Хан (народ)
Хан (Хан-Кинези или Ханци; кинески: 漢族, пинјин: Hànzú или 漢人, пинјин: Hànrén) — најбројниот народ во светот. Припаѓаат на жолтата раса, на монголската група на народи. Кинезите, во поширока смисла, зборуваат на кинески јазик, кој припаѓа на поголемата група наречена синотибетски јазици, но се состои од мандарински, кантонски и други јазици групирани во поширокиот поим.
Бројност
[уреди | уреди извор]Кинезите (Ханците) претставуваат најбројната етничка група на светот и нивната бројност е нешто повеќе од 1,3 милијарди луѓе. Според нивната бројност, Кинезите претставуваат 19% од вкупното светско население. Најмногу се население во НР Кина, каде што претставуваат 92% од вкупното население или 1,2 милијарди луѓе. Кинезите се мнозинство и во Тајван и Сингапур, а големи кинески заедници живеат и во Индонезија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, и во земјите во Индокинескиот полустров, источна и југоисточна Азија како и во сите западноевропски земји. Се проценува дека бројот на кинеската дијаспора се движи од 120 до 150 милиони луѓе.
Историја
[уреди | уреди извор]Кинезите се еден од најстарите светски народи, кој во континуитет опстојува со непроменет етнички лик повеќе од 9000 години. Нивните први населби кои датираат уште од неолитот, се пронајдени во големите долини на Хоангхо (Жолта Река) и Јангце. Основањето на Кинеското древно царство се смета дека се случило околу 2698 г.п.н.е. од првиот кинески цар Жолтиот цар (Хуангди). Од својата богата национална историја Кинезите го оставиле големиот Кинески Ѕид, кој бил изграден во времето на династијата Минг (а отпочнат уште многу порано) за одбрана од монголските напади од север, кој денес претставува симбол на Кина и едно од светските чуда.
Култура
[уреди | уреди извор]Кинезите кои себеси се нарекуваат и како потомци на змејот имаат една од светски најбогато развиените култури и цивилизации воопшто. Кинеската култура многу влијаела на светот пронаоѓајќи ги хартијата, барутот, компасот, пиротехниката уште во древните времиња. Препознатливо е за Кинезите е нивното кинеско писмо кое во минатото броело до 30.000 знаци, кое денеска е поедноставено. За своја национална боја Кинезите ја сметаат црвената боја. Надалеку во светот е и богато развиената древна кинеска филозофија предводена од кинеските филозфи Конфуциј и Лао Це, а покрај неа се познати и тесно поврзаните со неа медитациско-медицински вежби, боречки вештини, начини на уредување на просторот (светски познатото Фенг Шуи) итн. Како најпознат симбол на Кина и кинеската култура се смета и големиот Кинески Ѕид. Кинезите секоја година прославуваат и своја кинеска нова година (во февруари) која е дел од автентичноста на кинескиот народ.
Кинезите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Кинеско момче“ (англиски: China Boy) — џез композиција на Boutelja и Wilfree.[1]
- „Кинеска девојка“ (англиски: China girl) — песна на британскиот пејач Дејвид Боуви (David Bowie) од 1983 година.[2]
- „7 кинески браќа“ (англиски: 7 Chinese Brothers) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1984 година.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ La fisarmonica nell jazz, MJCD 1104, 1995.
- ↑ YouTube, DAVID BOWIE - CHINA GIRL (пристапено на 8.5.2017)
- ↑ DISCOGS, R.E.M. – Reckoning (пристапено на 19.8.2019)
|
|