Кемпова Земја
Кемпова Земја (англиски: Kemp Land) — тенок појас на Антарктикот кој завршува со Кемповиот Брег. Дел е од Австралиската Антарктичка Територија и се наоѓа помеѓу 56° 25' ИГД и 59° 34' ИГД, ограничен од 60° ЈГШ како сите други отсечоци на континентот. Се граничи со Мак. Робертсоновата Земја на исток и Ендербиевата Земја на запад. Во Кемповата Земја спаѓа и Ејгарденовата Група на острови.[1]
Теренот достигнува висина од 1.020 м.н.в.[2]
Истражување
[уреди | уреди извор]Земјата е наречена по фоколовниот капетан Питер Кемп, кој прв ја здогледал во 1833 г. од својот бригот „Магнет“[3] Во 1930 г. Британската австралиско-новозеландска истражувачка експедиција (BANZARE) под водство на Даглас Мосон „Дискавери“ ја ја разграничила бреговата линија како соседна на Ендербиевата и Мак. Робертсоновата Земја. Во 1936 г. брегот е картографски преработен од пловилото „Вилијам Скорсби“.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Кемповата Земја на SCAR (англиски)
- ↑ Географски информации за Кемповата Земја — Mapcarta (англиски)
- ↑ Jones, A. G. E. (август 1968). „Captain Peter Kemp and Kemp Land“. Society for Nautical Research. Посетено на 24 септември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кемповата Земја на SCAR (англиски)
- Карта на Кемповата Земја
|