Таџикистан (Тоҷикистон) или официјално Република Таџикистан (Ҷумҳурии Тоҷикистон) е независна држава во средна Азија. Таџикистан на југ граничи со Авганистан, на запад граничи со Узбекистан, на север со Киргистан и на исток граничи со Кина. Главен град на Таџикистан е Душанбе, додека службен јазик во државата е таџичкиот јазик. Вкупната површина на државата изнесува 143.100 км2 каде живеат околу 7.349.145 жители.

Република Таџикистан
Знаме Грб
ХимнаСуруди Миллӣ
Местоположба на Таџикистан
Главен градДушанбе
38°33′N 68°48′E / 38.550° СГШ; 68.800° ИГД / 38.550; 68.800
Најголем град главен град
Службен јазик таџички јазик[1][2]
Јазик за меѓуетничка
комуникација
руски[3]
Демоним Таџици/Таџикистанци

(Таџикистанец/Таџик - Таџикистанка/Таџичка)

Уредување унитарна полупретеседателска република
 •  Претседател Емомали Рахмон
 •  Премиер Кохир Расулзада
Независност од СССР
 •  Основање на Саманидското царство 875 
 •  Основана 9 септември 1991 
 •  Завршена 25 декември 1991 
Површина
 •  Вкупна 143,100 км2 (102-ра)
 •  Вода (%) 1.8
Население
 •  проценка за 2009 г. 7.349.145 (97-ма)
 •  Попис 2000 6.127.000 
 •  Густина 48.6 жит/км2 (155-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $13.666 милијарди[4] 
 •  По жител $2.103[4] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $4.982 милијарди[4] 
 •  По жител $767[4] 
Џиниев коеф. (2004)33.59
среден
ИЧР (2013) 0.607[5]
среден · 133та
Валута Таџикистански сомони (TJS)
Часовен појас TJT (UTC+5)
Се вози на десно
НДД .tj
Повик. бр. 992

Поголем дел од таџикистанското население говори таџички јазик кој е всушност персиски јазик. Таџиците се културно, јазично и историски поврзани со Авганистан и Иран. Во минатото Таџикистан бил дел од Саманидското царство, а во XX век бил дел од СССР кога бил познат под името Таџичка ССР. Поголемиот дел од територијата на Таџикистан е планинска, односно 90% од вкупната територија се планини.

По независноста, Таџикистан страдал од граѓанската војна која траела од 1992 до 1997 година. Со завршувањето на војната, се отвориле вратите за нова политилка стабилност и странска економска помош, што ја зајакнува домашната економија. Главни трговски извозни суровини на Таџикистан се памукот и алуминиумот.

Потекло на поимот

уреди

Зборот „Таџикистан“ во превод значи „земја на Таџиците“. Зборот „таџик“ за првпат го користеле Турците за време на експанзијата на Отоманското Царство и со тој поимот ги означувале иранските народи. Од XI век, поимот се однесувал само за источноиранските нации, но од XV век се однесувал само за персиските народи. Во средновековната персиска литература, „Таџик“ е синоним за „Персиец“.

Поимот „Таџик“ како збор за самоидентификација започнал да се користи дури за време на последната декада од XX век, особено кога власта во Средна Азија ја имал СССР.[6] Поимот не е со етнички карактер, но останува општ термин за сите луѓе од Средна Азија кои зборуваат персиски јазик.

Во македонскиот јазик терминот Таџикистан се однесува за државата, поимот Таџик, Таџичка и Таџици се однесуваат за народот, јазикот се нарекува таџики, а придавка изведена од државата е таџикистански, како на пример таџикистанска влада.[7]

Историја

уреди

Географија и клима

уреди
 
Топографска карта на Таџикистан.

Таџикистан е земја в Средна Азија и со своите 143.100 км2 е најмалата држава во тој регион. Огромен дел од државата е планински и нема излез на море. Главен планински венец во Таџикистан е Памир и околу 50% од територијата на земјата е со над 3000 метри надморска височина. Низинските делови во државата се наоѓаат во северен Таџикистан и ја сочинуваат долината Фергана. Покрај неа, низински делови има и во јужниот дел каде се наоѓаат долините на реките Кофарнихон и Вахш. Главниот град на државата, Душанбе, се наоѓа во јужните делови на долината на реката Кофорнихон.

Врв Висина (м)
Исмаил Самани (највисок) 7.495
Ибн Сина (Ленинов Врв) 7.174
Корженевскаја 7.105
Независност (Револуција) 6.974
Академија на Науките 6.785
Карл Маркс 6.726
Мајаковски Врв 6.096
Конкорд 5.469
Кизилартски Превој 4.280

Околу 2% од територијата на земјата е покриена со вода, поточно од езера, од кои најпознати се:

Политички систем

уреди
Таџикистан
 

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Таџикистан



Скоро веднаш по стекнувањето на својата независност, Таџикистан бил вовлечен во граѓанска војна, која всушност била поддржана од две спротивставени страни кои се бореле за доминација во Таџикистан - Русија од едната и Иран од другата страна. Од вкупно 400.000 етнички Руси кои живееле во државата и работеле во индустрискиот сектор останале само 25.000 жители. Во 1997 година граѓанската војна привршила и централната власт започнала да владее со земјата преку мирни парламентарни избори кои се одвиле во 1997 година.

