Лернејска хидра
Приказ на Хидрата од Гистав Моро, 19 век | |
Вид | Легендарни суштества |
---|---|
Подвид | Змијолик воден дух |
Родители | Тифон и Ехидна |
Митологија | Старогрчка митологија |
Други имиња | Лернејска хидра |
Земја | Стара Грција |
Лернајска хидра или Хидрата од Лерна (грчки Λερναῖα Ὕδρα, Lernaîa Hýdra), позната и само како Хидра — змијолико водено чудовиште во старогрчката митологија и римската митологија. Нејзин дом било езерото Лерна во Арголида, што е исто така местото од каде потекнува митот за Данаидите. Лерна била исто така и влез за долниот свет,[1] а археологијата го прогласила за свето место, постаро од микенскиот Аргос. Во митот за Хидрата, чудовиштето го убил Херкул, со помош на меч и оган, како втора од неговите задачи.[2]
Според Хесиод, Хидрата била чедо на Тифон и Ехидна.[3] Имала многу глави, чиј број варира од еден до друг изор. Подоцнежната верзија на приказната за Хидрата ја претвора во чудовиште: за секоја отсечена глава, ѝ се појавуваат една или повеќе нови глаи.[4]
Хидрата имала отровен здив и отровна крв, што дури и нејзиниот мирис бил смртоносен.[5]
За митот
[уреди | уреди извор]Најстариот записза Хидрата се појавува во Теогонија на Хесиод, а најстарите прикази на ова чудовиште се пар од бронзени фибули од околу 700 г. п.н.е. И во двата извора на митот, Хидрата е претставена како змија со многу глави, која е убиена од Херкул и Јолај. Митот зборува за шест глави на Хидрата, но во записите на Алкеј (околу 600 г. п.н.е.), споменати се девет глави. Симонид, кој оставил записи еден век подоцна, бројот го зголемил на педесет, а Еврипид, Вергилиј и други не се занимавале со бројот на глави на Хидрата. Хераклит Парадоксограф сугерира дека Хидрата треба да има една змиска глава, придружена со своите подмладоци.[6]
За бројот на глави кои ова чудовиште може да ги регенерира, различни автори во различни времиња дале различни бројки. Првиот автор кој ја споменал оваа способност на Хидрата е Еврипид, кој вели дека ова чудовиште создава по две нови глави за секоја отсечена од страна на Херкул. Палефат, Овид и Диодор Сицилиски се согласуваат со Еврипид, додека Мавр Сервиј Хонорат вели дека Хидрата создава по три глави за секоја отсечена; а Суда воопшто не споменува број. Сликата на ова чудовиште, која датира од околу 500 г. п.н.е., го прикажува со две опашки и со повеќе глави.[7]
Втората задача на Херкул
[уреди | уреди извор]Евристеј го испратил Херкул да ја убие Хидрата, која Хера ја одгледала. Откако стигнал во близина на Лерна, каде живеела Хидрата, Херкул си ги покрил устата и носот со облеката за да се заштити од отровните пареи. Тој истрелал пламени стрели во живеалиштето на Хидрата, изворот на Амимона, од каде таа се појавувала за да ги тероризира околните села.[8] Потоа, Херкул се бори со Хидрата, која на секоја отсечена глава, создава нови две. Слабоста на Хидрата била во тоа да ѝ остане само една глава. Хидрата била поддржана од страна на Хера, додека пак Херкул јаимал помошта на Атена. Борбата била ужасна, на Хидрата во помош и пристигнал и чудовишниот рак (на кого Хера ќе му се одолжи поставувајќи го меѓу ѕвездите), но Херкул со помош на другарот Јола успеал да ѝ ги одсече главите, заклучно и со таа во која ѝ била бесмртноста.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kerenyi (1959), стр. 143.
- ↑ Ogden 2013, стр. 26.
- ↑ Hesiod, Theogony, 310 ff.. See also Hyginus Fabulae Pref., 151
- ↑ Ogden 2013, стр. 29–30.
- ↑ According to Hyginus, Fabulae 30, the Hydra "was so poisonous that she killed men with her breath, and if anyone passed by when she was sleeping, he breathed her tracks and died in the greatest torment."
- ↑ Ogden 2013, стр. 27–29.
- ↑ Ogden 2013, стр. 30.
- ↑ Kerenyi (1959), стр. 144.
- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 403 - 404.