Прејди на содржината

ФК Висла Краков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:50, 27 мај 2015; направена од Carshalton (разговор | придонеси) (Создадена страница со: {{Infobox football club | clubname = {{flagicon|Полска}} Висла Краков | current = ФК Висла Краков сезона 2014–15|...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Полска Висла Краков
Податотека:Wisła Kraków (crest).png
Прекарибелите ѕвезди
Основан1906
СтадионГрадски стадион во Краков, Краков, Полска
(Капацитет: 43,269[1])
СопственикПолска Роберт Гашински
ТренерПолска Казимиеш Москал
ЛигаЕкстракласа
2013–14Екстракласа, 5-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Висла Краков е фудбалски клуб од Краков, Полска. Се натпреварува во Екстракласа, највисоко ниво на полските професионални фудбалски натпреварувања.

Висла Краков е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во Полска, основан во 1906 година под името ТС Висла. Се наоѓа на третото место по бројот на национални титули освојувајќи го домашното првенство 13 пати само еднаш помалку од Гурник Забже и Рух Хожув кој со 14 титули се водечки клубови во земјата. Меѓутоа, Висла Краков е еден од најуспешните клубови во Полска кога се во прашање последните неколку години, освојувајќи го полскиот шампионат 8 пати во периодот од 1999 година. Заедно со титулите во лигата, Висла исто така, го освојувала полскиот куп 4 пати. Висла исто така, може да се пофали и со успеси во европските натпреварувања и тоа пред се во 1970-тите, достигнувајќи до четврт-финалето во Европскиот куп на шампиони во сезоната 1978-1979 и победувајќи во Интертото купот во 1969, 1970 и 1973 година.

Грбот на клубот претставува бела ѕвезда на црвена позадина врз која дијагонално се протега сина панделка. Основната боја на дресовите е црвена, но резервните дресови се со бела и сина боја. Својте домашни натпревари Висла Краков ги игра на Градскиот стадион во Краков кој има капацитет од преку 33.000 седечки места. Најголем ривал им е екипата на Легија Варшава.

Историја

Висла Краков е основана во мај 1906 година кога студентите од Средното пректично училиште во Краков, инспирирани од нивниот професор Тадеуш Лопушански, формирале фудбалски клуб.[2]

Играчи

Моментален состав

Бр. Позиција Играч
1 Полска ГМ Михал Мишкиевич
3 Полска ОД Михал Чекај
4 Полска ОД Мацеј Садлок
5 Полска ОД Дариуш Дудка
6 Полска ОД Аркадиуш Гловацки (капитен)
7 Полска СР Мацеј Јанковски
8 Уругвај СР Хеан Бариентос
9 Полска СР Рафал Богуски
10 Полска СР Лукаш Гаргула
11 Хаити СР Емануел Шарки
14 Полска НП Мариуш Степински
17 Македонија СР Остоја Стјепановиќ
18 Босна и Херцеговина СР Семир Штилиќ
Бр. Позиција Играч
20 Словенија ОД Бобан Јовиќ
21 Полска ОД Лукаш Бурлига
22 Полска ГМ Михал Бухалик
23 Полска НП Павел Брожек
25 Бразил СР Лукаш Гуедеш
26 Унгарија ОД Ричард Гузмич
27 Полска СР Камил Кучак
30 Полска ГМ Герард Бишчад
34 Полска СР Алан Урига
43 Полска ОД Пјотр Земло
49 Полска ОД Шимон Витек
77 Хаити СР Вилде Доналд Герие

Титули

Домашни

1927, 1928, 1949, 1950, 1951, 1977–78, 1998–99, 2000–01, 2002–03, 2003–04, 2004–05, 2007–08, 2008–09, 2010–11
Вицешампиони (10) : 1930, 1931, 1936, 1948, 1965–66, 1980–81, 1999–2000, 2001–02, 2005–06, 2009–10
1926, 1966–67, 2001–02, 2002–03
Вицешампиони (6) : 1950–51, 1953–54, 1978–79, 1983–84, 1999–2000, 2007–08
2001
Вицешампиони (4) : 1999, 2004, 2008, 2009
2000–01.

Европски

1969, 1970, 1973

Надворешни врски

Наводи

  1. „Informacje“. wisla.krakow.pl. Посетено на 20 November 2011.
  2. „Historia TS Wisła w pigułce“. tswisla.pl. Посетено на 14 January 2012.