Фудбалска репрезентација на Мароко
Сојуз | Фудбалски сојуз на Мароко | |||
---|---|---|---|---|
Конфедерација | КАФ (Африка) | |||
Селектор | Вахид Халилхоџиќ | |||
Капитен | Ромен Сајс | |||
Најмногу настапи | Нуредин Најбет (140) | |||
Најдобар стрелец | Ахмед Фарас (42) | |||
Домашен стадион | Стад Адрар, Маракеш | |||
ФИФА код | MAR | |||
| ||||
Пласман на рангирањето на ФИФА | ||||
Моментално | 53 (11 август 2013) | |||
Највисок | 10 (април 1998) | |||
Најнизок | 95 (септември 2010) | |||
Прв меѓународен натпревар | ||||
Мароко 3–3 Ирак (Либан; 19 октомври 1957) | ||||
Најголема победа | ||||
Мароко 13–1 Саудиска Арабија (Мароко; 6 септември 1961) | ||||
Најлош пораз | ||||
Унгарија 6–0 Мароко (Јапонија; 11 октомври 1964) | ||||
Светско првенство | ||||
Учества | 4 (првпат во 1970) | |||
Најдобар резултат | осминафинале 1986 | |||
Африкански куп на нации | ||||
Учества | 15 | |||
Најдобар резултат | победници, 1976 |
Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).
Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.
Историја
[уреди | уреди извор]Географската близина на државата до Португалија и Шпанија и нејзината склоност кон шпанската култура се одразуваат и во фудбалот, со присуство на марокански таленти во иберскoto и луситанскoto првенство.[1] Мароко за првпат се пласирал на Светските првенства во 1970 во Мексико, каде биле елиминирни уште во првиот круг. Шест години подоцна, репрезентацијата се искачила на континенталниот престол триумфирајќи на Африканскиот куп на нации во Етиопија, освојувајќи го првото место во завршната група во која биле уште и Гвинеја, Нигерија и Египет.[2] Меѓу најистакнатите фудбалери на Мароко од овој период се издвојува Ахмед Фарас, играчот кој и ден-денес е водечки по бројот на постигнати голови за мароканската репрезентација.
Второто учество на Мароко на Светско првенство дошло повторно во Мексико каде што тие и дебитираа, меѓутоа сега во 1986 година. Тие на општо изненадување на сите успеале да го минат, првиот круг иако се нашле во група со три силни европски репрезентации како Португалија, Англија и Полска, меѓутоа нивниот пат завршил во осминафиналето каде биле поразени од Западна Германија со 1-0 со гол во завршницата од натпреварот.[3] Со самиот пласман во осминафиналето Мароко станал првата африканска и арапска земја која успеала да го мине првиот круг на Светските првенства.
Кон крајот на милениумот, Мароко учествувал уште на две последователни Светски првенства: најпрво во САД во 1994, а потоа и во Франција во 1998. На првенството играно во 1994 атласките тигри се нашле во група со Холандија, Саудиска Арабија и Белгија и испаднале уште во првиот круг, заземајќи го последното четврто место во групата без ниту еден освоен бод забележувајќи три минимални порази. Истата судбина - елиминација во првата фаза на натпреварување - ги снашла и четири години подоцна на првенството одржано во Франција во 1998, меѓутоа таму одиграле многу позначајна улога и само неколку минути ги делеле од пласман во осминафиналето откако во последното трето коло од групната фаза ја совладале Шкотска со убедливи 3-0 и им било потребно Бразил да не загуби од Норвешка; голот на Кјетил Рекдал од пенал во 88-мата минута од натпреварот им донел победа на скандинавците со 2-1 и пласман понатаму заедно со Бразил, а Мароко и покрај освоените 4 бода (1-1-1) бил елиминран.[4] Во 2004 година, репрезентацијата играла во финалето на Африканскиот куп на нации каде била поразена од својот магребски соперник Тунис со 2-1.[5]
