.om
.om — семрежен највисок државен домен за Оман.
Воведен | 1996 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Телекомуникациска регулаторна агенција-Оман |
Документи | Полиса |
Мреж. место | Администрација за имиња на домени |
Регистар
уредиМоментално, Телекомуникациската регулаторна агенција е регистрирана како управител на .om ccTLD. Агенцијата е задолжена само за управување со највисокиот семрежен домен „.om“ и „.عمان“ На тој начин, агенцијата може:
1- Да поставува правила, насоки и водичи за раководење со дозволените имиња на домени.
2- Да одобри акредитирани регистратори и да ги објави нивните имиња на мрежната страница на агенцијата или пак истото да го стори на некој друг начин.
3- Да ги надгледува акредитираните регистратори и регистранти и да ја провери нивната согласност до правилата напатствија и водичи пооврзани со имињата на домените.
4- Да ги објави одлуките за прекинување на акредитацијата на акредитираните регистратори на мрежната страница на агенцијата или пак истот да го стори на некој друг начин.
5- Да преземе чекори во однос на некоја жалба или барање поднесени од акредитираните регистратори или регистрантите или пак која и да е странка во кој и да е дел што се однесува на почитувањето и спроведувањето на регулативата, и истото да го стори без предрасуди според Законот за индустриска сопственост и неговите подакти.
.om Зони
уредиНајважниот домен .om ги содржи следниве доменски зони:
Зона | Регистрациони категории |
---|---|
.om | За раководните делови на владата и одобрените претпријатија во Оман |
.co.om | За регистрирани бизниси и претпријатија во Оман |
com.om | |
.org.om | За општи јавни претпријатија дозволени од Оман |
.net.om | За претпријатија кои нудат телекомуникациски услуги во Оман |
.edu.om | За јавни и приватни образовни институции |
.gov.om | За владините агенции во Оман |
.museum.om | За државните и приватните ентитети кои поседуваат или работат како Омански музеи |
.pro.om | За трговските синдикати и професионални здруженија одобрени од Оман како што се лиценцирани доктори и инженери или кој и да е нивен член. |
.med.om | За државните и приватните нудачи на медицински услуги |
Акредитирани регистрирачи
уредиАкредитираните регистрирачи е секое физичко или правно лице кој ее одобрен од агенцијата според договорот да прима пријави за регистрација на семрежни домени, да носи одлуки, регистрира, префрла, стопира, брише и да преземе потребни чекори поврзани со имињата на домените според определените законски подакти на законот за регистрација и акредитација.
Агенцијата ќе ги прегледа пријавите поднесени од претпријатијата или лицата кои сакаат да добијата акредитација од агенцијата и да носат одлуки.
Моментално акредитираните регистрирачи се:
- GulfCyberTech E- Solutions
- Omani Qatari Telecommunication Company Архивирано на 3 септември 2014 г.
- Oman Telecommunication Company