Крал на Саудиска Арабија

Крал на Саудиска Арабијаапсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (خادم الحرمين الشريفين), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.

Крал of Саудиска Арабија
ملك المملكة العربية السعودية


ЗвањеЧувар на
Двете свети џамии
ПрестолонаследникМукрин
Прв владетелАбдулазиз
Основање22 септември 1932
СедиштеКралски дворец, Ријад[1]

Историја

уреди

Кралот Абдулазиз (ибн Сауд) почнал да ја освојува денешна Саудиска Арабија во 1902 г. со враќањето на семејната надлежност како емири на Ријад. Потоа продолжил со освојвуање на Неџд (1922), а потоа Хиџаз (1925). Звањето гласело „Султан на Неџд“, подоцна сменето во „Крал на Хиџаз и Неџд“, за во 1932 г. да го добие денешното.

Наследување

уреди

По смртта на Абдулазиз, сите досегашни владетели се негови синови како наследници. Овој систем се разликува од западните монархии, каде наследувањето оди по син наспроти брат.

Други функции

уреди

Покрај владетел и старешина на династијата, кралот има улога и на премиер на државата, при што вицепремиер е престолонаследникот. Следниот на списокот по престолонаследникот ја има функцијата „втор вицепремиер“.

Кралеви на Саудиска Арабија (1932–)

уреди
Име
Животен век
Стапил
Отстапил
Белешки
Династија
Слика
Абдулазиз
  • ибн Сауд
  • عبد العزيز
26 ноември 1876(1876-11-26) – 9 ноември 1953(1953-11-09) (возр. 76) 22 септември 1932 9 ноември 1953 Сауд
Сауд
  • سعود
12 јануари 1902(1902-01-12) – 23 февруари 1969(1969-02-23) (возр. 67) 9 ноември 1953 2 ноември 1964
(тргнат)
Сауд  
Фејсал
  • فيصل
април 1906 – 25 март 1975
(воз. 68)
2 ноември 1964 25 март 1975
(убиен)
Сауд  
Халид
  • خالد
13 февруари 1913(1913-02-13) – 13 јуни 1982(1982-06-13) (возр. 69) 25 март 1975 13 јуни 1982 Сауд  
Фахд
  • فهد
16 март 1921(1921-03-16) – 1 август 2005(2005-08-01) (возр. 84) 13 јуни 1982 1 август 2005 Сауд  
Абдула
  • عبد الله
1 август 1924(1924-08-01) – 23 јануари 2015(2015-01-23) (возр. 90) 1 август 2005 23 јануари 2015 Сауд  
Салман
  • سلمان
31 декември 1935(1935-12-31)(88 г.) 23 јануари 2015 на власт Сауд  

Тековни престолонаследници

уреди

Хронологија

уреди
Салман бин АбдулазизАбдула бин АбдулазизФахд бин АбдулазизХалид бин АбдулазизФејсал бин АбдулазизСауд бин АбдулазизАбдулазиз ибн Сауд

Кралски стандард

уреди
 
Кралски стандард

Кралскиот стандард се состои од зелено знаме со натпис, бела сабја и државниот амблем со златна во долниот десен кантон.

Натписот е шехадетот, односно сведочењето за верата, напишано со букви во стилот сулус:

لَا إِلٰهَ إِلَّا الله مُحَمَّدٌ رَسُولُ الله
лā ʾилāхa ʾиллā-ллāх, мухамедун расȳлу-ллāх
Нема друг бог освен Бог и Мухамед е Неговиот пратеник.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Kings of the World – Rich Living Monarchs and their Royal Residences“. Архивирано од изворникот на 2016-01-13. Посетено на 2015-01-26.
  2. „About Saudi Arabia: Facts and figures“. The Royal Embassy of Saudi Arabia, Washington D.C. Архивирано од изворникот на 2012-04-17. Посетено на 24 April 2012.