Треска

река во Македонија

Трескарека во Македонија, десна притока на Вардар. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а сливното подрачје зафаќа 2.350 км2. Друго име на оваа река е Голема Река, Велика Река или само Велика.

Треска
Реката Треска низ Поречието
Местоположба
ЗемјаМакедонија
Физички особености
Извор 
 • местоИзвор
 • координати41°28′38″N 20°48′55″E / 41.47722° СГШ; 20.81528° ИГД / 41.47722; 20.81528
УстиеВардар
 • координати
42°00′08″N 21°20′48″E / 42.00222° СГШ; 21.34667° ИГД / 42.00222; 21.34667
Должина132 км
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Притоки 
 • левиСтуденчица, Зајаска Река (Кичевска Река), Рабетинска Река, Девичка Река, Слатинска Река, Тополнечка Река, Мала Река, Сува Река
 • десниСланска Река, Беличка Река, Крапа, Модришка Река, Црешневска Река, Белешница, Оча, Пеколник
Водни телаКозјак, Матка
Карта

Изворите на Треска се Еловечка Река, на источната страна на планината Стогово и Беличка Река од северните падини на Илинска Планина. Текот на Треска започнува кај селото Другово, Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ Поречието — Велика Река. Треска се нарекува од селото Здуње кон Скопје. По течението од Здуње до Скопската Котлина, во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро Матка создадено со браната подигната во 1937 г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.

Кај Матка се наоѓаат и два манастири: Св. Андреја и Св. Никола Шишевски изградени во XIV век.

Географија

уреди
Изворот на Треска, во с. Извор, Кичевско

Сливот на река Треска започнува на надморска височина од 2.000 м. на Стогово и Бистра. Реката надолу тече низ тесна или поширока долина, сè до планината Караџица, каде минува низ клисура која добива кањонски карактер. Од десната страна на р. Треска, пред влезот на тесната клисура се појавува клисурата на р. Оча. Пред влезот на р. Треска во Скопската Котлина се наоѓа клисурата Матка. Овие клисури и падини се составени од карбонатни карпи, безводни или со повремени водени текови. Клисурите се длабоки долови, заклонети од секакви воздушни струења, поради што се многу топли и со висока воздушна влага. Клисурите и лепезите на нивните сливови не само што се извонредни геоморфолошки феномени, туку претставуваат и престојувалиште на специфични видови растенија. Тие бараат повеќе светлина, вода во почвата или воздушна влага. Затоа се слабо конкуретно - селективни, па опстануваат само таму, каде што не може да им конкурира рецентната вегетација. Таа вегетација и флора е реликт од некој геолошки период, а опстанале во засолништа како збегови.

Рефигуимот Матка се наоѓа во зона на термофилна вегетација и го зазема просторот пред излезот на р. Треска во Скопската Котлина на височина од 300-600 м. Теренот е многу стрмен, со издигнати вертикални карбонатни карпи, често и до 200 м во висина. Тој се протега од двете страни на реката, од десната страна е во клисурата под манастирот Св. Никола, а од левата на манастирот Св. Андреја.[1]

Квалитет на водата

уреди
 
Треска како езеро во кањонот Матка
 
Езерото Козјак на Треска
 
Езерото Матка со манастирот Св. Андреја

Квалитетот на водата на Треска на самиот извор не е битно променет десетина години наназад, и ги има сите одлики на вода од I класа и повремено од II класа. Бараниот квалитет на вода, согласно законските прописи, во целост е задоволен.[2]

Притоки

уреди

Треска има поголем број на притоки. Поважни се:[3]

Леви
Десни

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Екологија на Македонија, проекти“. Архивирано од изворникот на 2011-08-17. Посетено на 2008-11-06.
  2. „Квалитет на водите во РМ“. Архивирано од изворникот на 2003-01-24. Посетено на 2008-11-06.
  3. Димитровска, Олгица (2012). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија (46): 37–49. ISSN 1409-908X. Посетено на 8 ноември 2013.

Надворешни врски

уреди