2 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
2 декември — 336-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.
Настани:
1772 | Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска. |
1804 | Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција. |
1805 | Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. |
1942 | Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
1946 | По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци. |
1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
1997 | Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар. |
Родени:
1728 | Фердинандо Галијани — италијански економист и општественик од времето на просветителството. |
1901 | Рајмундо Орси — италијанско-аргентински фудбалер. |
1923 | Марија Калас — американска оперска пејачка. |
1930 | Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
1935 | Рони Метјуз — американски џез-музичар. |
1948 | Антонин Паненка — чешки фудбалер. |
1962 | Владо Бучковски — македонски универзитетски професор и политичар, поранешен премиер на Република Македонија. |
1970 | Максим Тарасов — советски и руски атлетичар. |
1973 | Моника Селеш — југословенска тенисерка. |
1978 | Нели Фуртадо — канадска поп пејачка. |
1981 | Бритни Спирс — американска поп пејачка. |
1987 | Никола Еде — француски велосипедист. |
1989 | Матео Дармијан — италијански фудбалер. |
1999 | Келвин Киптум — кениски маратонец. |
Починале:
1470 | Пјеро ди Козимо де Медичи — владетел на Фиренца. |
1497 | Ана Сфорца — ќерка на Галеацо Марија Сфорца. |
1918 | Едмонд Ростан — француски неороматичарски поет и драмски писател. |
1944 | Филипо Томазо Маринети — италијански поет и теоретичар, основач на футуризмот. |
1974 | Лајош Зилахи — унгарски писател. |
2013 | Педро Роча — уругвајски фудбалер. |
Празници:
1944 | Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија |
* | Светски ден на укинување на ропството |