Прејди на содржината

Александра Павлова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра Павлова
Родена 9 април 1987(1987-04-09)(37 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Александра Павлова (р. 9 април 1987 во Скопје) — македонска глумица, која моментlно работи во Драмски театар - Скопје.

Образование

[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование ги завршила во својот роден град Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на Dрамскиот факултет при Државниот универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за уметнички претстави (театар, филм и музика). Како стипендист на програмата „Overseas“, учебната 2009/10 година од своите последипломски студии, ја поминала во Соединетите Држави, на Висконскиот универзитет во Медисон, на одделот Филм и мултимедијална продукција.[1]

По своето враќање во Македонија, Павлова била вработена во Драмскиот театар и досега има играно во претставите: „Македонска крвава свадба“, „Архелаос или Еврипис се враќа на Балканот“, „Солунски патрдии“, „Кавкаски круг со креда“ и други.

  1. Ристевски, Никола (13 септември 2015). „Иднината на Македонија е во наши раце (интервју со Александра Павлова)“. Скопје: ЛОЗА. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 29 февруари 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]