2004
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
2004 (MMIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 2004 година од новата ера, 4. од третиот милениум, 4. од XXI век и петта од 2000-тите.
Грегоријански календар | 2004 MMIV |
Ab urbe condita | 2757 |
Ерменски календар | 1453 ԹՎ ՌՆԾԳ |
Асирски календар | 6754 |
Бахајски календар | 160–161 |
Балиски календар | 1925–1926 |
Бенгалски календар | 1411 |
Берберски календар | 2954 |
Будистички календар | 2548 |
Бурмански календар | 1366 |
Византиски календар | 7512–7513 |
Кинески календар | 癸未年 (вод. коза) 4700 или 4640 — до — 甲申年 (дрв. мајмун) 4701 или 4641 |
Коптски календар | 1720–1721 |
Етиопски календар | 1996–1997 |
Еврејски календар | 5764–5765 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2060–2061 |
- Сачка ера | 1925–1926 |
- Кали-југа | 5104–5105 |
Холоценски календар | 12004 |
Игбоански календар | 1004–1005 |
Ирански календар | 1382–1383 |
Исламски календар | 1424–1425 |
Јапонски календар | Хејсеј 16 (平成16年) |
Јавански календар | 1936–1937 |
Џуче-календар | 93 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4337 |
Мингуо-календар | Тајван 93 民國93年 |
Нанакшахи | 536 |
Тајландски сончев календар | 2547 |
Тибетски календар | 阴水羊年 (женска вода-коза) 2130 или 1749 или 977 — до — 阳木猴年 (машко дрво-мајмун) 2131 или 1750 или 978 |
Униксно време | 1072915200 – 1104537599 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7512 и 7513 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6754 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5764 и 5765 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2757.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2004 година се протега во 4640 и 4641, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4700 и 4701 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2547. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1424 и 1425 исламска година.
Настани
уреди- јануари - Министерството за финансии на Македонија започна да издава краткорочни хартии од вредност - државни записи.
- 3 февруари - ЦИА признава дека не постоеше непосредна опасност од оружје за масовно уништување пред американската инвазија на Ирак.
- 4 февруари - Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Време“.
- 26 февруари - Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загинува во авионска несреќа кај селото Ротимља во близина на Мостар во Босна и Херцеговина заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.
- 14 март - Владимир Путин извојува убедлива победа на претседателските избори во Русија, добивајќи втор мандат.
- 29 март - Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија стануваат членки на НАТО.
- 28 април - Во вториот круг од третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, Бранко Црвенковски е избран за претседател на државата. Во вториот круг Црвенковски освои 553.520 гласови, или 62,7% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев освои 329.271 гласови, или 37,3%.
- 28 април - Се дознава за злоставувањето на затвореници во Абу Граиб во Ирак од страна на американски војници.
- 1 мај - Десет нови членки се примени во Европската Унија: Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Кипар.
- 12 мај - Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
- 4 јули - Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
- 13 август - 29 август - Се одржуваат Летните олимписки игри во Атина.
- 3 ноември - Републиканецот Џорџ В. Буш, по вторпат е избран за претседател на САД.
- 4 ноември - САД ја признаа Република Македонија под уставното име.
- 7 ноември - Се одржува Референдумот во врска со новата територијална поделба на Р Македонија.
- 15 ноември - Хари Костов поднесе оставка на функцијата премиер на Република Македонија.
- 14 декември - Во Хавана е потпишан договор помеѓу Куба и Венецуела со кој се воспоставени темелите на Боливарската алтернатива за Америките.
- 26 декември - Катастрофален земјотрес со интензитет од 9.3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во модерната историја.
Родени
уредиПочинале
уреди- 9 јануари - Норберто Бобио, италијански филозоф
- 26 февруари - Борис Трајковски, македонски претседател
- 27 февруари - Пол Свизи, американски економист
- 22 март - Ахмед Јасин, палестински водач
- 17 април - Абдел Азис ал Рантиси, палестински водач
- 5 јуни - Роналд Реган, американски претседател
- 10 јуни - Реј Чарлс, американски пејач
- 1 јули - Тодор Скаловски, македонски композитор, хорски и симфониски диригент
- 1 јули - Марлон Брандо, американски глумец
- 14 август - Чеслав Милош, полски писател
- 8 октомври - Жак Дерида, француски литературен критичар
- 10 октомври - Кристофер Рив, американски глумец
- 18 октомври - Илија Џувалековски, македонски глумец
- 2 ноември - Тео ван Гог, холандски режисер
- 11 ноември - Јасер Арафат, палестински водач
- 15 декември - Гого Ивановски, македонски поет
- 28 декември - Сузан Зонтаг, американска писателка
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- 2004 на Ризницата ?
- Календарот за таа година