Прејди на содржината

Кирил Петков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Кирил Петков
56. премиер на Бугарија
На должноста
13 декември 2021 – 2 август 2022
Претседател Румен Радев
Претходник Стефан Јанев
Наследник Галаб Донев
Лични податоци
Роден(а) 17 април 1980(1980-04-17)(44 г.)
Пловдив, Бугарија
Државјанство
  • Бугарија
  • Канада (до 2021)
Партија Продолжуваме со промената
Сопружник Линда Мекензи (в. 2000)
Деца 3
Установа
Занимање
  • политичар
  • економист
  • претприемач

Кирил Петков Петков (17 април 1980 во Пловдив) — бугарски политичар, економист и стопанственик. Тој е Премиер на Бугарија од 13 декември 2021 година.[1] Заедно со Асен Василев ја предводил „Продолжуваме со промената“ (ПП), нова политичка формација во Бугарија која освои најмногу гласови на парламентарните избори во ноември 2021 година. Пред да стане премиер, од мај до септември 2021 година Петков е министер за економија во првата техничка влада на Стефан Јанев.

Рани години и образование

Петков е роден во 1980 година во Пловдив, но израснал во Софија, каде неговите родители работеле како учители. Неговите родители емигрирале во Канада во 1994 година. Подоцна и тој се преселил кај нив и живеел со нив во Ванкувер.

Во Ванкувер, Петков дипломирал финансии на Универзитетот на Британска Колумбија. Потоа студирал на Харвард, каде се стекнал со магистратура по бизнис-администрација. Петков бил рангиран меѓу првите 10 % од неговата група. Еден од неговите предавачи бил Мајкл Портер, кај кого Петков специјализирал за развој на кластер-стратегии.[2]

Кариера

Петков работел за канадската компанија за храна Мекејн фудс како менаџер за корпоративен развој. Од 2007 година Петков развива проекти од областа на иновациите со висока додадена вредност. Неговата компанија Провиотик поседува неколку американски патенти во областа на биотехнологијата.

Петков е еден од основачите на Центарот за економски стратегии и конкурентност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, кој е поврзан со Харвард. Во Центарот предава курсеви за економски развој и микроекономија на конкурентност.

Во политиката

Од 12 мај до 16 септември 2021 година Петков е министер за економија во првата преодна влада на Стефан Јанев.

На 19 септември 2021 година Петко и Асен Василев го објавиле политичкиот проект „Продолжуваме со промената“. Во рамките на истиот, Петков бил кандидат за пратеник и учествувал на парламентарните избори на 14 ноември 2021 година како носител на листите на коалицијата „Продолжуваме со промената“ во два реони. Петков е избран за пратеник во 47. народно собрание на Република Бугарија.

На 13 декември 2021 година Петков е избран за премиер на Република Бугарија. Владата на Кирил Петков паѓа на 22 јуни 2022 година по успешното гласање за недоверба.

Наводи

  1. „Bulgarian parliament backs Kiril Petkov as PM“ (англиски). POLITICO. 2021-12-13. Посетено на 2021-12-13.
  2. „Президентът Радев обяви служебното правителство - вижте кои са министрите“. bntnews.bg (бугарски). 11 мај 2021. Посетено на 6 јануари 2022.