Арагорн
Арагорн II е измислен лик од новелите на Џ. Р. Р. Толкин, еден од главните ликови во Господарот на прстените. Најпрвин се појавува под името Страјдер, како што хобитите и натаму ќе го нарекуваат. На крајот од Господарот на прстените крунисан е како Крал Елесар Телконтар.
Историјат на ликот
[уреди | уреди извор]Според додатокот во Враќањето на кралот, Арагорн е потомок на Арагорн I, роден на 1 март 2931 година на третиот период, син е на Араторн II и неговата сопруга Гилраен. Арагорн е половина елф и близнак брат на првиот крал Нуменор.
Кога Арагорн имал две години, татко му бил убиен во борба со Орките. Тогаш Арагорн е однесен во Ривендел и одгледан од Елронд. На барање на мајка му, неговото потекло е чувано во тајност, бидејќи може да биде убиен како потомок на Изилдур. Па така, Арагорн е прекрстен во Естел (со значење „надеж“ според синдаринскиот јазик, измислен од Толкин за потребите на книгата) и така е скриено неговото постоење од Саурон и неговите слуги. Самиот тој не знаел за своето потекло, сè до 2951 година.
Семејно стебло
[уреди | уреди извор]Eärendil = Elwing | Celeborn = Galadriel | | --------|-------- | | | | | | | Elros Elrond = Celebrían : | Кралеви на Нуменор | : | Lords of Andúnië | : | Elendil † | | | -----|------- | | | | † High King of Arnor and Gondor | | | Isildur † Anárion | : : | : : | Кралеви на Кралеви на | Арнор Гондор | : : | : : | : Eärnur ‡ | ‡ Последниот крал на Гондор : | Chieftains of | the Dúnedain | : | : | Arathorn II = Gilraen | | | | | ARAGORN II ELESSAR = Arwen | -------|------- | | | | Eldarion неименувана ќерка