Кагајан
Cagayan | |
Провинцискиот грб на Cagayan | |
Мапа на Филипините со факти за Cagayan | |
Регион | Кагајанска Долина (Регион II) |
Главен град | Тугегарао |
Дивизии | |
- Високоурбанизирани градови | 0 |
- Составни градови | 1 |
- Општини | 28 |
- Барангај | 820 |
- Конгресни окрузи | 3 |
Население | 25-та |
- Вкупно (2000) | 993.580 |
- Густина | 110/km² (16-та најмала) |
Површина | 3-та |
- Вкупно | 9.002 km² |
Основана | 1581 |
Јазици | Илокано, Ибанаг, Итавис, други. |
Гувернер | Алваро Антонио (Lakas-CMD/Liberal) |
Кагајан — покраина на Филипините во регионот Кагајанска Долина на островот Лусон. Главен град е Тугегарао и е сместен во североисточниот агол на Лусон. Кагајан ги вклучува Бабујанските Острови на северот. Покраината граничи со Северен Илокос и Апајао на запад, и Калинга и Исабела на југ.
Демографија
Мнозинството од населението се Илокани, кои претежно се доселеници од регионот Илокос. Додека домородни народи се Ибаназите, кои биле прво христијанизирани од шпанските мисионери. Тие се служат со јазикот Ибанаг.
Стопанство
Земјоделието е најзастапено преку оризот, пченката, кикириките, грашокот, и овошјето. Исто така и дрвната индустија е застапена со обработка на дрва и бамбус.
Административна поделба
Кагајан е поделен на 28 општини и еден град (Тугегарао), има 3 конгресни окрузи и 816 барангаи.
Надворешни врски
- Официјално мрежно место Архивирано на 27 јуни 2006 г.
- WOW Philippines - Cagayan Архивирано на 9 април 2008 г.