Мароко бил избран да биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2015, меѓутоа владата на Мароко побарала одложување на турнирот заради епидемијата од ебола во западна Африка. Откако случајот бил разгледуван на состанокот на Извршниот комитет, КАФ одлучил датумот за почеток на првенството да остане исти, по што Мароко се откажал од организацијата на турнирот. На 5 февруари 2015 година, Извршниот комитет на КАФ одлучил да ја суспендира Фудбалската репрезентација на Мароко од следните две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2019 година, и да му се додели на Фудбалскиот сојуз на Мароко парична казна од 1 милиони американски долари, заедно со сума од 8.05 милиони евра во надомест за сите материјални штети кој ги претрпел КАФ, заинтересираните страни и партнери, како резултат на одлуката да не се биде домаќин на изданието во 2015 година.[6] Сепак, забраната била поништена од страна на Арбитражниот суд за спорт, што значи дека Мароко може да учествува на овие турнири..[7]
Соперништва
[уреди | уреди извор]Репрезентацијата има историско соперништво со останатите Магребски земји: Алжир, Тунис и Египет.[8]
Титули
[уреди | уреди извор]- Шампиони (1): 2012
Настапи на турнирите
[уреди | уреди извор]Настапи на Светските првенства
[уреди | уреди извор]Светско првенство | Квалификации за Светско првенство | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Фаза | Мес. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ||
1930 | Не учествувале | Не учествувале | ||||||||||||||
1934 | ||||||||||||||||
1938 | ||||||||||||||||
1950 | ||||||||||||||||
1954 | ||||||||||||||||
1958 | ||||||||||||||||
1962 | Не се квалификувале | 7 | 2 | 2 | 3 | 7 | 8 | |||||||||
1966 | Се повлекле | Се повлекле | ||||||||||||||
1970 | Групна фаза | 14. | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | 10 | 4 | 4 | 2 | 11 | 7 | ||
1974 | Не се квалификувале | 10 | 4 | 3 | 3 | 12 | 13 | |||||||||
1978 | 2 | 0 | 2 | 0 | 2 | 2 | ||||||||||
1982 | 8 | 3 | 2 | 3 | 5 | 6 | ||||||||||
1986 | Осминафинале | 11. | 4 | 1 | 2 | 1 | 3 | 2 | 8 | 5 | 2 | 1 | 12 | 1 | ||
1990 | Не се квалификувале | 6 | 1 | 3 | 2 | 4 | 5 | |||||||||
1994 | Групна фаза | 23. | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 5 | 10 | 7 | 2 | 1 | 19 | 4 | ||
1998 | Групна фаза | 18. | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 5 | 6 | 5 | 1 | 0 | 14 | 2 | ||
2002 | Не се квалификувале | 10 | 6 | 3 | 1 | 11 | 3 | |||||||||
2006 | 10 | 5 | 5 | 0 | 17 | 7 | ||||||||||
2010 | 10 | 3 | 3 | 4 | 14 | 13 | ||||||||||
2014 | 6 | 2 | 3 | 1 | 9 | 8 | ||||||||||
2018 | Се квалификувале | 8 | 4 | 3 | 0 | 13 | 0 | |||||||||
2022 | To be determined | |||||||||||||||
