Евровизија 2013
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Избор за песна на Евровизија | |
---|---|
Домаќин | Шведска |
Локација | Арена Малме, Малме, Шведска |
Презентери | Петра Меде |
Режисер | Мартин Оѕтердал |
Број на земји | 39 |
Евровизија 2013 бил 58. избор за песна на Евровизија. Настанот се одржа во град од победничката земја на Евровизија 2012, Шведска, а според досегашните тврдења тоа е градот Малме, бидејќи има одлична инфраструктура.
Прелиминарни дати се предвидени за двете полуфиналиња на 14ти и 16ти мај 2013, а финалето е планирано на 18ти мај 2013.[1] Нешто што најверојатно ќе биде карактеристично оваа година е тоа што шведскиот национален сервис одлучи да има само еден презентер на Евровизија во 2013 година, што не беше пракса изминатите неколку години. Вакво нешто последен пат беше изведено на Евровизија 1995 кога имаше само еден соло презентер. Графичкиот дизајн за 2013 година е препуштен во рацете на Gothenburg-based branding agency Happy F&B. Спонзори на Евровизија 2013 ќе биде телекомуникацискиот сервис „Телија Сонер“, како и неколку годишниот партнер „Schwarzkopf“.
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]До 21 декември 2012, следните земји го потврдија нивното присуство:
- Унгарија[2]
- Шведска[3]
- Холандија
- Албанија
- Австрија
- Белорусија
- Шпанија
- Ерменија
- Германија
- Норвешка
- Финска
- Естонија
- Данска
- Ирска
- Швајцарија
- Србија
- Франција
- Романија
- Бугарија
- Обединето Кралство
- Израел
- Словенија
- Исланд
- Хрватска
- Литванија
- Белгија
- Русија
- Малта
- Молдавија
- Грузија
- Азербејџан
- Украина
- Италија
- Сан Марино
- Кипар
- Грција
- Латвија
- Македонија
- Црна Гора
- Холандија
Прва полуфинална вечер
[уреди | уреди извор]Во првата полуфинална вечер право да гласаат ќе имаат и Италија, Шведска и Велика Британија, како членови на големата петорка.
БР. | Земја учесник | Песна |
---|---|---|
1 | Данска | |
2 | Хрватска | „Мижерја“ |
3 | Украина | „Gravity“ |
4 | Холандија | „Birds“ |
5 | Австрија | |
6 | Словенија | |
7 | Естонија | |
8 | Русија | „What if“ |
9 | Литванија | „Something“ |
10 | Србија | |
11 | Ирска | |
12 | Белорусија | „Solayoh“ |
13 | Кипар | „An me thimasai“ |
14 | Црна Гора | |
15 | Белгија | „Love kills“ |
16 | Молдавија |
Втора полуфинална вечер
[уреди | уреди извор]Во втората полуфинална вечер гласаат и Германија, Франција и Шпанија, како членови на големта петорка.
БР. | Земја учесник | Песна |
---|---|---|
1 | Латвија | „Her we go“ |
2 | Азербејџан | „Hold me“ |
3 | Малта | „Tomorrow“ |
4 | Исланд | „Eg a lif“ |
5 | Сан Марино | „Crisalide“ |
6 | Македонија | „Пред да се раздени“ |
7 | Финска | „Marry me“ |
8 | Бугарија | „Само шампиони“ |
9 | Израел | „Rak bishvilo“ |
10 | Норвешка | „I feed you my love“ |
11 | Албанија | „Identitet“ |
12 | Унгарија | „Kadvesem“ |
13 | Швајцарија | „You and me“ |
14 | Грузија | „Waterfall“ |
