Прејди на содржината

Младост (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Инфокутија за езеро Езерото „Младост“ (наречено и Велешко Езеро) е вештачка акумулација (езеро) која се наоѓа северно од градот Велес, на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Сообраќајниот пристап е преку асфалтиран локален пат од правец на Велес кој оди по брегот на езерото, минува низ браната и продолжува до автопатот Скопје-Велес. Во рамките на локалитетот постои асфалтиран пат кој го поврзува локалниот пат со комплексот на мотели. Крај самото езеро работат многу посетуваните и познати места: мотелот „Романтик“, а на водите на самото езеро работи мотел-ресторан на бродот „Панини“. Езерото било изградено со цел за наводнување на лозовите насади и земјоделските плантажи во околината кои често страдале од суши во минатото.

Денес, езерото „Младост“ е многу посетувано туристичко место. Локалитетот е поврзан со локалната 10 kW мрежа, до него постои телефонска мрежа. Во хидрографски поглед локалитетот се наоѓа покрај акумулацијата “Младост” на реката Отовица, лева притока на реката Вардар. Урбаното планирање на езерото опфаќа: сателитска населба за домување, комерцијални содржини, угостителство и зона за спорт и рекреација. Езерото е најчесто посетено за спортски риболов (застапени се рибите: крап, сом, шаран, бојник), излети и пикници за празници како 1 мај, Илинден и капење во летните месеци. На брегот на езерото постои камп со приколки и шатори во кои често престојуваат луѓе во летниот период. Во околината на езерото се изградени и се уште се градат голем број на викендички. Околните ридови се пошумени со густа борова шума која придонесува за пријатниот амбиент на езерото. Во непосредната околина на езерото се извршени повеќе акции за пошумување во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

Галерија

Предлошка:Никулец за езеро