Прејди на содржината

Романово

Координати: 40°53.18′N 22°25.56′E / 40.88633° СГШ; 22.42600° ИГД / 40.88633; 22.42600
Од Википедија — слободната енциклопедија
Романово
Δασερό
Романово is located in Грција
Романово
Романово
Местоположба во областа
Романово во рамките на Пајонија (општина)
Романово
Местоположба на Романово во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.18′N 22°25.56′E / 40.88633° СГШ; 22.42600° ИГД / 40.88633; 22.42600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаГуменџе
Надм. вис.&10000000000000304000000304 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Романово или Орманово (грчки: Δασερό, Дасеро; до 1926 г. Ορμάνοβο(ν), Орманово(н)[1]) — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на југоисточните падини на планината Пајак, меѓу селата Геракарци на североизток и Цигарево и Радомир на југозапад.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Романово било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. На австроунгарската воена карта е означено како Орманово (Ormanovo),[3] а на картата на Кондојанис се води како Ормановон (Ορμάνοβον), христијанско село.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Романово живееле 60 Македонци христијани.[5][6]

По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Романово имало 30 семејства сочинети од 155 жители Македонци, од кои 105 биле чифлигари.[5][7]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Романово пред Балканските војни имало 60 куќи на Македонци-муслимани.[8]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска и муслиманска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Орманово (Ορμάνοβον) е заведено како село со 20 жители (11 мажи и 9 жени).[4]

Во 1924 г. христијаните се иселени во Бугарија, а муслиманите во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1920-тите на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Дасеро. Во 1928 г. Романово се води како чисто дојденско село со 14 семејства сочинети од 72 жители.[9] Малку подоцна селото се распаднало кога неговите жители се иселиле во други села во отсуство на пристојни услови за живот.[2]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 63–64. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  4. 4,0 4,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 14 јули 2019.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  7. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 28.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012