Прејди на содржината

Параштитна жлезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:59, 19 мај 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Хипопаратироидизам: Јазична исправка, replaced: летални → смртоносни)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Параштитна жлезда
Дијаграм на кој е прикажана штитната жлезда. Четирите зелени засенчени делови ги претставуваат четирите параштитни жлезди, кои се наоѓаат зад штитната жлезда.
Положба на параштитните жлезди:
1. Штитна жлезда
2. Параштитни жлезди
    
Податоци
СистемЕндокрин
Назнаки
Латинскиglandula parathyreoidea inferior, glandula parathyreoidea superior
MeSHA06.407.560
TAA11.4.00.001
FMAFMA:13890

Параштитната или паратироидна жлезда е ендокрина жлезда која се наоѓа на штитната жлезда. Бројот на параштитните жлезди е различен: кај рибите отсуствуваат, другите ‘рбетници имаат четири параштитни жлезди, додека човекот има три до четири, а некогаш и повеќе вакви жлезди.

Функција

[уреди | уреди извор]

Хормонот на параштитната жлезда се нарекува паратхормон. Заедно со витаминот D, тој учествува во метаболизмот на калциумот и фосфорот.

Клиничко значење

[уреди | уреди извор]

Хиперпаратироидизам

[уреди | уреди извор]

При зголемено лачење (хиперфункција) на овој хормон, доаѓа до намалување на концентрацијата на фосфорот, а до зголемување на концентрацијата на калциумот во крвта. Со оваа промена можат да настанат одредени деформации на коските.

Хипопаратироидизам

[уреди | уреди извор]

При хипофункција на паратхормонот, состојбата е обратна. Со намалување на калциумот во крвта доаѓа до негово натрупување во коските и забите. Во таква состојба се надразнуваат нервите, со што се поттикнуваат грчеви (состојба позната како тетанус) на мускулите кои можат да бидат и смртоносни.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]