1947
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1947 (MCMXLVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1947 година од новата ера, 947. од вториот милениум, 47. од XX век и осма од 1940-тите.
Грегоријански календар | 1947 MCMXLVII |
Ab urbe condita | 2700 |
Ерменски календар | 1396 ԹՎ ՌՅՂԶ |
Асирски календар | 6697 |
Бахајски календар | 103–104 |
Балиски календар | 1868–1869 |
Бенгалски календар | 1354 |
Берберски календар | 2897 |
Будистички календар | 2491 |
Бурмански календар | 1309 |
Византиски календар | 7455–7456 |
Кинески календар | 丙戌年 (огн. куче) 4643 или 4583 — до — 丁亥年 (огн. свиња) 4644 или 4584 |
Коптски календар | 1663–1664 |
Етиопски календар | 1939–1940 |
Еврејски календар | 5707–5708 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2003–2004 |
- Сачка ера | 1868–1869 |
- Кали-југа | 5047–5048 |
Холоценски календар | 11947 |
Игбоански календар | 947–948 |
Ирански календар | 1325–1326 |
Исламски календар | 1366–1367 |
Јапонски календар | Шова 22 (昭和22年) |
Јавански календар | 1878–1879 |
Џуче-календар | 36 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4280 |
Мингуо-календар | Р. Кина 36 民國36年 |
Нанакшахи | 479 |
Тајландски сончев календар | 2490 |
Тибетски календар | 阳火狗年 (машки оган-куче) 2073 или 1692 или 920 — до — 阴火猪年 (женски оган-свиња) 2074 или 1693 или 921 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7455 и 7456 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6697 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5707 и 5708 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2700.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1947 година се протега во 4583 и 4584, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4643 и 4644 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2490. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1366 и 1367 исламска година.
Настани
уреди- 31 јануари – Комунистите ја преземаат власта во Полска.
- 10 февруари – Во Париз се потпишани мировни договори помеѓу сојузниците и Италија, Унгарија, Романија, Бугарија и Финска: Италија и отстапува голем дел од Истра на Југославија.
- 13 февруари - Формирано е Друштвото на писателите на Македонија.
- 23 февруари – Основана е Меѓународната организација за стандардизација (ИСО).
- 12 март – Објавена е Трумановата доктрина ориентирана кон спречување на ширењето на комунизмот.
- 14 август - Пакистан добива независност од Британија.
- 15 август - Индија добива независност од Британија.
- 31 август – Комунистите ја преземаат власта во Унгарија.
- 21 октомври - Започнува Индо-пакистанската војна од 1947 година.
- 27 октомври - Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
- 30 октомври – Основан е Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
- 29 ноември - Генералното собрание на Обединетите нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел.
- 30 декември – Абдицира романскиот крал Михаил.
Родени
уреди- 8 јануари – Дејвид Боуви, англиски музичар
- 25 март – Елтон Џон, англиски музичар
- 16 април – Карим Абдул Џабар, американски кошаркар
- 21 април – Иги Поп, американски музичар
- 25 април – Јохан Кројф, холандски фудбалер и тренер
- 4 јуни – Виктор Клима, австриски канцелар
- 13 јуни - Саво Климовски, македонски правник, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје.
- 19 јуни - Салман Ружди, писател.
- 20 јули – Карлос Сантана, мексикански гитарист
- 30 јули – Арнолд Шварценегер, американски глумец и гувернер на Калифорнија
- 24 август - Пауло Коелјо, бразилски писател
- 29 ноември- Мирза Хазар, истакнат азербејџански писател, политички аналитичар, менаџер, издавач
- 3 септември – Кјел Магне Бондевик, норвешки премиер
Починале
уреди- 25 јануари – Ал Капоне, американски гангстер
- 12 февруари - Курт Левин, германски психолог.
- 18 март - Михаил Герџиков, бугарски и македонски револуционер
- 7 април - Хенри Форд, основач на компанијата Форд Мотор.
- 19 јули - Аунг Сан, бурмански борец за независност
- 2 октомври - Петар Успенски, руски филозоф кој користел геометрија во неговите дискусии за психологија и повисоките димензии на постоењето.
- 4 октомври – Макс Планк, германски физичар
- 1 декември - Алистер Кроули, британски окултист.
- 28 декември - Виктор Емануел Трети, италијански крал