Младост (езеро)
Езерото „Младост“ (наречено и Велешко Езеро) е вештачка акумулација (езеро) која се наоѓа северно од градот Велес, на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Сообраќајниот пристап е преку асфалтиран локален пат од правец на Велес кој оди по брегот на езерото, минува низ браната и продолжува до автопатот Скопје-Велес. Во рамките на локалитетот постои асфалтиран пат кој го поврзува локалниот пат со комплексот на мотели. Крај самото езеро работи мотелот „Романтик“, а на водите на самото езеро работи мотел-ресторан на бродот „Панини“.
Локалитетот е поврзан со локалната 10 kW мрежа, до него постои телефонска мрежа. Во хидрографски поглед локалитетот се наоѓа покрај акумулацијата “Младост” на реката Отавица. Урбаното планирање на езерото опфаќа: сателитска населба за домување, комерцијални содржини, угостителство и зона за спорт и рекреација.
|