4 септември
датум
4 септември — 247-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (248-и во престапна година). Остануваат 118 денови до крајот на годината.
<< | септември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | |||||
2024 |
Настани:
476 | Пад на Римското Царство. |
1837 | Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрирал работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 г. веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји. |
1886 | Индијански војни: По скоро 30 години борба, водачот на Апачите, Џеронимо му се предава со неговите преостанати војници на генералот Нелсон Мајлс во Аризона. |
1939 | Втора светска војна: Јапонија прогласува неутралност во Европската војна. |
1940 | За првпат во Втората светска војна, Германска подморница напаѓа брод од САД (УСС Гир) без разлика на неутралноста на САД и предизвикувајќи тензиите да се зголемат. |
1944 | Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа. |
1951 | Првото трансконтинентално телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската мировна конференција. |
1971 | Авион „Боинг 727“ (лет бр. 1866) од Alaska Airlines паѓа близу Џуно, Алјаска, убивајќи 111 луѓе. |
1995 | IV светска женска конферецнија се отвора во Пекинг, со присуство на над 4.500 делегати од 181 земја. |
1996 | Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 г. |
2001 | Објавено првото издание на графичкиот формат „размерлива векторска графика“ (SVG). |
2016 | Папата Франциск ја прогласува Мајка Тереза за светица. |
Родени:
Починале:
1907 | Едвард Григ — норвешки романтистички композитор. |
1944 | Методија Шаторов - Шарло — македонски комунист. |
1963 | Жорж Брак — француски сликар. |
1965 | Алберт Швајцер — француски хуманист, лекар, филозоф и музичар. |
1986 | Валтер Вандерли — бразилски оргулар и пијанист во правците босанова и лаунџ. |
1989 | Жорж Симеон — белгиски писател. |
1991 | Димитар Стојанов - Мире — еден од основоположниците на архивската служба во Македонија. |
1997 | Ханс Ајзенк — германско-англиски психолог. |
1997 | Алдо Роси — италијански архитект. |
2002 | Владо Перлемутер — литванско-француски пијанист. |
2006 | Стив Ирвин — австралијански природонаучник и телевизиски водител. |
2006 | Џакинто Факети — италијански Фудбалер. |
2014 | Џоан Риверс — американска комичарка иводителка на шуто „Модна полиција“. |
2024 | Бора Ѓорѓевиќ — српски и југословенски рок-пејач, член на групата Рибља чорба. |