here Come the Aliens
Компилации
уреди- 1984 – The Very Best of Kim Wilde
- 1993 – The Singles Collection 1981 – 1993
- 1993 – The Remix Collection
- 2001 – The Very Best of Kim Wilde
- 2006 – The Hits Collection
Библиографија
уреди- Gardening with Children (2005)
- The First-Time Gardener (2006)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Kim Wilde | Biography“. Allmusic. Посетено на 7 June 2019.
- ↑ Mason, Stewart. „Kim Wilde – Teases & Dares“. AllMusic. Посетено на 31 March 2015.
- ↑ „Kim Wilde biography“. Official Charts Company. Посетено на 4 March 2020.
- ↑ „Memories of Thundridge - Joan Woolard“. Посетено на 21 November 2018.
- ↑ „The Official Fan Club for Kim Wilde Introductory Booklet, 1981“. Wilde-life.com. стр. 4. Архивирано од изворникот на 10 февруари 2012. Посетено на 27 февруари 2013.
- ↑ David Kent (1993) Australian Chart Book 1970–1992, Australian Chart Book, St Ives, N.S.W.
- ↑ BRITs Profile: Kim Wilde Архивирано на 1 февруари 2012 г.Brits.co.uk. Retrieved 29 February 2012
- ↑ “Interview: Kim Wilde”.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Kim Wilde at AllMusic
- Kim Wilde discography at Discogs
- Kim Wilde at IMDb