Прејди на содржината

Дарон Гибсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарон Гибсон
Лични податоци
Роден на 25 октомври 1987(1987-10-25)(37 г.)[1]
Роден во Дери, Северна Ирска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Сандерленд Сандерленд
Број 24
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2012 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 31 (3)
2006–2007Антверпен (заем) 31 (1)
2007–2008Вулверхемптон Вулверхемптон (заем) 21 (1)
2012–2017 Евертон Евертон 51 (2)
2017– Сандерленд Сандерленд 13 (0)
Репрезентација
2007– Ирска 27 (1)
* Ажурирано на: 13 август 2017
** Ажурирано на: 31 мај 2016

Дарон Томас Даниел Гибсон (роден на 25 октомври 1987) — ирски фудбалер кој игра во средниот ред за екипата на Сандерленд и репрезентацијата на Република Ирска. Тој исто така играл за Манчестер Јунајтед од каде бил позајмуван во белгискиот Антверпен и Вулверхемптон Вондерерс. Во Сандерленд тој преминал од Евертон.

Во 2007 година, Гибсон, кој е роден во Дери, Северна Ирска, беше во центарот на спорот меѓу ФАИ и ИФА, пред тој самиот да се одлучи да игра за Република Ирска наместо за Северна Ирска.[2][3] Случајот бил прифатен од ФИФА ​​и било разговарано во Собранието на Северна Ирска.[4][5][6] Спорот конечно беше решен во 2010 година, кога Гибсон добил пасош на Република Ирска, според кој луѓето родени во Северна Ирска, имаат право да одберат за кого ќе играат било за Република или Северна Ирска.[7]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Поранешниот ученик на Колеџот Свети Колумб, Гибсон играл фудбал како јуниор во Дери лигата, а потоа тренира во младинските категории на Институт, пред да му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2004 година. Тој го направи своето деби за првиот тим на Јунајтед на 26 октомври 2005 година во Лига купот против Барнет, кога влезе како замена за Ли Мартин. Во текот на сезоната 2005-06 тој играше стандардно за резервите на Манчестер Јунајтед, помагајќи им да освојат тројна круна. Тој направи 19 настапи, постигнувајќи два гола. Во мај 2006 година, тој ја освои престижната Џими Марфи награда како младински играч на Јунајтед на годината со што добил шанса редовно да игра за сениорска екипа за време на пред-сезонските, летни, подготвителни натпревари, заедно уште со Донг Фангжуо, Џони Еванс, Фреизер Кембел и Дани Симпсон.

Периоди на заем во Антверпен и Вулверхемптон

[уреди | уреди извор]

Гибсон беше еден од неколкуте играчи на Јунајтед кои отидоа на заем во сезоната 2006-07 во Антверпен. Во октомври 2007 година, тој беше позајмен повторно, овој пат во Вулверхемптон, каде што помина поголемиот дел од сезоната 2007–08 во англискиот фудбал. Тој постигнал еден погодок за волците и тоа против Барнли.

Враќање во Манчестер Јунајтед и пробив во првиот тим

[уреди | уреди извор]
Гибсон со резервите на Манчестер Јунајтед

Гибсон го направи своето деби во Премиер Лигата на 15 ноември 2008 година, кога се појавува како замена во второто полувреме против Стоук Сити, тоа беше десетина дена пред да го направи своето деби во Лигата на Шампионите кога исто така влезе од клупата за резерви на местото на Дарен Флечер. Тогаш Јунајтед играше против Виљареал во гости, а натпреварот заврши 0-0 на 25 ноември 2008 година. Во декември 2008 година, тој патуваше со тимот на Јунајтед на Светското клупско првенство во Јапонија, каде што, и покрај тоа што не настапи ниту една минута, тој доби победнички медал. На 4 јануари 2009 година, Гибсон го постигна својот прв гол за клубот, третиот за Јунајтед во победа над Саутемптон со 3-0 во третиот круг од ФА Купот. На 1 март 2009 година, Гибсон беше стартер во почетните 11 играјќи во центарот на средниот ред заедно со Пол Сколс против екипата на Тотенхем во меч од Лига купот на Вембли стадионот. Тој ги одигра сите 90 минути пред да биде заменет од страна на Рајан Гигс пред почетокот на продолженијата каде Манчестер Јунајтед победи, н по изведување на пенали со 4-1. На 24 мај, тој го постигна својот прв премиерлигашки гол за Манчестер Јунајтед во последниот натпревар од сезоната против Хал Сити со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот од косо. Гибсон беше награден со продолжување на неговиот договор со Јунајтед за уште три години, врзувајќи се за клубот барем до 2012 година.

