Марица
Марица | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Егејско Море |
Должина | 515 км |
Особености на сливот | |
Марица (бугарски: Марица; грчки: Έβρος, Еврос; турски: Meriç, Мерич) — најдолга река во Тракија. Извира од Маричините Езера во Рила, тече на југоисток во Горнотракиската Низина и се влева во Егејското Море недалеку од градот Дедеагач. Долга е 515 км[1] и покрива површина од приближно 53.000 км2.[2]
По реката е наречен и округот Марица (Еврос) во областа Источна Македонија и Тракија, денес во Грција.
Во минатото Марица била пловна река од Белово надолу по течението, но во денешно време не е толку длабока, бидејќи доста брани ги задржаат водите на важните и притоки. На нејзините брегови се засноваат многу населби - сегашните градови Долна Бања, Костенец, Белово, Пазарџик, Пловдив, Димитровград, Симеоновград, Харманли, Љубимец, Свиленград, Одрин и др.
Марица е најмноговодната река во Бугарија и е со релативно константен проток. Нејзиниот водосборен базен опфаќа голем дел од јужна Бугарија, од Стара Планина до Родопите и од Рила до Сакар. Реката има околу 100 притоки. Водите и главно се користат за наводнување, а во долна и текот е изграден речен канал. При граничниот премин Капитан Андреевo реката Марица напушта територијата на Бугарија и поголемиот дел на долниот и тек ја дефинира границата меѓу Грција и Турција. Реката е пловнa за мали бродови од Едрене до устието и во Егејското Море.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Маричка битка
- Марица (округ)
- Марица (Сланица) — истоимена река во Негушко, Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Theodore D. Kanellopoulos, Vasilios Kapsimalis, Serafim E. Poulos, Michael O. Angelidis, Aristomenis P. Karageorgis, Kosmas Pavlopoulos: The influence of the Evros River on the recent sedimentation of the inner shelf of the NE Aegean Sea. in: Environmental geology. New York 2007. doi:10.1007/s00254-007-0754-2 ISSN 0943-0105
- ↑ „old.bluelink.net - Марица“. Архивирано од изворникот на 2013-06-26. Посетено на 2012-05-02.
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|