Луј Пастер
Луј Пастер (француски: Louis Pasteur; 27 декември 1822 – 28 септември 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена „пастеризација“.
Луј Пастер Louis Pasteur | ||
Роден | 27 декември 1822 Дол, Франш Конте, Франција | |
---|---|---|
Починал | 28 септември 1895 Марн ла Кокет, Франција | |
Познат | пастеризација, вакцина против беснило |
Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.
На 6 јули 1885, Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило на пациентот Јозеф Мајстер, деветгодишно дете гризнато од бесно куче.