Официјално, Таџикистан е република каде се одржуваат редовни парламентарни и претседателски избори. Како и да е, Таџикистан всушност е владеена од една партија каде Народната Демократска Партија на Таџикистан има редовно мнозинство во парламентот. Парламентарните избори во 2005 година биле проследени со големи контраверзии за местење на изборите, како од опозициските партии така и од странските набљудувачи. Според последните избори во 2010 година, владеачката партија загубила 4 пратенички места, но сепак има цврсто мнозинство.[8][9] Владата тврди дека имало мали инциденти, кои не влијаеле на општите избори.[8][9] Последните претседателски избори биле бојкотирани од дел од опозициските партии.

Административна поделба

уреди

Таџикистан е поделен на 4 административни единици. Овие четири администартивни единици се всушност области, кои на таџички се нарекуваат вилаети. Секоја област е поделена на неколку окрузи или на таџички нахии. Секоја нахија е поделена на помали административни единици составени од група села.[10]

Област ISO 3166-2 Админ. центар Површина (км²) Население(2008)
Согдиска област TJ-SU Хуџанд 25.400 2.132.100
Републички-потчинети реони TJ-RR Душанбе 28.600 1.606.900
Хатлонска област TJ-KT Кургонтепа  24.800 2.579.300
Горнобадахшанска автономна покраина TJ-BG Хоруг 64.200 218.000

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Таџикистан има население од 7.349.145 жители.[11] Главна етничка група во Таџикистан се Таџиците кои зборуваат на таџички јазик, варијанта на персискиот. Во државата има и значително узбечко и руско население, но бројот на овие две малцинства опаѓа поради зголемената миграција.[12] Во 1989, етничките Руси биле застапени од околу 7.6 % од вкупното население на државата.[13] Памирите во Таџикистан се сметаат за најголема група во државата.

Официјалниот и најзборуван јазик во државата е таџичкиот јазик. Како јазик за меѓуетничка комуникација во уставот се споменува рускиот јазик. Рускиот јазик е доста користен како јазик за бизнис и сродни сектори. Иако Таџикистан е држава со голема сиромаштија, сепак писменоста во државата е на големо ниво, каде 99.5% од населението е писмено.[11] Голем дел од населението се муслимани.

Култура

уреди

Историски, Таџиците и Персијците доаѓаат од еден ист народ, зборуваат еден ист јазик но различни пишани варијанти и се дел од групата на ирански народи. Таџичкиот јазик е мајчин јазик на околу 80% од населението на државата. Главни урбани центри во Таџикистан се Душанбе, Хуџанд, Кулоб, Панџакент и Истаравшан.

Памирите, кои живеат во југоисточниот дел од државата на границата со Кина и Авганистан, се сметаат за дел од Таџиците, но сепак лингвистички и културно се разликуваат од Таџиците. За разлика од останатото муслиманско население, Памирите се следбеници на исмаилизам, посебно исламско движење и зборуваат различни источноперсиски јазици. Поради недостапноста на теренот каде живеат, тие ги имаат задржано античките традиции и народното творештво.

Јагнобите живеат во планинските предели на северен Таџикистан. Денес се проценува дека во Таџикистан има околу 25.000 Јагноби. Јагнобите зборуваат јагнопски јазик кој е директен следбеник на согдискиот јазик.

Наводи

уреди
  1. Устав на Таџикистан, 6 ноември 1994, член 2.
  2. According to the law signed on Oct. 6, 2009, government documents must be written only in Tajik <https://archive.today/20121206011605/www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5jLJnxvR7y69z29eejXVylsz4UvWA>.
  3. „TDG - Tajikistan Development Gateway“. Tajik-gateway.org. Посетено на 2010-06-20.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Tajikistan“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. C.E. Bosworth, B.G. Fragner (1999). „TĀDJĪK“. Encyclopaedia of Islam (CD-ROM Edition v. 1.0. изд.). Leiden, The Netherlands: Koninklijke Brill NV.
  7. Правопис на македонскиот јазик, стр. 168, Просветно Дело, Скопје, 2007.
  8. 8,0 8,1 „Change you can't believe in“. The Economist. 2010-03-04. Посетено на 2010-03-05.
  9. 9,0 9,1 „Tajikistan elections criticised by poll watchdog“. BBC. 2010-03-01. Посетено на 2010-03-05.
  10. „Население на Република Таџикистан на 1 јануари 2008 г.“, Државен статистички комитет, Душанбе, 2008 (руски)
  11. 11,0 11,1 The World Factbook, People Архивирано на 12 јуни 2007 г. of Tajikistan
  12. Russians left behind in Central Asia, Robert Greenall, BBC News, 23 November 2005.
  13. Tajikistan - Ethnic Groups. Source: U.S. Library of Congress.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо