Прејди на содржината

Миндер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 17:20, 5 јули 2022; направена од P.Nedelkovski (разговор | придонеси) (изменета категоризација)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Миндер

Миндер[1] или диван[2] — дрвен одар за седење покрај ѕид. Овој архитектонски елемент во ентериерот се поставува најчесто под парапетот на прозорците и е расположен по должината на една или повеќе страни на одајата. Истиот во недостаток на простор за складирање во македонската куќа се користи и како сандак за постелнина и останатата покуќнина.

Историја

[уреди | уреди извор]

Миндерот како елемент изработен во дрво, под влијание на ориенталната архитектура, во ентериерот на македонската куќа се инкорпорира во XVIII и XIX век. Истиот во ентериерот на македонската куќа од XX век често е заменет со подвижна гарнитура.

Особености

[уреди | уреди извор]

Миндерот најчесто е неподвижен елемент во ентериерот. Составен е од два дела, за седење и потпирање. Висок е 45см и 50-55см широк. Изработен е од дрво, со една или повеќе комори за складирање. Најчесто е прекриен со черги и украсни перници.