Вкупно | Осминафинале | 5/22 | 13 | 2 | 4 | 7 | 12 | 18 | 116 | 53 | 41 | 22 | 159 | 80 |
Настапи на Африканскиот куп на нации
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации | Квалификации за Африканскиот куп на нации | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Фаза | Место | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
1957 | Не учествувале | Не учествувале | |||||||||||||
1959 | |||||||||||||||
1962 | Се повлекле | Се повлекле | |||||||||||||
1963 | Не се квалификувале | 2 | 1 | 0 | 1 | 5 | 6 | ||||||||
1965 | Не учествувале | Не учествувале | |||||||||||||
1968 | |||||||||||||||
1970 | Не се квалификувале | 2 | 1 | 0 | 1 | 1 | 2 | ||||||||
1972 | Групна фаза | 5. | 3 | 0 | 3 | 0 | 3 | 3 | 4 | 2 | 0 | 2 | 9 | 6 | |
1974 | Did not enter | Did not enter | |||||||||||||
1976 | Победници | 1. | 6 | 4 | 2 | 0 | 11 | 6 | 6 | 4 | 0 | 2 | 13 | 4 | |
1978 | Фаза по групи | 6. | 3 | 1 | 3 | 1 | 2 | 4 | Се квалификувале како бранители на титулата | ||||||
1980 | Трето место | 3. | 5 | 2 | 1 | 2 | 4 | 3 | 4 | 2 | 1 | 1 | 14 | 5 | |
1982 | Не се квалификувале | 4 | 3 | 0 | 1 | 8 | 4 | ||||||||
1984 | 4 | 1 | 2 | 1 | 4 | 2 | |||||||||
1986 | Четврто место | 4. | 5 | 1 | 2 | 2 | 4 | 5 | 2 | 1 | 1 | 0 | 1 | 0 | |
1988 | Четврто место | 4. | 5 | 1 | 3 | 1 | 3 | 3 | Се квалификувале како домаќин | ||||||
1990 | Не се квалификувале | 2 | 0 | 2 | 0 | 1 | 1 | ||||||||
1992 | Групна фаза | 9. | 2 | 0 | 1 | 1 | 1 | 2 | 6 | 4 | 0 | 2 | 11 | 4 | |
1994 | Не се квалификувале | 6 | 2 | 2 | 2 | 5 | 4 | ||||||||
1996 | 4 | 1 | 1 | 2 | 2 | 4 | |||||||||
1998 | Четвртфинале | 6. | 4 | 2 | 1 | 1 | 6 | 3 | 6 | 4 | 2 | 0 | 10 | 1 | |
2000 | Групна фаза | 11. | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 4 | 2 | 2 | 0 | 6 | 4 | |
2002 | Групна фаза | 9. | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 4 | 6 | 3 | 1 | 2 | 5 | 4 | |
2004 | Финале | 2. | 6 | 4 | 1 | 1 | 14 | 4 | 6 | 5 | 1 | 0 | 10 | 0 | |
2006 | Групна фаза | 13. | 3 | 0 | 2 | 1 | 0 | 1 | 10 | 5 | 5 | 0 | 17 | 7 | |
2008 | Групна фаза | 11. | 3 | 1 | 0 | 2 | 7 | 6 | 4 | 3 | 1 | 0 | 6 | 1 | |
2010 | Не се квалификувале | 10 | 3 | 3 | 4 | 14 | 13 | ||||||||
2012 | Групна фаза | 12. | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 5 | 6 | 3 | 2 | 1 | 8 | 2 | |
2013 | Групна фаза | 10. | 3 | 0 | 3 | 0 | 3 | 3 | 2 | 1 | 0 | 1 | 4 | 2 | |
2015 | Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале | Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале | |||||||||||||
2017 | Четвртфинале | 7. | 4 | 2 | 0 | 2 | 4 | 3 | 6 | 5 | 1 | 0 | 10 | 1 | |
2019 | To Be Determined | ||||||||||||||
2021 | |||||||||||||||
2023 | |||||||||||||||
Вкупно | 1 титула | 15/30 | 57 | 19 | 22 | 16 | 66 | 54 | 106 | 56 | 27 | 23 | 164 | 77 |
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]
Играчки рекорди
[уреди | уреди извор]
|
|
-
Меди Бенатија
(моментален капитен)
Селектори
[уреди | уреди извор]Source:[10]
Селектор | |||
---|---|---|---|
Име | Држава | Години како селектор | Освоени трофеи |
Ларби Бен Барек | 1957 | ||
Мохамд Хамири | 1959 | ||
Абделкадир Лохмири | 1959 | ||
Ларби Бен Барек | 1960 | ||
