Фудбалsски клуб Гелзенкирхен-Шалке 04, попознат само како ФК Шалке 04 или Шалке е фудбалски клуб со потекло од областа Шалке во градот Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија. Шалке веќе долго време е еден од најпопуларните фудбалски клубови во Германија, иако големите успеси за клубот се ретки бидејќи најславните денови на клубот се во 1930-тите и раните 1940-ти. Шалке се натпреварува во Бундеслигата, на највисокото ниво во германската фудбалска лига. Фудбалски тим на Шалке е најголемиот спортски клуб со повеќе од 100.000 членови (од август 2011) што го прави втор најголем спортски клуб во Германија. Други спортски активности кој се понудени од страна на клубот се кошарката, ракометот и атлетиката. Клубот е рангиран на четиринаесеттото место меѓу фудбалските клубови во однос на годишниот приход, заработка од € 174,5 милиони во 2012 година.
Шалке го освоил својот прв голем европски трофеј во 1997 година со победата над Интер на пенали во финалето на Купот на УЕФА. Од 2001 година, Шалке настапува на стадионот, Велтинс-Арена. Шалке има долгогодишно соперништво со Борусија Дортмунд, веројатно најмногу распространето и добро познато соперништво во германскиот фудбал, и натпреварите помеѓу двата тима се наведени како Revierderby. Маскотата на клубот се вика Ервин (на герм. Ährwin).