Прејди на содржината

Историја на астрологијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија



Историјата на астрологијата опфаќа голем дел од историјата воопшто. Верувањето во поврзаноста меѓу небото и настаните на Земјата е дел од многу култури. Сè до 17 век астрономијата и астрологијата биле тесно поврзани. Астрономијата е сфаќана повеќе математички, а астрологијата како нејзин филозофски аспект. Но, генерално, оние што ја практикувале една, ја познавале и другата наука. Исто така, историјата на астрологијата е тесно поврзана и со историјата на религијата.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Не може да се посочи прецизен датум за почеток на астрологијата, но денес се знае мегалитните монументи (како Стоунхенџ, на пример) упатуваат на астрономски односно астролошки ритуали. Може да претпоставиме дека раните астролошки опсервации ги правеле луѓе на кои им било важно да ги планираат своите животи, и кои сметале дека е потребно да знаат кога ќе се случи наредниот сонцестој, рамноденица или полна месечина.

За нашите предци било императив да се знае кога ќе се случи суша, поплава, студ, жештини, за да можат да ги планираат жетвите и миграциите. Во древен Египет, каде никогаш не се развила посебна астрологија, сепак има докази за запишување на месечевите мени.

Вавилон и Месопотамија

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Вавилонска астрологија

Месопотамија, земјата на долината Тигар-Еуфрат, денешен Ирак, долго е сметана од историчарите за „колевка“ на цивилизацијата. Најраниот познат астролошки текст што го имаме денес е од околу 1600 г. п.н.е. Текстот е наречен „Венеријански таблици на Амисадука“ (Venus Tablet of Amisaduqa), напишан за време на владеењето на кралот Амисадука на Вавилон, меѓу 1646 и 1626 година п.н.е. Во овие таблици, Венера ги добива атрибутите на традиционално добар предзнак. „Венеријанските таблици“ се дел од серијата таблици на предзнаци познати како „Енума Ану Енлил“ (во превод “Кога боговите Ану и Енлил...“) што се зачувани во билбиотеката на асирскиот крал Асурбанипал (669-626 п.н.е.).[1]

Библиотеката на Асурбанипал го содржи и првиот познат ѕвезден каталог „Мул Апин“ (околу 687 г. п.н.е.), запис на вавилонските обиди да се нацрта небото.[2]

Огромно напредување се случува во астрологијата во 432 г.п.н.е. со првата употреба на зодијачките знаци, и првиот поединечен хороскоп од 409 г.п.н.е.[2] Важно е да се напомене дека поради збунувачките историски докази, не сите историчари се согласуваат со овие прецизни датуми. После инвазијата на Александар Македонски (331 п.н.е.), разликата меѓу хеленската и месопотамската култура станува нејасна. Една од последиците на овие нејасности е што не може секогаш со сигурност да се каже кои напредоци се на Грците, а кои на Вавилонците.

Хеленистички и римски период

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Хеленско-римска астрологија

Од Вавилон, астрологијата е пренесена во Стара Грција. Како основач на грчката астрономија обично се смета Талес (624 п.н.е.), а Анаксименес (околу 550 г.п.н.е.) се смета за важна фигура во развојот на астрономијата, иако малку се знае за неговата работа. Нему му се припишува познатата максима: „Како горе, така и долу“.

Најпознатата приказна што се однесвуа на астролозите од тоа време доаѓа до нас во вид на легенда за раѓањето на Александар Македонски, во 357 г. п.н.е. Како што запишал астрологот од XVIII век, Ебенезер Сибли, астрологот Нектанебус бил присутен на чинот на раѓањето на Александар, и ја преколнувал мајка му да не го раѓа бебето додека тој не каже дека може. Нектанебус астролошки пресметал дека ако бебето се роди во одреден момент - ќе биде крал на светот, а како што знаеме, неговото залагање било успешно. Исто така се вели дека смртта на Александар била предвидена од астролозите во Вавилон.

Првиот латински писател што ја спомнува астрологијата е Ениус (239-169 п.н.е.), а неговиот став бил скептичен. Големиот оратор, Като, во 149 г. п.н.е. јавно предупредувал против консултирањето на „халдејците“, кои ги нарекол „опасно странско влијание“.

Сепак, астрологијата била прифатена од водечките фигури во Рим. Марк Антонио и Октавијан имале свои астролози. Наредните императори ја отстранувале астрологијата до тој степен, што понекогаш ги убивале астролозите ако им даделе астролошки совет.

Астрологијата и исламот

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Арапска и персиска астрологија
Главна статија: Исламска астрологија

Постојат три големи периоди во исламската астрологија: првиот во 8 и 9 век во Багдад, Каиро и Дамаск, вториот во Шпанија од 10 до 12 век, и третиот во Персија во 13 и 14 век.

Првиот познат арапски хороскоп бил направен по повод крунисувањето на кралот Косро Аносхарван, на 18 август 531 година.[3] Но сепак, традиционалниот почеток на астрологијата во муслиманскиот свет е датиран со преводот на индискиот текст „Сиданда“ на арапски како „Синдинд“, по наредба на калифот Ал-Мансур во Багдад, во 770-773 година.[3]

Меѓу придобивките од арапската астрологија е и користењето на т.н. фиксни ѕвезди при толкување на астролошката карта. До денес се зачувани астролошки описи на околу 100 ѕвезди.

Астрологијата во средниот век и ренесансата во Европа

[уреди | уреди извор]

Во текот на „мрачното доба“ во Европа (после падот на Римското Царство), многу знаења и учења биле заборавени. Будењето на астрологијата во западна Европа му се припишува на англискиот калуѓер Алкуин, роден во 735 година. Алкуин ја основал првата голема средновековна школа во Абеј, близу Тур, а забележано е дека меѓу другите предмети што ги предавал била и астрологијата.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 10. (специјално издание за потребите на Факултетот за астролошки стуии, Лондон)
  2. 2,0 2,1 Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 11. (специјално издание за потребите на Факултетот за астролошки стуии, Лондон)
  3. 3,0 3,1 Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 38.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)