Кадер Фиру | 1961 | ||
Мохамед Масун | 1961–1963 | ||
Мохаме Масун & Абдерахман Маџуб | 1963–1967 | ||
Абдерахман Маџуб | 1967 | ||
Ги Клозо & Абделах Сетати | , | 1968–1969 | |
Абделах Сетати | 1969 | ||
Благоја Видиниќ | 1970 | ||
Хосе Баринга | 1971–1972 | ||
Абделах Сетати | 1972 | ||
Абдерахман Маџуб | 1972–1973 | ||
Виргил Мардареску | 1974–1978 | Африкански куп на нации 1976 | |
Абделах Ел-Амари | 1978 | ||
Ги Клозо | 1979 | ||
Жист Фонтејн | 1979–1980 | ||
Џебран & Јабрам Хамидуш | 1980 | ||
Јабрам Хамидуш | 1981 | ||
Абделах Ел-Амари | 1982 | ||
Хаиме Валенте | 1983 | ||
Мехди Фарија | 1983–1988 | ||
Хаиме Валенте | 1988–1989 | ||
Антонио Валентин | 1989–1990 | ||
Абделах Блинда | 1990 | ||
Абделгани Ел-Насири | 1990 | ||
Вернер Олк | 1990–1992 | ||
Абделхалек Лузани | 1992 | ||
Абделах Блинда | 1993–1994 | ||
Мохамед Лемари | 1994 | ||
Жилсон Нуњеш | 1995 | ||
Анри Мишел | 1995–2000 | ||
Хенрик Касперчак | 2000 | ||
Мустафа Мадих (caretaker) | 2000 | ||
Умберто Коелјо | 2000–2002 | ||
Баду Езаки | 2002–2005 | ||
Филип Трусије | 2005 | ||
Мохамед Факир | 2006–2007 | ||
Анри Мичел | 2007–2008 | ||
Фати Џемал | 2008 | ||
Роже Лемер | 2008–2009 | ||
Хасан Мумен (caretaker) | 2009–2010 | ||
Ерик Геретс | 2010–2012 | 2012 Arab Nations Cup | |
Рашид Таузи | 2012–2013 | ||
Хасан Бенабича (caretaker) | 2013-2014 | ||
Баду Езаки[11] | 2014–2015 | ||
Ерве Ренар[12] | 2016–present |
Дресови и произведувачи на опрема
[уреди | уреди извор]Дресови
[уреди | уреди извор]
|
|
Произведувачи на опрема
[уреди | уреди извор]Произведувач на опрема | Период |
---|---|
Adidas | 1982-1993 |
Lotto | 1994-1995 |
Umbro | 1995 |
Lotto | 1995-1997 |
Puma | 1998–2001 |
Nike | 2002–2006 |
Puma | 2007–2011 |
Adidas | 2012–present |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sky Sport, уред. (14 јуни 2011). „Cous cous di mercato: i nuovi talenti marocchini“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-09-07.
- ↑ Athlet.org, уред. (14 март 1976). „Il Marocco pareggia 1-1 contro la Guinea ed è campione d'Africa“.
- ↑ la Repubblica, уред. (18 јуни 1986). „Germania salva a due minuti dalla fine“.
- ↑ CHRISTOPHER CLAREY (24 June 1998). New York Times (уред.). „WORLD CUP '98; Norway Stuns Brazil, Sends Morocco Home“.
- ↑ Athlet.org, уред. (14 февруари 2004). „La Tunisia batte il Marocco 2-1 ed è campione d'Africa“.
- ↑ „MOROCCO FINED, BANNED FROM TWO AFCON TOURNAMENTS“. Confédération Africaine de Football. 2015-02-06. Посетено на 2015-02-07.
- ↑ „Morocco win appeal over Afcon 2017 and 2019 bans“. BBC Sport. 2 April 2015.
- ↑ 90min.com, уред. (24 февруари 2014). „Le 24 rivalità storiche del calcio mondiale“. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 2016-09-07.
- ↑ „CAN 2015 : La liste des 23 joueurs retenus“ (француски). faf.dz. 16 December 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 16 December 2014.
- ↑ Hassanin Mubarak. „Morocco National Team Coaches“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 15 February 2012.
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/27252927
- ↑ http://www.bbc.com/sport/football/35586217