Дејвид Лојд Џорџ
Изглед
Дејвид Лојд Џорџ, I Ерл од Дујфор (англиски: David Lloyd George, 1st Earl Lloyd-George of Dwyfor; 17 јануари 1863 - 26 март 1945) — британски државник и министер во либералната влада од (1905-1915), на коалиционата влада (1915-1916) и премиер на Велика Британија (1916-1922). Лојд Џорџ еден од основачите на англиското трудово законодавство, со кој се вовело осумчасовното работно време на рударите, правото на штрајк, државните пензии и здравствената и социјална заштита.
Тој бил еден од главните учесници на мировната конференција во Версај и значително влијаел на приликите во Европа по Првата светска војна.
|