Драгомир Фелба
Драгомир Фелба (Скопје, 7 јули 1921 година - Белград, 13 јули 2006 година) бил српски и југословенски филмски, театарски и телевизиски глумец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Студирал на Техничкиот и на правниот факултет, а подоцна и на Високата Белградска филмска школа, која ја завршил во 1950 година.
Сопругата на Драгомир, Соња извршила самоубиство во март 2000 година, додека нивната ќерка Ивана починала во декември истата година по долго и тешко боледување, по што тој целосно се повлекол од јавноста. Драгомир Фелба починал во 2006 година во Белград, и бил погребан во Алејата на Великаните на Новите гробишта во Белград.
Кариера
[уреди | уреди извор]Дебитирал во Националниот театар во Крагуевац, но во 1952 година преминал во Југословенскиот драмски театар. Од 1956 година имал статус на хонорарен уметник.
Првата филмска улога ја играл во 1948 година во филмот „Софка“ и се прославил со улогата во филмот „Барба Жване“. За улогата во филмот „Козара“ бил награден со специјална диплома на филмскиот фестивал во Пула.
Филмографија
[уреди | уреди извор]- Езеро (1950)
- Мајорот Баук (1951)
- Момчето Мита (1951)
- Далеку е сонцето (1953)
- Тие двајца (1955)
- Зовриениот град (1961)
- Операцијата Тицијан (1963)
- Македонска крвава свадба (1967)
- Во расчекор (1968)
- Планината на гневот (1968)
- Пред вистината (1968)
- Прекубројната (1962)
- Вишна на Ташмајдан (1968)
- Крвава бајка (1969)
- Битката на Неретва (1969)
- Отпишаните (1974)
- СБ го затвора кругот (1974)
- Партизани (1974)
- Наивец (1975)
- ’Рбет (1975)
- Црвена земја (1975)
- Сè што беше убаво (1977)
- Хајка (1977)
- Тигар (1978)
- Соништата, животот и смртта на Филип Филиповиќ (1980)
- Некоја друга жена (1981)
- Сончогледи (1988)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Драгомир Фелба на Семрежната филмска база на податоци (англиски)