Прејди на содржината

Нимфа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 15:22, 17 ноември 2021; направена од Andrew012p (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Дријада, Evelyn De Morgan

Нимфа, во старогрчката и во римската митологија — млади и убави божици од понизок ред,[1] најчесто претставени како женски ентитети на природата, врзани за одредена локација или во служба на некој бог или божица. Нимфите биле честа мета на завидливите сатири.

Според Валтер Буркет, „Идејата дека реките се богови и изворите божествени нимфи има длабоки корени не само во поезијата, туку и во вербата и ритуалите; обожувањето на овие божества е ограничено само од фактот дека неразделно се идентификуваат со одредена локација.“ Нимфите се персонификации на кретивните и потхранувачки активности на природата, многу често идентификувани со моќта за дарување на живот на изворите. Во грчкиот јазик, зборот „νύμφη“ меѓу другото, значи „невеста“ или „покриена со вел“, односно млада жена за мажење. Домот на нимфите е на планините и низините, покрај извори и реки, во долини и студени пештери. Тие често се поврзуваат со супериорни божества: ловџиката Артемида; пророкот Аполон; богот на виното Дионис. Симболичниот брак на нимфата со патријархален водач, често епоним за луѓе, бескрајно се повторува во грчките митови.

Класификација на нимфите

[уреди | уреди извор]

Различните видови на нимфи понекогаш се разликуваат според различните сфери на природата со кои тие се поврзуваат. Притоа, тие ја оживувале природата: шумите, реките, изворите, полињата, ливадите итн.[2] Сепак, многу од овие разлики можеби биле измислени подоцна. Така, следнава не е грчка класификација, туку едноставен модерен водич:

  • Земјени нимфи
    • Алсеиди (Alseids) (низини, долини)
    • Напеи (Napaeae) (планински долини, долини)
    • Авлонијади (Auloniads) (пасишта)
    • Леимакиди (Leimakids) (ливади)
    • Ореади (Oreads) (планини, пештери)
    • Минти (Minthe) (нане)
    • Хеспериди (Hesperides) (градини)
      • Аегла (Aegle) ("заслепувачка светлина")
      • Аретуза (Arethusa)
      • Еритеја :или Еритеис: (Erytheia или Erytheis)
      • Хеспереја :или Хесперија: (Hesperia или Hespereia)
      • Хеспера :или Хеспира: (Hespera or Hespere)
    • Хамадријади (Hamadryads) (дрвја)
  • Водни нимфи
    • Хелеади (Helead) (бара)
    • Океаниди (Oceanids) (каква било вода, обично солена)
    • Нереиди (Nereids) (Средоземно Море)
    • Најади или Наиди (Naiads) (обично слатка вода)[1]
      • Кринаи (Crinaeae) (извори)
      • Лимнади :или Лимнатиди: (Limnades или Limnatides) (езера)
      • Пегаи (Pegaeae) (врутоци)
      • Потамеиди (Potameides) (реки)
      • Елејономеи (Eleionomae) (мочуришта)
  • Дрвјени нимфи
    • "Коријтски Нимфи" (Corycian Nymphs) (Класични Музи)
    • Лампади (Lampades) (подземје)

Нимфите како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Нимфите се јавуваат како тема во уметноста и во популарната култура. Во визуелните уметности, најчесто, тие се претставени како голи или полуголи девојки, кои умираат заедно со некој извор или некое дрво.[2] Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на нимфите, како:

  1. 1,0 1,1 „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 107.
  2. 2,0 2,1 A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 224.
  3. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 77-79.
  4. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 221-229.
  5. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 286.
  6. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 593.