The Darkness
The Darkness | |
---|---|
The Darkness на концерт во SSE Arena Wembley во 2018 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лоустофт, Сафолк, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | thedarknesslive.com |
Членови | |
|
The Darkness (транскрипција: Даркнес) ― британска рок-група основана во Лоустофт, Англија во 2000 година. Групата е составена од: Џастин Хокинс (главен пејач, главна гитара), неговиот брат Ден Хокинс (ритам-гитара, придружен вокал), Френки Полен (бас-гитара, придружен вокал) и Руфус Тајгер Тејлор (тапани, придружен вокал).
Групата успеала целосно да го популаризира тогаш немодерниот звук на класичниот хард-рок и глам-рокот од 70-тите кај помладата генерација. Главен белег на Darkness биле моќните и самоуверени гитарски рифови, беспрекорниот ритамски дел, огромната доза на хумор во стиховите и неверојатниот глас на Џастин Хокинс.
Групата се распаднала во 2006 година; браќата Хокинс започнале свои посебни проекти, но без поголем успех. Групата повторно се составила во 2011 година и се активни до денес.
Историја
[уреди | уреди извор]Џастин и Ден Хокинс уште како тинејџери свиреле заедно во група која, според Ден Хокинс, „направила многу преработки од Marillion, Брус Спрингстин и Genesis“. Џастин Хокинс бил инспириран да свири гитара од Брајан Меј од Квин, бидејќи го сакал неговиот тон и вибрато.[1]
Групата ја основал Ден Хокинс во 2000 година заедно со басистот Френки Полен, кого го запознал во Лондон. Ед Греам, стар школски другар на Ден од Ловестоф им се придружил како тапанар. На групата ѝ недостигал пејач. Откако Ден Хокинс се вратил во Норфолк го видел неговиот брат Џастин како пее и танцува на песната „Bohemian Rhapsody“ од Квинс и го ангажирал како пејач.
The Darkness дошле до израз по објавувањето на нивниот прв студиски албум, Permission to Land (2003). Албумот, кој бил поддржан со сингловите: „I Believe in a Thing Called Love“, „Growing on Me“, „Get Your Hands off My Woman“ и „Love Is Only a Feeling“, станал четирикратно платинест во Обединетото Кралство, со продажба од над 1,3 милиони примероци.[2]
По успехот на албумот групата имала напорни турнеи во текот на следните две години, вклучувајќи ги европските концерти од летната турнеја на Металика во 2003 година.[3][4] Во 2004 година групата освоила три BRIT награди: најдобра група, најдобра рок-група и најдобар албум. Во 2004 година, исто така, освоиле и две Kerrang! награди: најдобар изведувач во живо и најдобра британска група.
Пулен ја напуштил групата во 2005 година и бил заменет со Ричи Едвардс. Вториот студиски албум на бендот, One Way Ticket to Hell...and Back, бил издаден во ноември 2005 година. Следната година, групата ја напуштил и Џастин Хокинс по претходно успешно завршената програма за рехабилитација од зависност одалкохол и кокаин.[5] Новиот состав на групата, придружено со слабата продажба на албумот, биле причината Атлантик во октомври 2006 година да го раскине договорот со групата.[6]
По разделбата, останатите членови ја основале групата Stone Gods и продолжиле да настапуваат и да снимаат без Хокинс, кој подоцна започнал свој проект, Hot Leg.
Во март 2011 година, четворицата оригинални членови од групата повторно се обединиле.[7] Групата потоа имала голема турнеја во Јапонија,[8] Велика Британија и Ирска.[9]
Нивниот трет албум, Hot Cakes, бил објавен во август 2012 година. По објавувањето на албимот, групата ја напуштил оригиналниот тапанар Ед Греам. Групата потоа ги објавила албумите: Last of Our Kind (2015), Pinewood Smile (2017), албумот во живо Live at Hammersmith (2018) и Easter Is Cancelled (2019). Поради КОВИД-19 пандемијата тие ја прекинале нивната светска турнеја во 2020 година. Групата ја завршила годината со еднократен концерт во живо под наслов „Streaming of a White Christmas“, кој бил снимен како нов албум во живо. Нивниот седми студиски албум, Motorheart, бил објавен во 2021 година, проследен со обемна турнеја во Велика Британија во текот на ноември и декември.
Во ноември 2023 година, групата го издала долгометражниот документарен филм „Добредојдовте во темнината“ (англ. Welcome To The Darkness) како едновечерно кино-издание. Од декември 2023 година бил достапен и на ДВД.
Членови на групата
[уреди | уреди извор]Сегашни членови
- Џастин Хокинс – главен пејач, главна и ритам гитара, клавијатури (2000–2006, 2011–сега)
- Ден Хокинс – ритам и главна гитара, придружни вокали (2000–2006, 2011–денес) ; тапани, перкусии (2005)
- Френки Полен – бас, придружен вокал (2000–2005, 2011–денес)
- Руфус Тајгер Тејлор – тапани, придружни вокали (2015–сега)
Поранешни членови
- Ед Греам – тапани (2000–2006, 2011–2014)
- Крис Мекдугал – главна и ритам-гитара (2000)
- Ричи Едвардс – бас, придружни вокали, клавијатури (2005–2006)
- Емили Долан Дејвис – тапани (2014–2015)
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Permission to Land (2003)
- One Way Ticket to Hell... and Back (2005)
- Hot Cakes (2012)
- Last of Our Kind (2015)
- Pinewood Smile (2017)
- Easter Is Cancelled (2019)
- Motorheart (2021)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gluckin, Tzvi (15 February 2018). „The Darkness' Justin and Dan Hawkins Swan On“. Premier Guitar. Посетено на 26 May 2019.
- ↑ „Certified Awards“. Bpi.co.uk. Архивирано од изворникот на 11 May 2011. Посетено на 4 November 2011.
- ↑ „Metallica And Linkin Park Perform In Dublin“. Архивирано од изворникот на 2010-02-10. Посетено на 2024-06-07.
- ↑ „Justin Hawkins: Movies, TV, Bio“. Amazon.
- ↑ „Justin Hawkins quits The Darkness“. NME. 11 October 2006. Посетено на 19 May 2019.
- ↑ „The Darkness dropped by record label“. Irish Examiner (англиски). 2006-10-12. Посетено на 2022-02-15.
- ↑ „The Darkness reform with Download slot confirmed“. BBC Newsbeat. 15 March 2011. Архивирано од изворникот на 16 March 2011. Посетено на 17 March 2011.
- ↑ „SPECIAL LONDON "JAPAN WARM-UP" SHOW!“. The Darkness official website. 29 September 2011. Архивирано од изворникот на 24 February 2014. Посетено на 19 February 2014.
- ↑ „UK/IRELAND – WINTER TOUR! (WINTOUR?)“. The Darkness official website. 10 June 2011. Архивирано од изворникот на 13 June 2011. Посетено на 27 June 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
- Музички групи основани во 1999
- Добитници на MTV Europe музички награди
- Добитници на Ајвор Новело награда
- Добитници на Британски музички награди
- Музички групи распаднати во 2006
- Музички групи возобновени во 2011
- Британски квартети
- Британски хеви-метал групи
- Британски хард-рок групи
- Британски глам-рок групи
- Британски глам-метал групи