Окситанија

регион во Франција

Окситанија [2] (француски: Occitanie; окситански: Occitània; каталонски: Occitània) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.[3]

Окситанија
Occitanie  (француски)
Occitània  (окситански)
Occitània  (каталонски)
Регион
Поглед на Артиге на Пиринеите
Поглед на Артиге на Пиринеите
Знаме на ОкситанијаГрб на Окситанија
ДржаваФранција
ПрефектураТулуза
Департмани13
Површина
 • Вкупна72.724 км2 (28,079 ми2)
Ранг3-то
Население (2019)
 • Вкупно5.933.185
 • Густина82/км2 (210/ми2)
ДемонимОкситанци
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
ISO 3166FR-OCC
БДП
  • 159 милијарди евра (номинален; 2015)[1]
  • 200 милијарди долари (прилагоден; 2016)
БДП по глава на жител€27,449 (номинален; 2015)[1]

Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители.

Географија

уреди

Окситанија е втор по големина регион во континентална Франција, зафаќа површина од 72 724 km2; има население од 5,845,102 (2017).[4] На југоисток излегува на Средоземно Море, се граничи со Прованса-Алпи-Азурен Брег на исток, Оверњ-Рона-Алпи на североисток и Нова Аквитанија на запад и северозапад, како и со државите Андора (Каниљу, Анкам, Ла Масана, Урдину) и Шпанија (Арагон и Каталонија) на југ.

Поголеми населени места

уреди
 
Тулуза, префектура и најголем град во Окситанија

Најголеми комуни во Окситанија се (во 2017):[5]

Економија

уреди

Бруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 година бил 171,2 милијарди евра, што претставува 7,3% од францускиот БДП. БДП по глава на жител приспособен на куповната моќ бил 26.000 евра или 86% од просекот на ЕУ27 истата година. БДП по вработен бил 102% од просекот на ЕУ.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Produits intérieurs bruts régionaux et valeurs ajoutées régionales de 1990 à 2015 | Insee“.
  2. „Presentation of the Occitania / Pyrenees-Mediterranean region“. www.tourism-occitania.co.uk.
  3. Décret du {{{date in French}}}
  4. „Comparateur de territoire: Région d'Occitanie (76)“. Insee. Посетено на 11 September 2020.
  5. Téléchargement du fichier d'ensemble des populations légales en 2017, INSEE
  6. „Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018“. Eurostat.

Надворешни врски

уреди