Гибсон беше еден од неколкуте млади играчи на Манчестер Јунајтед кои беа на удар кога тие ја прекинаа рекордната серијата од четири години без пораз на домашен терен во Европа, губејќи со 1-0 од Бешикташ на Олд Трафорд. На 1 декември 2009 година, шест дена по поразот во Лигата на Шампионите, Гибсон одговори на критиките на најдобар можен начин постигнувајќи ги двата гола за Јунајтед во победата со 2-0 против Тотенхем за да го испрати својот тим во полуфиналето на Лига купот. Гибсон доби место во почетните 11 во многу важниот натпревар на Манчестер во реваншот од Лигата на Шампионите во четврт-финалет против Баерн Минхен и постигна убав погодок со удар од далечина по само три минути игра, негов прв гол во УЕФА натпреварувањата, но и покрај победата од 3-2, тие испаднаа поради гол помалку во гости со вкупен резултат 4-4.

Следната сезона 2010-11 Гибсон го постигна својот прв гол отворајќи го резултатот во 5-2 победата на Јунајтед над Сканторп Јунајтед во Лига купот. Во февруари 2011 година, селекторот на репрезентацијата на Гибсон, Џовани Трапатони, му рекол дека тој мора да го напушти Манчестер Јунајтед доколку сака да ја унапреди својата кариера или со други зборови да пронајде клуб во којшто ќе биде стандарден и ќе има поголема минутажа. Сандерленд беше првиот тим кој се согласи на исплаќање на бараниот надомест во текот на летото 2011 година, но Гибсон не можел да ги усогласи личните услови со нив. Тој останува во Манчестер Јунајтед по завршувањето на преодниот рок, меѓутоа откако направи само направи два настапи за клубот во текот на есенскиот дел од сезоната 2011-2012 му беше јасно дека ќе мора да го напушти тимот. И покрај тоа што во Јунајтед во тој период од сезоната имаше голем број на играчи од средниот ред кој беа повредени, тој одлучи да го напушти клубот во јануари 2012 година и да ги покаќе својте квалитети на друго место, во дресот на Евертон.

На 13 јануари 2012 година, Гибсон потпиша за Евертон за необјавена сума. Тој стана четвртиот екс-фудбалер на Јунајтед кој потпишал за Евертон во ерата на Дејвид Мојес, по Фил Невил, Тим Хауард и Луј Саа. Гибсон дебитира само еден ден подоцна, кога тој го започна мечот што заврши 1-1 против Астон Вила. Подоцна тој месец, Гибсон го постигна својот прв гол за карамелите и единствен во мечот со кој Евертон ги победи водачите во лигата Манчестер Сити со 1-0. Гибсон одигра 11 натпревари во лигата во текот на својата прва сезона со клубот и не заврши на губитничката страна ниту еднаш. Ако и неговото време во Манчестер Јунајтед се земе предвид оваа бројка се зголемува до 28 последователни лигашки натпревари без пораз што е фантастично остварување за репрезентативецот на Република Ирска. Крајот на оваа серија дојде сепак, во натпреварот од третиот натпревар на Евертон во сезоната 2012–13 сезона, кога Гибсон беше стратер но не можеше да го спречи поразот на неговиот тим со 2-0 на гости од ВБА, иако играта неговата игра беше на ниво, Гибсон при резултат 0-0 беше заменет во првото полувреме поради повреда.

Сандерленд

[уреди | уреди извор]

На 30 јануари 2017 година, Сандерленд потпишал со Гибсон и со Брајан Овиедо, кој бил негов соиграч во Евертон. Гибсон потпишал 18-месечен договор.[8]

  1. „Darron Gibson“. 11v11.com. AFS Enterprises. Посетено на 27 April 2017.
  2. McKinley, Stuart (31 January 2007). „Gibson can't play for Republic, says Wells“. belfasttelegraph.co.uk. Belfast Telegraph. Архивирано од изворникот на 26 May 2012. Посетено на 7 July 2011.
  3. Wood, Colin (6 September 2007). „Republic up ante in Gibson cap row“. Daily Mail. London. Посетено на 7 July 2011.
  4. „Fifa to discuss Irish player row“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 11 December 2007. Посетено на 7 July 2011.
  5. „Fifa unable to clarify Irish row“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 16 December 2007. Посетено на 7 July 2011.
  6. „Northern Ireland minister warns of sectarian divide“. RTÉ Sport. RTÉ.ie. 10 December 2007. Архивирано од изворникот на 1 February 2009. Посетено на 7 July 2011.
  7. „IFA fails to halt player exodus“. BBC News. 30 July 2010.
  8. Chamberlain, Oscar (30 January 2017). „Confirmed: Gibson signs 18 month deal“. safc.com. Sunderland A.F.C. Посетено на 30 January 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]