Интуиција (философија)
Интуиција претставува чин со кој умот ја воочува складноста или нескладноста на две идеи. Кога се користи само интуиција, вистинитоста на еден исказ се гледа веднаш, во истиот момент.[1] Ова подразбира дека тука не се мешаат никакви други идеи и не се употребува дедуктивно расудување.[2]
Во секојдневна употреба, интуицијата не доведува до убедувања без да можеме да искажеме зошто (видете интуиција (знаење)). Во филозофијата се разгледуваат епистемските акредитиви на различни видови интуиција, или пак зборот „интуиција“ се користи како стручен термин со цел да се подвои еден конкретен вид на умствена состојба или исказен начин. Интуициите се разликуваат од убедувањата бидејќи може да постои убедување без интуиција, или да постои исказ за кој знаеме дека е невистинит.
Во филозофијата на Имануел Кант, интуицијата претставува една од најосновните човекови средства за спознавање (когниција), еквивалентно на она што грубо би го нарекле восприемање (перцепција). Кант смета дека нашиот ум ги формулира сите наши надворешни интуиции во облик на простор, а сите наши внатрешни интуиции (памтење, мисла) во облик на време.
Интуиционизмот е гледиште кај филозофијата на математиката чиј главен застапник, Лејцен Егберт Јан Брауер, се води по Кантовото тврдење дека математичкото сознание претставува осознавање на чистите форми на интуицијата - т.е. интуицијата која не е емпириска, т.е. ‘искуствена’ („Пролегомени“, стр. 7). Во прилог на овој став, холандскиот логичар Аренд Хејтинг ја создал таканаречената интуиционистичка логика за да го прилагоди логицирањето на овие идеи (истата е прифатена и кај другите облици на конструктивизам воопшто). Нејзина главна одлика е отфрлањето на законот на исклучената средина: затоа ваквата логика не ги признава правилата како елиминирањето на двојна негација и употребата на методот на сведување на контрадикција (reductio ad absurdum) за докажување на постоењето на нешто.
Во аналитичката филозофија
[уреди | уреди извор]Во современата аналитичка филозофија, повикувањето на човековата интуиција претставува важен метод за испитување и проверка на тврдењата. Карактеристичен пример е т.н. пост-гетиеровска литература која се занимава со анализа на сознанието. Еден филозоф нуди дефиниција за сознанието, како на пр. поткрепено вистинско убедување. Друг филозоф пак, конструира хипотетички случај каде сме склони да мислиме дека дефиницијата е задоволена, но предметот нема сознанија и обратно. Ова обично води до отфрлање на тоа предлог-објаснение, иако филозофот Брајан Ведерсон има забележано дека колкава важност и улога се доделува на интуицијата зависи од гранка до гранка.[3]
На интуицијата обично филозофите се повикуваат независно од дадена теорија за нејзината способност за докажување на тврдења, и филозофите се разидуваат во нивните ставови за тоа каква умствена состојба е впрочем интуицијата - некои ја сметаат само за спонтан суд, а други пак сметаат дека таа претставува посебна манифестација на неопходна вистина.[4] Меѓутоа во поново време повеќе филозофи како Џорџ Билер се обидуваат да го одбранат повикувањето на интуицијата од скепсата со која се излагаат филозофите како В. В. О. Квајн ја гледаат концептуалната анализа.[5] Во последно време интуицијата ја оспоруваат и експерименталните филозофи, кои сметаат дека при повикувањето на интуицијата мора да се вклучат и земат предвид социолошки методи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ AJ Giannini, J Daood,MC Giannini, R. Boniface, PG Rhodes. Intellect versus intuition--a dichotomy in the reception of nonverbal communication Journal of General Psychology. 99:19-24, 1978.
- ↑ American International Encyclopedia, J.J. Little Co., Њујорк 1954, Том VIII
- ↑ B. Weatherson, "What Good are Counterexamples?", Philosophical Studies, 115 (2003) стр. 1-31.
- ↑ M. Lynch "Trusting Intuitions", во P. Greenough and M. Lynch (уредн.) Truth and Realism, стр. 227-38.
- ↑ G. Bealer "Intuition and The Autonomy of Philosophy" во M. Depaul и W. Ramsey (уредн.) Rethinking Intuition: The Psychology of Intuition and Its Role In Philosophical Inquiry 1998, стр. 201-239.
|