Прејди на содржината

Знаме на Тувалу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Тувалу
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 1:2
Усвоено 1978

Знамето на Тувалу е официјалното знаме на оваа океанска држава. Ова знаме било усвоено во 1978 година по независноста во 1978 и одвојувањето од Кирибати во 1976.

Знамето е составено од позадина во уникатна нијанса на сина боја, која не може да се најде на други сини симболи. Во кантонот на знамето се наоѓа знамето на Обединетото Кралство, пракса која ја користеле скоро сите зависни британски територии. Во слободниот дел од знамето има поставено девет златни ѕвезди кои ги претставуваат деветте атоли и острови на државата кои се распоредени исто како што се островите, но во правец кон исток, не кон запад.

Промени и контраверзи

[уреди | уреди извор]

Името на државата Тувалу значи „осум заедно“, што се однесува на осумте населени острови до 1949, а деветтиот бил населен нешто по таа година. Така, во октомври 1995 година една ѕвезда била тргната од знамето според името на државата. Во јануари 1996 година се дизајнирало ново знаме без знамето на Обединетото Кралство, но пак се зачувале осумте ѕвезди. Сепак, народот не го прифатил тоа знаме бидејќи не ја симболизирала монархијата (кралицата Елизабета II) и во 1997 година се вратило старото знаме со девет ѕвезди.[1]

Други знамиња

[уреди | уреди извор]

Историски знамиња

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]