Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Барби (германски: Barby) — град во округот Залцланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Елба, во близина на вливањето на Зале, приближно 25 километри југоисточно од Магдебург. Со административната реформа на 1 јануари 2010, поранешните општини на заедницата на општиниЕлба-Зале, освен Гнадау, кои се приклучи на Барби во септември 2010.
Тврдината во Барби била првпат спомената во 961 во декрет на гермаскиот крал Отон I. Од 12 век, областа на грофовијата Барби била наследена од соседниот Арнштајн, кој доби царска непосредност во 1497. По исчезнувањето на династијата во 1659, грофовијата Барби припаднало на војводството Саксо-Вајсенфелс, управуван од млада гранка од електорската саксонска династија Ветин. Кога војводата Георг Албрехт фон Саксо-Вајсенфелс умрел во 1739, Барби припаднал на Електорат Саксонија.