Прејди на содржината

Вештачки радиоизотоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вештачки изотоп)

Вештачки радиоизотопрадиоизотоп кој не се среќава во природата: не постојат природни механизми кои го произведуваат, или истиот е толку неустојчив што се распаѓа за многу кратко време. Такви примери се технециумот-95 и прометиумот-146. Многу од нив се собираат од строеви за јадрено гориво. Некои се добиваат само во забрзувачи на честички.

Добивање

[уреди | уреди извор]

Извесни вештачки радиоизотопи се вадат од истрошени прачки во јадрен реактор, кои содржат разни производи од цепење. На пример, се проценува дека до 1994 г. се произведени околу 49.000 TBq (78 тони) технециум присутни во нукеларни реактори — во огромна мера најголем извор на земски технециум.[1] Меѓутоа, само мал дел од произведеното наоѓа стопанска употреба. Други вештачки изотопи значителни количества се добиваат по пат на цепење, но сè уште не се извадени. Трети пак, се добиваат со неутронско озрачување на матични изотопи во јадрен реактор (на пр. Tc-97 се добива со неутронско озрачување на Ru-96) или пак со бомбардирање на матичните изотопи со високоенергиски ечстички од забрзувач.[2]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Највеќето вештачки радиоизотопи се крајно радиоактивни и имаат кус полураспад. Иако не се безопасни, радиоактивните материјали наоѓаат широка примена во здравството и индустријата.

Јадрена медицина

[уреди | уреди извор]

Општото поле на јадрената медицина се занимава со примената на радиоизотопи во лекувањето.

Дијагностика

[уреди | уреди извор]

Функционирањето на разни органи во телото може да се следи со радиоактивни трагачки соединенија, каде трагачот се привлекува или згуснува со дејството што се проучува. Трагачот содржи краткотраен радиоактивен изотоп (обично кој дава гама-зрак) со доволно енергија за да се движи низ телото и да биде видлив со гама-камера која потоа ги прикажува згуснатостите. Поради делотворноста на ваквите направи, потребни се многу мали дози на радиоактивен материја.

Метаустојчивиот нукеларен изомер Tc-99m е гама-оддавач со широка примена во дијагностиката поради краткиот полураспад од 6 часа, кој лесно се добива во болниците користејќи т.н. „технециумска крава“.

Лекување

[уреди | уреди извор]

Радиоактивните препарати се соединенија кои радиоизотоп за лекување, обично со негово големо згуснување близу дадениот орган. Таков пример е јодот-131, со кој се лечат извесни заболувања и тумори на штитната жлезда.

Индустриски извори на зрачење

[уреди | уреди извор]

Индустриски полезни се зрачењата на алфа-, бета- и гама-честичките. Изворите на ова зрачење се вештачки радиоизотопи.

  1. Topics in current chemistry, vol 176, "Technetium in the environment"
  2. „Brookhaven National Laboratory, Medical Department, "Radioisotope Production.". Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2017-11-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]