15 | Грција | „Alcohol is free“ |
16 | Ерменија | „Lonely Planet“ |
17 | Романија | „Its my life“ |
Финале
[уреди | уреди извор]Ред.бр.[4] | Држава[5] | Јазик[6] | Исполнувач[7] | Песна[7] | Превод | Место | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|---|
01 | Франција | Француски | Amandine Bourgeois | "L'enfer et moi" | Пекол и јас | 23 | 14 |
02 | Литванија | Англиски | Andrius Pojavis | "Something" | Нешто | 22 | 17 |
03 | Молдавија | Романски | Aliona Moon | "O mie" | Илјада | 11 | 71 |
04 | Финска | Англиски | Krista Siegfrids | "Marry Me" | Омажи ме | 24 | 13 |
05 | Шпанија | Шпански, англиски | El Sueño de Morfeo | "Contigo hasta el final" | Со тебе сè до крајот | 25 | 8 |
06 | Белгија | Англиски | Roberto Bellarosa | "Love Kills" | Љубовта убива | 12 | 71 |
07 | Естонија | Естонски | Birgit | "Et uus saaks alguse" | Може да има нов почеток | 20 | 19 |
08 | Белорусија | Англиски | Alyona Lanskaya | "Solayoh" | — | 16 | 48 |
09 | Малта | Англиски | Gianluca Bezzina | "Tomorrow" | Утре | 8 | 120 |
10 | Русија | Англиски | Dina Garipova | "What If" | Што ако | 5 | 174 |
11 | Германија | Англиски | Cascada | "Славна" | — | 21 | 18 |
12 | Ерменија | Англиски | Dorians | "Lonely Planet" | Осамена планета | 18 | 41 |
13 | Холандија | Англиски | Anouk | "Birds" | Птици | 9 | 114 |
14 | Романија | Англиски | Cezar Florin Ouatu | "It's My Life" | Мој живот | 13 | 65 |
15 | Обединето Кралство | Англиски | Bonnie Tyler | "Believe in Me" | Верувај во мене | 19 | 23 |
16 | Шведска | Англиски | Robin Stjernberg | "You" | Ти | 14 | 62 |
17 | Унгарија | Унгарски | ByeAlex | "Kedvesem" | Моја драга | 10 | 84 |
18 | Данска | Англиски | Emmelie de Forest | "Only Teardrops" | Само солзи | 1 | 281 |
19 | Исланд | Исландски | Eyþór Ingi Gunnlaugsson | "Ég á líf" | Јас сум жив | 17 | 47 |
20 | Азербејџан | Англиски | Farid Mammadov | "Hold Me" | Чувај ме | 2 | 234 |
21 | Грција | Грчки | Koza Mostra feat. Agathonas Iakovidis | "Alcohol Is Free" | Алкохолот е бесплатен | 6 | 152 |
22 | Украина | Англиски | Zlata Ognevich | "Gravity" | Гравитација | 3 | 214 |
23 | Италија | Италијански | Marco Mengoni | "L'essenziale" | Суштина | 7 | 126 |
24 | Норвешка | Англиски | Margaret Berger | "I Feed You My Love" | Те хранам, љубов моја | 4 | 191 |
25 | Грузија | Англиски | Nodiko Tatishvili и Sopho Gelovani | "Waterfall" | Водопад | 15 | 50 |
26 | Ирска | Англиски | Ryan Dolan | "Only Love Survives" | Само љубовта преживува | 26 | 5 |
Земји учесници
[уреди | уреди извор]Македонија
[уреди | уреди извор]Според изборот на МРТВ како членка на Европската радиодифузна заедница, за претставници на Евровизија 2013 ги избра кралицата на ромската музика - Есма Реџепова и младиот Влатко Лозаноски.[8] Песната која ќе ја претставува Македонијана изборот за песна на Евровизија е „Пред да се раздени“. Песната е во џипси-поп стил, испеана на македонски и на ромски јазик.
