Алаjза Пашкевич
Алајза Пашкевич | |
---|---|
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 јули 1876 Шчучински рејон, Вилнус, Руска Империја |
Починал(а) | 5 ноември 1916 Вилнус, Руска Империја | (40 години)
Националност | белуруска |
Алајза Пашкевич (позната и под псевдонимот Цјотка; белоруски: Алаіза Пашкевіч, Ałaiza Paškievič; 15 јули 1876 година – 5 ноември 1916 година), беше белорускa поетеса и политички активист, прозаистка, социјална и политичка фигура, глумица и учителка за време на белоруската национално-демократска преродба.[1][2]
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Алајза Пашкевич е родена во богато шлјахтачко семејство. Таа дипломирала од приватното училиште В. Прозаравеј во Вилнус. Откако таа се пресели во Санкт Петербург во 1902 година, дипломирала од гимназијата за девојчиња Александрија и се приклучи на училиштето за наставници по физичко воспитување, Лесгафта (1902-04).
Пашкевич беше една од основачите на Белоруското социјалистичко собрание. Во 1904 година таа се откажа од наставата и се врати во Вилнус. Таа ги организирала групите на работниците, пишувала и промовирала анти-владини прокламации и учествувала во политички дебати и состаноци. Поради нејзиниот политички активизам таа беше принудена да емигрира во Галисија, која тогаш беше дел од Австроунгарското Царство. Таа живееше во Лавов. Пашкевич почна со предавања како студент на филозофскиот факултет на Универзитетот во Лавов. Во 1906 година таа објави две збирки на поезија, Хрэст на свабоду и Скрыпка беларуская во Жовква. Во исто време таа патувала нелегално до Вилнус, каде учествувала во издавањето на весникот Наша Дола. Во првото издание беше и нејзината приказна Заклетвата на крвавите канџи.
Во периодот од 1908-09 таа живееше во Краков и студираше на Јагелонскиот универзитет на факултетот за општествени науки. Во 1911 година таа стапила во брак со Стјапонас Кајрис, литвански инженер и социјален демократски активист. Истата година, таа се врати во Белорусија и се приклучи на националните образовни активности. Таа учествувала во изведбите на театарот Бајницки во различни делови од Белорусија. Таа беше исто така и основачот и првиот уредник на Łučynka, белоруско списание за деца и адолесценти.
За време на Првата светска војна, Алајза Пашкевич работела како Сестра на милосрдие во воената болница во Вилнус. При почетокот на 1916-тата година, таа отпатувала кај нејзините родители и им помагала на селаните болни со тифус. Подоцна таа исто така се разболе со тифус и почина на 5 февруари 1916 година.
Во уметноста и културата
[уреди | уреди извор]Во 1991 година беше снимен играниот филм "Крстот на милоста". Филмот бил посветен на животот и креативниот пат на Алајза Пашкевич.
Во 1976 година белоруските уметници Григориј Иванов и Светлана Горбунова изработиле медали и плакети во чест на Алајза Пашкевич.
Познати дела
[уреди | уреди извор]- "Белоруска виолина" (Скрыпка Беларуская)
- "За вас, соседи" (Вам, суседзі)
- "Лето" (Лета)
- "Моите мисли" (Мае думкі)
- "Верата на Белорусите" (Вера беларуса)
- "Мажот не се промени" (Мужык не зьмяніўся)
- "Кај гробиштата" (На магіле)
- "На другата страна" (На чужой старонцы)
- "Есен" (Восень)
- "Уметник Грајка" (Артыст Грайкa)
- "Крстот на слободата" (Хрэст на свабоду)
- "Море" (Мора)
- "Добри вести" (Добрыя весці)
- "Бунтовник" (Бунтаўнік )
- "Со знамето" (Пад штандарам)
- "На новогодишната ноќ" (Перад Новым годам)
- "Ласи" (Лясы)
Наводи
[уреди | уреди извор]„Алаjза Пашкевич“ на Ризницата ? |
- ↑ Пашкевіч (Цётка) Алаіза Сцяпанаўна. spadchyna.net
- ↑ Алаіза Пашкевіч (Цётка) (15.7.1876, фальварак Пешчын (цяпер Шчучынскі раён) — 17.2.1916, вёска Стары Двор (Шчучынскі раён)). svaboda.org (14 July 2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- К 130-летию Алоизы Пашкевич (биография, библиография) Архивирано на 1 јуни 2019 г.
- Цётка на сайте «Белорусские литераторы» Архивирано на 3 јуни 2009 г.
- К 130-летию Алоизы Пашкевич
- Жизнь Алоизы Пашкевич в годы эмиграции [1]