Прејди на содржината

Калироја (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калироја
Сликата со која е откриена Калироја
Откривање [2]
Откритие наСпејсвоч[б 1]
Откритие воНационална опсерваторија „Кит Пик
Откриено19 октомври 1999
Ознаки
Наречена по
Калироја
S/1999 J 1
1999 UX18
Орбитални особености [3]
Епоха 27 април 2019 (ЈД 2458600,5)
Лак на набљудување17.54 г (6,406 days)
0,1643278 ae (24.583.090 км)
Занесување0,3095704
–787,43 д
240,90203°
0° 27м 25.866с дневно
Наклон147,99790° (кон еклиптиката)
352,75480°
68,21981°
Месечина наЈупитер
Физички особености
Албедо0,052 ± 0,016[4]
20,8[5]
13,9[3]

Калироја (старогрчки: Καλλιρρόη), наречена и Јупитер XVIIнеправилна надворешна месечини на Јупитер која се движи во повратна насока. Пронајдена е во 1990 г. во опсерваторијата Националната опсерваторија „Кит Пик“ според набљудувања направени од 6 октомври до 4 ноември 1999 г.[6] и првично прогласена за астероид со ознаката 1999 UX18.[7][8] Забележана е како кружи околу Јупитер од Тим Спар на 18 јули 2000 г. и така добила ознака S/1999 J 1.[2][9]

Движењето на Калироја снимено во однос на позадинските ѕвезди во јули 2000 г.

Месечината е именувана во октомври 2002 г. по океанидата Калироја, ќерка на речниот бог Ахелој.[10]

Особености

[уреди | уреди извор]

Калироја има привидна величина од 20,7,[11] што ја прави уште послаба од џуџестата планета Ерида (18,7).[12] Јупитер е 2,5 милијарди пати посјаен од Калироја.[13]

Месечината има пречник од 9,6 км[4] и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24,1 милиони километри за 747,09 дена Има наклон од 141° кон еклиптиката (140° кон Јупитеровиот екватор) и занос од 0,28. Ова тело веројатно е зафатено доста одамна од хелиоцентрична орбита, и гравитациското влијание на Сонцето ја прави орбитата мошне непредвидлива.[6]

Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 милиони километри со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Калироја е светлоцрвена (B−V=0,72, V−R=0,50, V−I=1,02) и послична на Мегаклита.[14]

Истражување

[уреди | уреди извор]
Калироја сликана од инструментот LORRI на леталото „Нови Хоризонти“.

Вселенското летало „Нови хоризонти“ направило слики од Калироја на 10 јануари 2007 г.[15]

  1. Откривањето ѝ се припишува на екипата астрономи сочинета од Џ. В. Скоти, Т. Б. Спар, Р. С. Мекмилан, Џ. А. Ларсон, Џ. Монтани, Е. Е. Глисон и Т. Герелс.[1]
  1. „Planet and Satellite Names and Discoverers“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. USGS Astrogeology Science Center. Посетено на 26 ноември 2020.
  2. 2,0 2,1 Brian G. Marsden (2000-07-20). „IAUC 7460: S/1999 J 1. IAU. Архивирано од изворникот на 26 април 2006. Посетено на 22 ноември 2005.
  3. 3,0 3,1 „M.P.C. 115890“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
  4. 4,0 4,1 Grav, T.; Bauer, J. M.; Mainzer, A. K.; Masiero, J. R.; Nugent, C. R.; Cutri, R. M.; и др. (август 2015). „NEOWISE: Observations of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn“ (PDF). The Astrophysical Journal. 809 (1): 9. Bibcode:2015ApJ...809....3G. doi:10.1088/0004-637X/809/1/3. S2CID 5834661. 3.
  5. Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 26 ноември 2020.
  6. 6,0 6,1 „New Outer Satellite of Jupiter Discovered“. Minor Planet Center. Посетено на 23 јули 2009.
  7. „New moon of Jupiter found“. SpaceFlight Now (University of Arizona News Release). Посетено на 23 јули 2009.
  8. MPS 7418 (Minor Planet Circulars Supplement); not available on-line
  9. MPEC 2000-Y16: S/1975 J 1 = S/2000 J 1, S/1999 J 1 2000-12-19 (откривање и ефемерида)
  10. IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon)
  11. „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 3 април 2009. Посетено на 23 јули 2009.
  12. „AstDys (136199) Eris Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на 16 март 2009.
  13. (привидна величина|5-ти корен од 100)^(20,7-(-2,8))=2,51 милијарди
  14. Grav, Tommy; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K. (2003). „Photometric survey of the irregular satellites“. Icarus. 166 (1): 33–45. arXiv:astro-ph/0301016. Bibcode:2003Icar..166...33G. doi:10.1016/j.icarus.2003.07.005. S2CID 7793999.
  15. „New Horizons Jupiter Encounter Timeline“. www.planetary.org.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]