Малта
[уреди | уреди извор]Претставничка на Малта за Евровизија 2013 е младата 17-годишна Доминик Азопаради. Младата Доминик по неколку обиди да стапне на сцената на Детскиот Евросонг, во 2013 ќе ја претставува својата земја како најмлад учесник на Евровизија.[9]
Грузија
[уреди | уреди извор]Грузиската национална телевизија GBP за свои претставници во Малме ги избра Ноди Татишвили и Софија Џеловани.[10]
Украина
[уреди | уреди извор]Во 2013 година во Малме свој претставник праќа и Украина. На својот национален избор победата ја однесе Злата Огневич, која ја доби шансата да ја претставува својата земја на Евровизија.[11]
Албанија
[уреди | уреди извор]Откако Албанија се приклучи кон евровизиското семејство во 2004 година го организира националниот избор за песна на Евровизија. Според нивниот обичај песната се избира во декември на фестивалот „Festivali i Këngës“, а во 2013 претствници на Албанија се: Адријан Лулѓурај и Бледар Сејко.[12]
Литванија
[уреди | уреди извор]Литванија на својот национален избор ги претстави своите пејачи, а Литванците сами одлучија нивен претставник да биде Адриус Појавис со песната „Something“.[13]
Црна Гора
[уреди | уреди извор]Црногорците на Евровизија 2013 ќе го пратат хип-хоп дуото „Who See“.[14]
Шпанија
[уреди | уреди извор]Иако учеството на Шпанија на Евровизија во 2013 не беше сигурно, во последен момент националната шпанска телевизија одлучи нивни претставници во 2013 да бидат членовите од групата „El Sueño De Morfeo“.[15]
Белгија
[уреди | уреди извор]Јавниот национален сервис на Белгија ја донесе одлуката за својот претставник, а тоа е Роберто Белароса, но Белгијците имаа можност да изберат една од трите песни на фестивалот кои ги пееше Роберто. По пат на смс гласање и со помош на жирито одлучено е песната на Роберто да биде - „Love Kills“.[16]
Швајцарија
[уреди | уреди извор]Швајцарскиот национален сервис за свои претставници го избра оркестарот Хеилсарме. Швајцарија најверојатно ќе биде земјата која го има најстариот претставник на Евровизија до сега кој има скоро 94 години, а е член на овогодинешниот евровизиски бенд на Швајцарија.[17]
Белорусија
[уреди | уреди извор]Белорусија беше првата земја која го избра својот претставник за Евровизија, со комбинација од 50/50 гласови по пат на смс и професионално жири, кои одлучија да ги претставува Алјона Ланскаја.[18]
Словенија
[уреди | уреди извор]Словенечката национална телевизија RTVSLO донесе одлука нивен претставник на Евровизија 2013 да биде Хана Манцини.[19]
Кипар
[уреди | уреди извор]Државната телевизија на Кипар за своја претставничка заедно со повеќечлена комисија донесе одлука на изборот да ја прати својата млада пејачка Деспина Олимпиоу. Кипарската песна е на грчки јазик. Композитор на песната е Андреас Гиоргалис, а текстот на Зенон Зенгилис.[20]
Сан Марино
[уреди | уреди извор]Националнио т сервис на Сан Марино за своја претставничка повторно ја избра Валентина Монета со песната Crisalide, за која композитор е Ралф Сиегел, а текстот го потпишува Мауро Балестри.[21]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Roxburgh, Gordon. „Dates announced for 2013 Contest“. European Broadcasting Union. Посетено на 23 May 2012.
- ↑ „Maďarské národní kolo zakončil úspěch u diváků“. eurocontest.cz (чешки). 14 February 2012. Архивирано од изворникот на 2014-05-13. Посетено на 23 May 2012.
- ↑ Toronidis, Theofilos (26 March 2012). „Sweden: New venue for Melodifestivalen 2013 final“. ESCDaily.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 23 May 2012.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеfinaldraw
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име39 countries
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLanguage List
. - ↑ 7,0 7,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеParticipants
. - ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=esma_and_vlatko_are_the_choice_of_fyr_macedonia
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=malta_domenique_ready_for_main_eurovision
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=nodi_tatishvili_and_sophie_gelovani_to_represent_georgia_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=zlata_ognevich_is_a_happy_winner_in_ukraine
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=adrian_lulgjuraj_and_bledar_sejko_win_festivali_i_kenges
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=andrius_pojavis_wins_lithuanian_final
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=who_see_to_represent_montenegro_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=esdm_-_el_sueno_de_morfeo_will_represent_spain_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=roberto_to_sing_love_kills_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=its_xxx_for_switzerland
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=alyona_lanskaya_to_represent_belarus_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=72763&_t=hannah_to_represent_slovenia_in_malmoe
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=its_despina_olympiou_for_cyprus
- ↑ http://www.eurovision.tv/page/news?id=its_valentina_monetta_again_for_san_marino
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
2020 ·
2021
2022 · ·
2023
|