Прејди на содржината

Вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вселенски собор или Екуменски совет, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) е собир на епископите кои ја претставуваат целата Црква и претставува колегијален начин на кој Вселенската Епископија се произнесува по религиозните и дисциплински прашања. Во периодот пред Големата шизма (1054), на Вселенските Собори било задолжително присуството на епископи од целата империја. И Православната и Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година, но не се согласуваат само по едно прашање: периодот на одржување на Четвртиот Константиниполски Сабор според католиците бил одржан 869-870 година, додека православните тврдат дека бил одржан 879-880 година. Иако бил повикуван од страна на царевите, тој не бил / не е царска институција: царевите само ги потпишуваат актите усвоени на Вселенскиот Собор, но не би требало да влијаат врз улогата, ниту пак да гласаат - епископите ја имаат целосната автономија во распоравите и одлуките.

Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Сите одлуки се задолжително, но само доколку претходно биле прифатени од сите сестрински цркви.

Често, како замена за Совет или Собор се користи и зборот Синод, иако неговото значење има повеќе локален (месен) отколку светски (екуменски) карактер.

Листа на одржаните Вселенски Собори

Во Новиот Завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во оваа листа.

Осми и Деветти Собор на некои Православни Цркви

Овие два собора се признаени како Вселенски од Католичката Црква, додека од поголемиот број Православни Цркви се сметаат за доста важни локални Собори, но нивниот екуменски-вселенски карактер се оспорува. Сепак, одлуките донесени на овие два Собора се почитуваат од страна на сите Православни Цркви.

  • Осми вселенски собор - Четврти цариградски собор (879-880)

На овој Собор се случило судењето на цариградскиот Патријарх св.Фотиј; уште повеќе, на овој Собор се продлабочиле разликите помеѓу западните и источните Христијани. Исто така, било објавено и учењето за трихотомија.

  • Деветти вселенски собор - Петти цариградски собор (1341-1351)

На овој Собор се потврдиле теолошките учења на св.Георгиј Палама, а се отфрлиле учењата на про-западниот Барлаам од Калабрија.

    • Ерусалимскиот Синод (1672) се смета за уште еден мошне важен Собор за православието. Тој ја определил позицијата на Православието во однос на Романскиот Католоцизам и Протестантизмот. Исто така, за време на овој Собор е дефиниран Библискиот Канон.

Прифаќање на Соборите

Православната Црква ги признава само првите Седум вселенски собори. Некои Православни Цркви ги прифаќаат и Осмиот и Деветтиот како вселенски (Патријаршиите на Цариград, Ерусалим и Антиохија).

Римокатолиците ги признаваат првите Седум вселенски собори, одредуваат уште два Римокатолички Вселенски собори, и на тие додаваат уште дванаесет Римокатолички Вселенски Собори (од кои последниот се случил во периодот 1962-1965, ткн. Втор Ватикански Собор) после Големата Шизма.

Англиканците и Протестантите ги признаваат првите Седум Вселенски Собори, но со доза на резерва. Ориенталното Православие ги прифаќа само првите три Вселенски собори, Асирската Црква само Првиот и Вториот вселенски собор, додека Мормоните и другите цркви кои не ја прифаќаат Догмата за Пресветото Тројство не признаваат ниту еден Вселеснки собор.

Надворешни врски